ЗЕЛС ги повикува МВР и МОН да се реши проблемот со дојавите за бомби во училиштата


 

ЗЕЛС апелира и го повикува МВР да преземе сериозни чекори за пронаоѓање на испраќачите на маил пораки за поставени бомби низ училиштата во Скопје и другите градови.

Родителите повеќе не се должни и не можат да го издржат овој притисок кој секако е плод на неодговорно однесување на некои субјекти, но и е плод на неможноста на МВР да стави крај на оваа ерозија на системот, велат од таму.

Ова не е ситуација која се случува од пред неколку дена туку со месеци и претставува тортура за граѓаните.

– Како претседател на ЗЕЛС, го повикувам министерот Спасовски да ги заврши објаснувањата како не можат да ги најдат сторителите, бидејќи во системот и МВР и тој е поставен за министер токму да ги најде сторителите. Не поминува повеќе никакво објаснување бидејќи резултати од ниедна истрага нема. Ова е класична тортура на учениците, родителите, наставниците и на сите граѓани и мора да престане. Исто така, го повикувам Министерството за образование да најде начин наставата да продолжи и да се зафати сериозно со овој проблем бидејќи системот за онлајн настава не функционираше вчера, а не функцонира и денеска за некои училишта – вели Орце Ѓорѓиевски, кој од пред некое време е претседател на ЗЕЛС.

Ова е аматеризам на институциите што секојднево го гледаме и ни се случува.
Во име на родителите ве замолувам и барам да ставите крај на овој хаос! – додава тој.