Хрватска планира да одлага радиоактивен отпад на границата со БиХ, тие реагираат


По информациите дека Хрватска на Трговска гора, која е 800 метри воздушна линија оддалечена од границата со Босна и Херцеговина, планира да одлага и медицински, индустрски, воен, научен и јавен отпад, стигна реакција од Министарството за надворешна трговија на БиХ.

До нив не е стигната никаква официјална информација од Хрватска во врска со барањето за издавање упатства за содржината на студијата за влијанието на околината од центарот за згрижување радиоактивен отпад на Тгровска гора, изјави ресорниот министер Сташа Кошарац.

„Веднаш им наложив на правниот и експертскиот тим промптно и приоритетно да реагираат со цел заштита на интересите на граѓаните на Република Српска и Федерацијата БиХ. Барам од нив да одржат итна седница и во текот на денот да ги известат секретаријатите надлежни за конвенциите дека Хрватска на овој начин ги крши правата и не ги почитува интересите на БиХ“, порача Кошарац.

Итна реакција од министерството за надворешни работи

Тој побара и итна реакција од министерството за надворешни работи и истакна дека за новонастанатата ситуација го информирал и амбасадорот на БиХ во Хрватска, како и хрватскиот амбасадор во БиХ со кој побарал и состанок во најкраток можен рок.

Смета дека е недопустливо Хрватска да пласира во јавноста дезинформации дека ги известила сите надлежни институции во БиХ, а при тоа Министерството за надворешна трговија и економски односи да нема официјална информација.

Кошарац смета дека БиХ мора да реагира ако се знае дека Хрватска тврди дека во случајот Трговска гора нема да има прекугранично влијание.

Со програмата за одлагање радиоактивен отпад на Хрватска до 2060 година, локацијата на Тгровска гора кај Двор и касарната „Черкезовац“ веќе се одбрани за складирање радиоактивен отпад од низско и средно ниво од нуклеарната електрана „Кршко“ во Словенија.

Сопственоста над електраната ја делат Словенија и Хрватска (двете членки на ЕУ), па со тоа и сите работи поврзани со радиоактивниот отпад. Двете држави се обврзаа со договор дека хрватска до 2023 година ќе го преземе својот дел од радиоактивниот отпад, затоа што електраната „Кршко“ има обврска за тоа само до истекот на оваа година.

Иако, Словенците им понудија на Хрватите заедно да го градат одлагалиштето во близина на електраната, Хрватска одби, а како што велат стручњаците, поради високи трошоци. Затоа одлучено е отпадот да се пренесе во Хрватска, каде ќе се одлага заедно со останатиот нукеарен отпад.

Имено, Словенија има одобрение за одлагање на отпадот на 600 метри од самата електрана. таму има место за 990 бетонски контејнери, на длабочина од 55 метри. Тоа ѝ е понудено на Хрватска, но чини 194 милиони евра.

Словенија доби еколошка дозвола за нуклеарната електрана „Кршко3 на уште 20 години, што значи половина од радиоактивниот отпад за тој период ќе заврши на Двор во Хрватска, Така, на стотина метри од сливот на реката Уна тој отпад претставува опасност за околу 250.000 жители кои ќивеат по текот на реката.

Локацијата, тврдат во Хрватска, се барала 10 години, за да бидат исполнети сите стандарди.