Џоли го “фати“ Ротшилд


САД– Откако во 2016 година поднесе барање за развод од Бред Пит и му ја извади душата, Анџелина Џоли ретко се гледа во машко друштво. И додека Бред среќата ја најде со дизајнерката Инес де Рамон, Анџелина со години е сингл поради нејзините, како што вели, високи стандарди. Сепак, можно е конечно да најде некој […]

Омаж посветен на академик Влада Урошевиќ во рускиот град Долгопрудни


Омаж посветен на академик Влада Урошевиќ, македонски поет, прозен автор, критичар, есеист, антологичар и преведувач по повод неговото прогласување за добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2023 година и на наградата „Роман на годината“ на фондацијата „Славко Јаневски“, беше одржан во саботата во градот Долгопрудни во Московската област, организиран од Олга […]

Грчката претседателка во официјална посета на Србија


Грција– На покана на српскиот претседател Александар Вучиќ, претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу од денеска до среда е во официјална посета на Србија. Со српскиот претседател, во Белград, минатата седмица се сретна министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас.

РЕС ќе почне да снабдува државни и локални институции со поевтина електрична енергија


Фирмата за трговијата со електрична енергија РЕС (Renewable Energy Supply), во следниот период ќе го прошири своето работење со дел од државните и локалните институции, каде ќе даде поволни понуди за снабдување со електрична енергија. РЕС досега снабдуваше исклучиво компании од приватниот сектор, но со оглед на тешката ситуација во која се најдоа институциите поради високите сметки […]

Драма во Тирана: Нападната телевизија – убиен работник


Вработен во албанскиот канал „Топ чанел“ е убиен синоќа, откако непознати напаѓачи се обиделе да упаднат во зградата на оваа телевизија во Тирана. Недолго по нападот, кој се случил час по полноќ, на блискиот автопат било пронајдено е опожарено возило „ренџ ровер“, за кое постои сомневање дека сторителите го користеле за напад на канцелариите на […]

Ѓукановиќ: изборот е дали Црна Гора ќе биде покраина на голема Србија или европска земја


Претседателот на ДПС и претседателски кандидат на партијата на изборите, Мило Ѓукановиќ, на изборна трибина во Сутоморе изјави дека на овие избори се одлучува дали Црна Гора ќе биде, како што наведе, „провинција на голема Србија“, или ќе го продолжи патот по кој тргна, понатаму да се развива како организирана европска држава. Ѓукановиќ рече дека сите го виделе ефектот од владата во која во 2021 година работел […]

Дел од Кисела Вода денес без струја


Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека денеска (понеделник) без електрична енергија ќе останат: -Во периодот од 08.30 до 11.00 часот, ул. Христо Татарчев 1 бр 103 (позади Агрохемија) во (општина Кисела Вода ); – Во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од ул.Антон Димитров (122-126), Драчево (општина Кисела Вода )

Конте повеќе не е тренер на Тотенхем


Тотенхем на својата официјална веб-страница објави дека е прекината соработката со Антонио Конте. – Антонио Конте го напушти клубот со заедничка согласност. Му благодариме на Антонио за неговиот придонес и му посакуваме се најдобро во иднина, соопшти премиерлигашот од Лондон. Кристијан Стелини е назначен за в.д. селектор до крајот на сезоната. Рајан Мејсон ќе му […]

Опасен танц по жица на централните банки


  „Која ќе биде следната?“, прашува економистот Фолкер Виланд на форумот на ЕЦБ и ИТС Вочерс, одржан на Универзитетот во Франкфурт. Пропаѓањето на Банката на Силиконската долина можеби има други причини, но општата несигурност ја разниша и Кредит Свис, некогаш поим за банкарска стабилност.  Сите во преполната сала на Универзитетот очекуваат одговор од онаа која […]

Шест девојчиња загинаа во несреќа во Америка


 Шест девојчиња загинаа, а две лица се повредени во судир на два автомобили на меѓудржавен пат во американската држава Тенеси, соопштија локалните власти. Како што јавиja локлание медиуми, несреќата се случила во неделата рано наутро по локално време. На местото на несреќата шесте девојчиња биле пронајдени мртви и според првичните информации се на возраст од 1 до 18 години. Сите биле до […]

Маск го купи Твитер за 44 милијарди долари, а сега вреди помалку од 20 милијарди


Tвитер изгуби повеќе од половина од својата вредност во претходните шест месеци, односно откако Маск ја презеде сопственоста на компанијата. Маск во допис до вработените предложи дека Tвитер сега се проценува на помалку од 20 милијарди долари, што е значително помалку од 44 милијарди долари колку што Маск плати за купување на Tвитер во октомври […]

Германија парализирана: Градинките, училиштата затворени, возовите и авионите не сообраќаат


Генералниот еднодневен штрајк во транспортниот сектор во Германија целосно го парализираше железничкиот, воздушниот и поморскиот сообраќај. Штрајкуваат членовите на синдикатот на вработените во јавниот сектор „Верди“ и синдикатот на железничарите. Штрајкот го зафати целиот меѓуградски железнички сообраќај, речиси целиот градски сообраќај и повеќето аеродроми. Штрајкот го опфаќа и водениот сообраќај во Германија и автопатиштата. Синдикатите […]

Трамп: Ќе ја завршам војната во Украина за 24 часа


Поранешниот американски претседател и можен републикански претседателски кандидат Доналд Трамп им вети на своите гласачи дека ќе стави крај на војната во Украина во рок од 24 часа, доколку биде реизбран. Трамп рече дека рускиот претседател Владимир Путин почнал да распоредува војници на границата со Украина по „катастрофата“ со неговото „исфрлање од Белата куќа“, пренесува […]

Северна Кореја истрелала уште две балистички ракети со краток дострел


Северна Кореја денеска истрела две балистички ракети со краток дострел во морето, источно од нејзиниот брег, соопшти јужнокорејската војска. Ракетите биле истрелани од северната провинција Хвангае и прелетале околу 370 километри, соопшти Генералштабот на јужнокорејската армија. Ракетите најверојатно паднале пред јапонската ексклузивна економска зона, соопшти јапонската Влада. Британските медиуми наведуваат дека денешното лансирање ракети се […]

Жителите на Берлин на референдум ги отфрлија построгите климатски цели


Референдумот на кој жителите на Берлин вчера одлучуваа за тоа дали нивниот град треба да стане климатски неутрален до 2030 година не успеа, изјави градоначалничката Франциска Гифи. Таа мерка би ја натерала новата конзервативна локална влада да инвестира во обновливите извори на енергија, ефикасноста на зградите и јавниот транспорт. Доколку референдумот беше успешен, Берлин ќе […]

Француската премиерка ќе ја прими опозицијата, сака „смирување“


Во неделата што започнува на 3 април, француската премиерка Елизабет Борн ќе ги прими парламентарните групи и политичките партии, вклучително и опозицијата, како и претставници на компаниите за да ја „смири земјата“. Отворена е и можноста за средба со синдикатите и стопанските организации следната недела, додаде таа. Франција од 16 март ја тресат протести и […]

Зеленски: Цивилизираниот свет мора да ја запре војната во Украина уште годинава


 Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, ноќеска изјави дека завршувањето на војната во Украина веќе оваа година е заедничка задача на цивилизираниот свет. Зеленски во редовното ноќно видео обраќање до сонародниците кажа дека сега е многу важно секој што има влијание врз информациите да учествува во информативната работа, пренесе украинската агенција Униан. Украинскот претседател кажа дека тоа […]

Три години од членството во НАТО – свеченост во касарна „Илинден“ и средба со дипломатскиот кор


 Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска со почеток во 11:00 часот, ќе се одржи централна свеченост за одбележување на третата годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО. Најавени се обраќања на премиерот Димитар Ковачевски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот на Армијата генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски. Дел од свеченоста ќе бидат неколку […]

Продолженија на четири собраниски седници


Собранието денеска ќе одржи продолженија на четири седници, на 50-та, 79-тата, 86-тата и на 71-та. Од дневниот ред на 50 седница не е разгледана само една точка – Предлог законот за парнилната постапка во прво читање, а од 86-та се останати две точки – Предлог просторниот план на Националниот парк Пелистер 2016-2020 и Предлог законот […]

Бесплатна изведба на „Само глас“ во МНТ по повод Светскиот ден на театарот


Македонскиот народен театар соопшти дека по повод Светскиот ден на театарот – 27 Март публиката ќе има можност бесплатно да ја гледа претставата „Само глас“ од Нина Плавањац, во режија на Марјан Неќак. Во претставата играат првенците на МНТ – Звездана Ангеловска и Никола Ристановски, со снимен глас, како и балетанот Дејан Битровски. Пред почетокот […]