На Том Круз не му е дозволено слетување со хеликоптер на Арктикот – се снима 8. Невозможна мисија


Норвешка– Гувернерот на Свалбард, норвешка територија на 600 милји од Северниот Пол, одби да издаде дозвола за 30 слетувања на хеликоптери како дел од снимањето на осмиот дел од филмската франшиза „Mission: Impossible“ во која главната улога ја има Том Круз. Шефот на одделот за животна средина, Кристин Хегелунд, рече дека властите се обидуваат да […]

Потпишан анекс на Спогодбата меѓу Македонија и Франција за средните училишта со франкофонски двојазични паралелки


Министерот за образование и наука Јетон Шаќири и францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер, денеска потпишаа анекс на Спогодбата меѓу двете влади, што се однесува на средните училишта со франкофонски двојазични паралелки. Настанот беше во рамките на одбележувањето на Месецот на франкофонијата, во присуство на претставници на повеќе средни средни образовни установи, од неколку општини. На средбата […]

Народната банка на 23 и 24 март ќе биде домаќин на годишниот форум на „Виенската иницијатива“


Народната банка на 23 и 24 овој месец ќе биде домаќин на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“ ‒ меѓународна рамка за соработка за одржување на финансиската стабилност во регионот на Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈЕ). – Ова е еден од најголемите годишни собири во областа на финансиите во Европа, на кој сите релевантни чинители, […]

Венко Андоновски избран за дописен член на МАНУ


Професорот и писател Венко Андоновски одржа пристапно предавање во МАНУ пред академици, студенти, љубители на книжевноста на тема „Достоевски и Мекдоналдс“. Зборуваше за изложеноста на денешните книжевности на силен налет на глобализацијата, редефинирањето на поимот книжевност и наметнување на една нова естетика на бестселерот. Како што зборува професорот тој бестселер се сведува на тематски список […]

На Русите забрзано им снемува тенкови


  Недостигот од тенкови во Русија е полош отколку што претходно мислеа некои набљудувачи, бидејќи залихите на најбројниот руски тенк, Т-72 од времето на студената војна, брзо се намалуваат. Растечкиот недостиг на Т-72 објаснува зошто Русите сѐ повеќе ги пополнат своите новомобилизирани баталјони со застарени тенкови Т-62 и Т-80Б, анализира „Форбс“, главно врз основа на […]

Турскиот актер Озџан Дениз се венча со својата 23 години помлада девојка


Турција – Турскиот глумец Озџан Дениз (50) се ожени со модната дизајнерка Самар Дагдар. Тие деновиве се на меден месец во Дубаи, пренесуваат турските медиуми. Се запознале на почетокот на 2021 година, а се венчале на крајот на јануари годинава. Самар е дизајнерка од Иран, и е 23 години помлада од турската ТВ-ѕвезда. Глумецот, познат по повеќе […]

„А Zoo Called Earth“ – концерт за деца со оркестарот на Филхармонија


В сабота, во 12 часот, оркестарот на Македонска филхармонија ќе го одржи концертот за деца насловен „А Zoo Called Earth“. Диригент е Ангел Спировски, а како солисти ќе настапат пијанистките Ивана и Ана Мазнејкови. На програмата се „Карневал на животни“ од К. Сен-Санс и “А Zoo Called Earth” од П. Шикл. Режисерка е Тамара Стојаноска, аниматор е Бобан Алексоски, а визуелизација и анимацијата се на Иван […]

Тажно: Почина пред десет дена, а на Оскарите не го ни спомнаа


САД– Секоја година Академијата им оддава почит на истакнати филмски работници кои повеќе не се меѓу нас. Но, исто така, секоја година успеваат да изостават некои многу значајни имиња од светот на филмот од нивниот „In Memoriam“ дел од програмата, истакнуваат американските медиуми. Како што саркастично истакнаа, не грижете се, оваа година Академијата го претстави […]

Замрзнување на цените е поради непочитување на договореното со субвенционираната струја, вели Битиќи


Вицепремиерот Фатмир Битиќи за „Клан Дебата“, изјави дека замрзнување на цената на лебот и на други производи е резултат на неетичкото однесување на економските оператори. „Во октомври минатата година, по дискусија со производителите на храна, донесовме мерка за субвенционирањето на струјата што ќе спречи поскапување, но овој договор не беше испочитуван. Затоа сега ја имаме […]

Новото мартовско усогласување на пензиите изнесува 8,4 отсто


 Министерството за труд и социјална политика известува дека согласно одлуката на Владата на Република Северна Македонија од март 2022 година за новата методологија за усогласување на пензиите со мартовската исплата пензиите ќе се зголемат за 8,4%. Со Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување се  предвиде нов начин на усогласување на […]

„Папокот на светлината“ – промоции во Битола, во Куманово и во Штип


Ден по ден, оваа недела читателите низ Македонија ќе можат да се сретнат со Венко Андоновски на промоциите во Битола, во Куманово и во Штип. На 15 март, од 12 часот, во НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Битола, Винка Саздова ќе разговара со Венко Андоновски за сите прашања што ги покренува овој роман […]

Не помогнаа гаранциите на Бајден: Пад на акциите на банките во Азија и Европа по колапсот на Банката на Силиконската долина


Акциите на банките во светот паднаа и покрај уверувањата на американскиот претседател Џо Бајден дека американскиот финансиски систем е безбеден по колапсот на две американски банки, јави Би-Би-Си. Акциите паднаа откако властите презедоа мерки за заштита на депозитите на клиентите во Банката на Силиконската долина (СВБ) и Сигничер банката (СБ), се вели во синоќа објавениот […]

Неверојатниот Гвардиола уништи четири автомобили во Англија, вредат 520.000 евра


Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола отсекогаш важел за голем фудбалски стручњак и стратег, но затоа со години има проблеми зад воланот. Англиските медиуми откриваат дека шпанскиот тренер од моментот кога го презел Манчестер Сити удрил дури четири автомобили, а вредноста на овие „ѕверови“ е дури 523.000 евра. Пеп долго време беше движечката сила зад […]

Годишната инфлација во Грција намалена на 6,2 отсто, но цените на храната остануваат високи


Годишната инфлација во Грција во месец февруари дополнително се намалила и изнесува 6,1 отсто, намалување што се должи на цените на електричната енергија, бидејќи инфлацијата кај храната и прехранбените производи се зголеми за 14,8 отсто, објави грчката новинска агенција АНА-МПА. Инфлацијата во јануари годинава била седум проценти и 7,2 отсто во февруари 2022 година. Според АНА-МПА, […]

Тетово добива државен студентски дом за 300 студенти


Новиот студентски дом кој се гради за потребите на Универзитетот во Тетово се очекува да биде подготвен за прием на студенти идната академска година. Градежните работи се целосно завршени, а во моментов етапно се опремуваат собите и сите останати простории кои ќе им бидат на располагање на студентите што студираат или во иднина ќе одлучат […]

Претрес во Скопје, пронајден кокаин, приведени лица од Грчец и од Гевгелија


Денеска во Скопје, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи во координација со полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.О.(23) од с.Грчец, скопско и В.К. од Гевгелија. При претрес во домот во […]

На планетата ѝ се заканува „фосфогедон“


На нашата планета ѝ се заканува „фосфогедон“, предупредуваат научниците, изразувајќи стравувања дека злоупотребата на фосфор може да резултира со недостиг на фосфатни ѓубрива што би го нарушило производството на храна на глобално ниво. Прекумерната употреба на фосфор ги исцрпува резервите кои се клучни за глобалното производство на храна, а со тоа придонесува за климатската криза, […]

Кралска свадба: Се омажи ќерката на Ранија, принцезата Иман од Јордан


Јордан- Принцезата Иман од Јордан (26) ,  ќерка на кралицата Ранија и јорданскиот крал Абдула Втори се омажи за 28-годишниот бизнисмен Џамел Александар Термиотис  во Аман, Јордан. Невестата носеше неверојатна венчаница со долги ракави која имаше чипка на деколтето и крајот на ракавите. Нејзината коса беше во елегантна пунџа што ја покажа нејзината дијадема и […]

Мексиканскиот претседател изјави дека Мексико е побезбедна земја од САД


Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор изјави дека неговата земја е побезбедна од САД одговарајќи на критиките за безбедноста во Мексико, откако четворица Американци беа киднапирани во северниот дел на земјата претходно овој месец, а двајца од нив загинаа. – Мексико е побезбедна земја од САД. Нема проблем безбедно да се патува низ Мексико, рече […]

Почина бизнисменот Богдов, кој фабриката ја даде на вработените


При вечерната прошетка во центарот на Штип на Пешачкиот мост близу паркот Суитлак, околу 21 часот, паднал, веројатно откако доживеал срцев удар Ване Богдов, познат бизнисмен, долгогодишен сопственик на конфекцијата ВаБо. Речиси во истиот момент на местото се нашол студент по медицина од Турција, кој го реанимирал и успеал да му го поврати пулсот. Богдов […]