Околу 300 таксисти не можат да работат поради бирократски проблеми со жолтите таблички


Околу 200 такси возила и повеќе од 300 такси возачи во главниот град не можат да работат поради бирократски проблеми со жолтите таблички кои тие мораат да го постават во своите возила. Таксистите велат дека не можат да добијат лиценца без жолти таблички, но и дека без лиценца не можат да ги добијат таквите таблички. […]

Јапонија останува посветена на поддршката на социо-екомскиот развој на Македонија, што е клучно за интегрирањето во ЕУ


Во овие тешки времиња, кога светот се соочува со голем предизвик за меѓународниот мир и поредок, Јапонија и Северна Македонија се залагаат и придонесуваат за промоција на основните заеднички вредности, како што се слободата, демократијата, човековите права и владеењето на правото, силно осудувајќи ги сите нехумани и сурови дејствија на војната. Ние ја поддржуваме Украина […]

Меси купи 35 златни ајфони за играчите и тренерите на Аргентина


Франција – Напаѓачот на ПСЖ и Аргентина, Лионел Меси купи 35 златни ајфони за играчите и тренерите на националниот тим. Бенџамин Лион, шеф на компанијата за уредување телефони „Indesign Gold“, рече: „Беше чест да му доставам 35 златни „iPhone 14“ на Меси. Ги нарача за соиграчите и стручниот штаб како подарок за победата во финалето на […]

Лажни се пријавите за бомби во 30 училишта во Скопје


Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави по добиените пораки на електронски адреси со закана за наводно поставена експлозивна направа во 30 училишта во Скопје и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни […]

Лазаров го објави списокот на ракометари за претстојните натпревари со репрезентацијата на Португалија


Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров денес го објави списокот на ракометари за претстојните натпревари против репрезентацијата на Португалија во рамки на квалификациите за Европското првенство 2024. На списокот на Лазаров се наоѓаат: голман: Никола Митревски, Мартин Томовски и Марко Кизиќ десен бек: Томислав Јагуриноски, Мартин Серафимов и Мартин Велковски пивот: Жарко Пешевски, Костадин […]

Одбиена нова молба на убиецот на Роберт Кенеди за пуштање од затвор


САД– Специјална комисија на американската сојузна држава Калифорнија вчера го одби новото барање за условно ослободување поднесено од Сирхан Сирхан, кој според пресудата, смртно го застрелал сенаторот Роберт Кенеди во 1968 година. Инаку, во август 2021 година, друга комисија даде зелено светло за негово ослободување, но во јануари следната година, гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом […]

Следува период на облачно време со повремени врнежи од дожд


 Во следниот период ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во сабота. Во недела попладне и во понеделник ќе има преодно стабилизирање на времето, а од вторник се очекуваат нови врнежи од дожд.  Како што информираат од УХМР, утре минималната температура ќе се движи во интервал од […]

Информатички вештак на „Софтвери“: Доказите „се многу чудни“


На предлог на одбраната, во Основниот кривичен суд Скопје во врска со случајот „Софтвери“ беше испитуван сведокот Мирослав Котевски, технички советник, вешто лице од областа на информатички технологии. Котевски претстави повеќе меѓународни документи според кои се врши дигитална форензика и зборуваше за методата на дигитални докази. Анализираше повеќе документи и нивните домеини. Според него, доказите […]

Државава ќе аплицира за изградба на регионален истражувачки центар за туморска терапија


 Северна Македонија ќе аплицира за изградба на истражувачки центар за туморска терапија и  биомедицински истражувања засновани на акцелератори на јонски зраци.  Во Скопје денеска се одржува состанок на Управниот комитет на Меѓународниот институт за одржливи технологии на Југоисточна Европа (SEEIIST) на кој се дискутира за добивање на овој капитален проект од областа на здравствената наука […]

ЗЕЛС ги повикува МВР и МОН да се реши проблемот со дојавите за бомби во училиштата


  ЗЕЛС апелира и го повикува МВР да преземе сериозни чекори за пронаоѓање на испраќачите на маил пораки за поставени бомби низ училиштата во Скопје и другите градови. Родителите повеќе не се должни и не можат да го издржат овој притисок кој секако е плод на неодговорно однесување на некои субјекти, но и е плод […]

Дебелината станува епидемија, и Македонија доби центар за нејзино лекување


  Во ГОБ „8 Септември“ денеска  беше отворен првиот Центар за менаџирање на дебелината (медицински обезноста) во рамките на државава. Во центарот че работат лекари од различна специјалност и  ќе се спроведува едукација на пациентите, регулирање на исхраната, за тие што имаат потреба  ќе се планира фармаколошката терапија, а за екстремно дебелите пациенти ќе се […]

Кои банани се поздрави, зрелите или зелените?


Бананите се исклучително здрави и ни обезбедуваат бројни состојки кои му се потребни на нашето тело за правилно функционирање. Некои ги сакаат кога се зрели, други и кога малку ќе потемнат, а има и такви кои ги јадат само кога се „зелени“. А од здравствената страна, колку е важна нивната „стадиум на зрелост“? Нутриционистот д-р […]

МНР ги осуди провокациите на ракометниот натпревар Партизан-Вардар во Белград 


  Министерството за надворешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден стапило во контакт со колегите од српското МНР, упатувајќи реакција со осуда „за провокативните навреди и пароли“ демонстрирани за време на ракометниот натпреварот во Белград меѓу „Партизан“ и „Вардар“ од страна на навивачката група на белградскиот клуб. – Со овие непријатни активности освен […]

Евакуирани вработените од зградата на Врховниот, Вишиот и Апелацискиот суд во Подгорица


Вработените во Врховниот, Вишиот и Апелацискиот суд во Подгорица денеска се евакуирани од зградата во која се сместени трите институции поради дојава за поставена бомба.  Од канцеларијата за односи со јавноста на Врховниот суд за подгоричкиот портал „Вијести“ изјавија дека полицијата која ја обезбедува зградата на трите судови добила дојава за наводно поставена експлозивна направа. […]

Русија умре – нема ни таква држава, ни таков народ


„Русија умре. Нема ни таква држава, ни таков народ“, пишува рускиот новинар Константин Егерт, а го пренесува бугарски „Дневник“. Според него, руското образовано општество беше поразено од режимот и Кремљ успеа да ги втурне Русите во политички сон. -Ништо не може да го разбуди општеството кое не сака да ја знае вистината. И ако дознае, […]

Хрватска планира да одлага радиоактивен отпад на границата со БиХ, тие реагираат


По информациите дека Хрватска на Трговска гора, која е 800 метри воздушна линија оддалечена од границата со Босна и Херцеговина, планира да одлага и медицински, индустрски, воен, научен и јавен отпад, стигна реакција од Министарството за надворешна трговија на БиХ. До нив не е стигната никаква официјална информација од Хрватска во врска со барањето за […]

Одлуката на пекарите е меч со две острици за нив


  Ретко која ситуација во македонското општество предизвика толку многу силни реакции во јавноста како настаните поврзани со лебот и неговата цена. Економистите ги спротиставија аргументите кои во голем број од аспектите се дијаметрално различни.  Дел од нив сметаат дека одлуката на Владата е оправдана но задоцнета, а други мислат дека таа е ад хок […]

Што кажаа министерките за култура на отворањето на изложбата на Лубарда во Скопје?


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и нејзината колешка, црногорската министерка за култура и медиуми, Маша Влаовиќ, синоќа во Музејот на современата уметност свечено ја отворија изложбата на дела од еден од најголемите уметници на 20 век, Петар Лубарда. Во присуство на голем број гости од јавниот и од политичкиот живот во земјава, министерката Костадиновска-Стојчевска рече […]

Вандализирана Малата сирена во Копенхаген, насликано руско знаме


  Малата сирена, симболот на Копенхаген, стана цел на вандализам во текот на ноќта, а непознати лица насликаа руско знаме на нејзината база. Данската полиција соопшти дека покренала истрага. Малата сирена, хероината на Ханс Кристијан Андерсен, се наоѓа на оддалечениот брег на пристаништето во Копенхаген и од 1913 година, кога е поставена, често е мета […]