Тажно: Почина пред десет дена, а на Оскарите не го ни спомнаа


САД– Секоја година Академијата им оддава почит на истакнати филмски работници кои повеќе не се меѓу нас. Но, исто така, секоја година успеваат да изостават некои многу значајни имиња од светот на филмот од нивниот „In Memoriam“ дел од програмата, истакнуваат американските медиуми. Како што саркастично истакнаа, не грижете се, оваа година Академијата го претстави својот QR код на крајот од делот со посвети, кој ќе ги „однесе“ сите заинтересирани на официјалните страници. Таму се сите што ги загубивме во изминатата година, што не е баш исто како кога се оддава почит во ТВ програма во живо, пред бројни колеги, истакнуваат во Vulture.

Меѓу оние кои оваа година не беа вклучени во делот In Memoriam на Оскарите се актерката Ен Хеч, која глумеше во бројни филмови, како „Дони Браско“ и „Wag the Dog“. Не се споменуваше Том Сајзмор, кој почина неодамна, на 3 март, а е познат по улогата во легендарниот филм „Спасување на војникот Рајан“.

Не е спомнат ниту Пол Сорвино кој  глумеше во „Goodfellas“ и во култниот филм на Баз Лурман „Romeo + Juliet“. Долг е списокот на оние кои не се вклучени во ова последно збогување и почит.

Пример, Лесли Џордан, која глумеше во „Sordid Lives“ и „The United States vs. Billie Holiday“. Младата актерка од ЈАР Чарлби Дин, која блесна во филмот „Триаголник на тагата“, а ненадејно почина минатата година на само 32 години, исто така не беше вклучена во In Memoriam, иако нејзиниот филм се натпреваруваше во категоријата најдобар филм.

Во шоуто во живо, Лени Кравиц изведе верзија на неговата песна „Calling All Angels“, придружена само со пијано, откако Џон Траволта емотивно го најави делот, сеќавајќи се на неговата колешка од „Брилијантин“ Оливија Њутн-Џон. Таа беше заборавена на Еми наградите, лани.