Формула 1 од Азербејџан воведува новитет


Формула 1 ќе воведе нова карактеристика оваа сезона, па ќе видиме „спринт шутаут“ трка во Азербејџан.

Таа ќе вози во сабота, но нема да има влијание врз редоследот на трката во недела, бидејќи квалификациите ќе се возат во петок.

Целта на оваа новина во оваа сезона во Формула 1 е возачите да бидат побрзи на оваа трка и да не се грижат за пласманот за трката во недела.

Овие правила беа усвоени за време на априлската пауза во календарот на Формула 1 и беа одобрени едногласно.

„Sprint Shootout“ ќе се одвива во три дела, SQ1 (12 минути), SQ2 (десет минути) и SQ3 (осум минути).