Драма во Тирана: Нападната телевизија – убиен работник


Вработен во албанскиот канал „Топ чанел“ е убиен синоќа, откако непознати напаѓачи се обиделе да упаднат во зградата на оваа телевизија во Тирана.

Недолго по нападот, кој се случил час по полноќ, на блискиот автопат било пронајдено е опожарено возило „ренџ ровер“, за кое постои сомневање дека сторителите го користеле за напад на канцелариите на телевизијата, објави „Албенијен пост“.

Убиен е 60-годишен работник, кој починал на пат кон болница откако бил погоден во телото.

Засега не е познат мотивот за нападот кој се случил на главниот влез на „Топ чанел“.

Во Тирана цела ноќ се трага по напаѓачите, а полицијата постави контролни пунктови низ градот.