ЗНМ ќе ги додели годишните новинарски награди


 Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска на настан во Мала Станица (12.00) ќе ги додели годишните новинарски награди.

 

Ќе бидат доделени награди во три категории, за животно дело „Крсте Петков Мисирков“, за истражувачко новинарство „Јашар Еребара“ и за најдобро новинарско известување за теми од локално и регионално значење.