Вандализирана Малата сирена во Копенхаген, насликано руско знаме


 

Малата сирена, симболот на Копенхаген, стана цел на вандализам во текот на ноќта, а непознати лица насликаа руско знаме на нејзината база.

Данската полиција соопшти дека покренала истрага.

Малата сирена, хероината на Ханс Кристијан Андерсен, се наоѓа на оддалечениот брег на пристаништето во Копенхаген и од 1913 година, кога е поставена, често е мета на вандализам.

Во 1964 година за прв пат бил обезглавен. Нејзината глава никогаш не била пронајдена.

Во 1998 година вандалите ѝ ја отсекоа главата по втор пат, за подоцна да ја вратат, додека во 2003 година малата сирена беше цел на експлозија.

Исто така, често е мета на графити или боја.