Неверојатниот Гвардиола уништи четири автомобили во Англија, вредат 520.000 евра


Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола отсекогаш важел за голем фудбалски стручњак и стратег, но затоа со години има проблеми зад воланот.

Англиските медиуми откриваат дека шпанскиот тренер од моментот кога го презел Манчестер Сити удрил дури четири автомобили, а вредноста на овие „ѕверови“ е дури 523.000 евра.

Пеп долго време беше движечката сила зад Манчестер Сити, но неколку лекции зад воланот нема да се на одмет. Англиските медиуми пишуваат за неговите несреќи на британските патишта.

Од неговото доаѓање во Сити, Гвардиола удрил Mercedes GLE од 91.000 евра, Range Rover (170.000 евра), сребрениот Bentley GTX700 (227.000 евра) и Mini Cooper (35.000 евра).

Авторите Лу Мартин и Пол Балус во својата книга „Градот на Пеп: Создавањето супертим“ открија дека четвртиот автомобил што Гвардиола го купил е Мерцедес ГЛЕ, откако претходно удрил три скапи возила.

„Тој има репутација на несмасен возач од неговите денови во Барселона и ова е четврти автомобил што го поседува откако дојде во Манчестер. Неговите ретровизори не траат долго и успеа да стави бензин во дизел „ренџ ровер“. Тој исто така уништи сребрен „бентли“. Пеп е брилијантен во многу работи, но возењето не е едно од нив“, се наведува во книгата.

„Тој се бореше со патиштата во Манчестер и имаше бројни несреќи“, се додава во книгата за владеењето на Пеп во Манчестер Сити.