Штипскиот универзитет одбележува 16 години постоење


Под слоганот „Избери мудро, делувај храбро!“, Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип од денеска до 2 април ќе одбележува 16 години постоење и ќе организира свечена академија и низа други активности. Повеќедневната програма за чествувањето на патронатот на УГД ќе се фокусира на прашањето: „Што треба да значи еден универзитет за општеството во кое делува?“ По повод патронатот, […]

ЗНМ ќе ги додели годишните новинарски награди


 Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска на настан во Мала Станица (12.00) ќе ги додели годишните новинарски награди.   Ќе бидат доделени награди во три категории, за животно дело „Крсте Петков Мисирков“, за истражувачко новинарство „Јашар Еребара“ и за најдобро новинарско известување за теми од локално и регионално значење.

„Тетовирани импресии“ – ФДУ го чествува творештвото на Горан Стефановски


 Факултетот за драмски уметности (ФДУ) – Скопје го слави творештвото на драмскиот автор Горан Стефановски со едномесечна мултимедијална програма насловена „Тетовирани импресии“. Настаните од програмата ќе почнат денеска, на Светскиот ден на театарот, а ќе завршат на  27 април – денот на раѓањето на Стефановски. ФДУ е организатор на програмата во која ќе учествуваат негови […]

Облачно, попладне пороен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот ќе започне да дува силен ветер од северен правец кој ќе продолжи и во текот на ноќта што ќе услови на планините и […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 27 март 2023 година, 86-иот ден во годината. До крајот на годината остануваа 279 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 25 минути, а ќе зајде во 17 часот и 54 минути. Денов трае 12 часа и 29 минути. Месечината која е во фаза на последна четвртина нема да изгрее […]

Министерот за одбрана на Израел се побуни против судските реформи. Нетанјаху го разреши


  Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го разреши својот министер за одбрана, еден ден откако тој повика на едномесечна пауза во процесот на контроверзната судска реформа што владата сака да ја спроведе. „Премиерот Бенјамин Нетанјаху одлучи да го разреши министерот за одбрана Јоав Галант“, соопштија накратко од кабинетот на премиерот. Галант, член на истата десничарска партија, […]

Тренчевска: Дијалог за законот за родова еднаквост за да добиеме усогласено и квалитетно решение


Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска вели дека за предлог законот за родова еднаквост дијалогот продолжува се до оној момент кога, како што вели, ќе се добие конечно, усогласено и квалитетно решение, поткрепено со заштитни механизми, без правни празнини. Тренчевска во гостување на ТВ Сител вечерва појасни дека законот е работна верзија и […]

Во руски град експлодира дрон, ист како оној што падна во Загреб


  Руските медиуми објавија дека дошло до експлозија во градот Киреевск во руската област Тула, а две лица се ранети од шрапнели. Дронот експлодирал и се создал кратер, ја цитира руската агенција ТАСС надлежната руска служба. Според ТАСС , три лица се повредени и се здобиле со рани од шрапнели, пренесува Индекс. Руските безбедносни агенции […]

Дербито Вардар 1961 – Еурофарм Пелистер во сенка на инцидент: Наместо ракометарите, се пресметуваа навивачите


Дербито во Првата македонска ракометна лига меѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер го доби актуелниот ракометен првак со 31-24 (13-10 на полувремето), но натпреварот беше во сенка на инцидентот предизвикан од навивачки групи поради што имаше прекин поради сериозни инциденти предизвикани од навивачите.  Натпреварот беше прекинат во 17-тата минута при резултат од 6-6, откако гостински […]

Спасовски: Во тек се акции за сузбивање големи криминални групи


Токму борбата против трговијата со наркотични средства и трговијата со оружје е еден од приоритетите во борбата против организираниот криминал и кон тоа сме насочени целиот изминат период. Секако дека таа војна која ја води МВР заедно со јавните обвинителства резултира со многу случаи по кои не само што имаме детектирано, туку и разбиено криминални […]

Времено ќе се затвори преминот Неготино поради работи на пругата Велес-Гевгелија


Времено ќе биде затворен патниот премин Неготино, поради изведување работи на железничката пруга Велес-Гевгелија, информираше неготинскиот градоначалник Горан Стојанов. Тој соопшти дека во тек е ремонт на железничката пруга Велес-Гевгелија, делница Ногаевци-Неготино. Стојанов додаде дека во рамки на овој ремонт, се предвидува инсталација на гумени елементи на три патни премини на територија на општина Неготино. […]

Хари Потер ќе стане татко


  Британскиот актер Даниел Редклиф, кој го отелотвори Хари Потер во филмската франшиза заснована на серијата бестселери на Џ.К.Роулинг, го очекува своето прво дете со долгогодишната партнерка Ерин Дарк. Претставник на 33-годишниот актер ја потврди веста за новинската агенција ДПА во саботата. Редклиф и 38-годишната американска актерка за прв пат ќе станат родители, а сопругата […]

Зголемени ризиците за глобалната финансиска стабилност, вели директорката на ММФ


Директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева, во неделата изјави дека ризиците за финансиската стабилност се зголемени и повика на континуирана претпазливост, иако акциите на напредните економии го намалија стресот на пазарот. Шефицата на ММФ го повтори нејзиниот став дека 2023 година ќе биде уште една предизвикувачка година, со забавување на глобалниот раст на под […]

Мароко прв пат во историјата го совлада Бразил


Четвртопласираната репрезентацијата на последниот фудбалски Мундијал, Мароко, продолжи со импресивните настапи, совладувајќи го во пријателски натпревар Бразил со 2-1. Мароканците на саботниот дуел во Танжер поведоа во 29 минута, а Бразил го израмни резултатот во 67 минута со голот на Касемиро. Победата на Мароко ѝ ја донесе Сабири во 79 минута. Поразот ги продлабочи проблемите […]

Во Хрватска од денеска нема гранични контроли за авиолетови во рамки на Шенген


На аеродромите во Хрватска од денеска се укинати граничните контроли за патници на летови во рамки на Шенген зоната. На 1 јануари Хрватска стана членка на Шенген, со што ги укина контролите на внатрешните копнени и поморски граници. Примената на шенгенските правила на аеродромите од технички причини беше најавена за 26 март, кога почнува летниот […]

Истражување: Украинските бегалци се повеќе се цел на сексуална експлоатација


Украинските бегалци се повеќе се мета на сексуална експлоатација со зголемен интерес за порнографија која наводно прикажува бегалци од земјата разурната од војна, според истражувањето. Томсон Ројтерс спроведе истражување кое покажа дека украинските бегалци можат да бидат жртви и на трговците со луѓе на терен и на кибер-воајери. Истражувачите, анализирајќи го глобалниот сообраќај на интернет […]

Повредена 20-годишна скопјанка, се качила во автобус и паднала на коловоз


Дваесетгодишната Н.М. од Скопје се здобила со тешки телесни повреди, откако, според пријавата во полицијата, вчера на бул.„Христијан Тодоровски – Карпош“ се качила од задната врата во автобус на ЈСП Скопје и по придвижувањето на автобусот паднала на коловозот.  Повредите и биле констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.  -На 25.03.2023 во 07.20 часот било пријавено […]

Анкета на Детектор: Близу 60 отсто од граѓаните сметаат дека државава има неквалитетно образование


Близу 60 отсто од граѓаните сметаат дека државава има неквалитетно образование, покажува најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според истражувањето, 57,3 проценти од анкетираните кажале дека образованието не е квалитетно наспроти 35,6 отсто кои се убедени дека има квалитет. Споредбата со анкетата која ИПИС за Детектор […]

Помилувана Израелката која во ОАЕ беше осудена на смрт поради дрога


 Израелските власти денеска објавија дека Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) помилувале Израелка која првично беше осудена на смрт поради поседување дрога. Фида Кидван беше уапсена на почетокот на 2021 година со половина килограм кокаин, за кој тврдеше дека не и припаѓа, објавија израелските медиуми. ОАЕ, кои имаат строги закони за дрогата, подоцна смртната казна ја променија […]

Велика Британија: Иран повторно ја снабдува Русија со дронови


Британското Министерство за одбрана денеска соопшти дека има информации дека Иран испратил дополнително количество беспилотни летала во Русија, кои ги користи за напад на Украина. Британското министерство на својот Твитер профил објави наводи дека Иран испратил дронови-камикази Шахид во Москва. Во соопштението на министерството се вели дека од почетокот на овој месец Русија лансирала најмалку […]