Екологисти од Охрид, Струга и Поградец незадоволни од поднесените извештаи до УНЕСКО за Охридскиот регион


Претставници на 17 еколошки невладини организации и граѓански иницијативи од Охрид, Струга и Поградец денеска на прес-конференција истакнаа дека поднесениот Извештај на Министерството за култура до УНЕСКО околу заштитата на културното и природното наследство на Охридскиот регион, не соодветствува со реалната состојба на терен. Според Никола Киселинов од туристичката асоцијација „Билјана“ од Охрид, овој Извештај […]

Запленети производи од Косово без документација во скопска Радуша


Во саботата, во 18.30  часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Рогачево при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода Ј.Л.(29) од с.Блаце, скопско.  Имено, на место викано „Радушки мост“, атар на с. Радуша, полициски службеници извршиле контрола во возило комбе „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, при […]

Врнежите добредојдени за земјоделството


Врнежите што ја зафатија земјава се добредојдени за земјоделството. Им годат на културите за пролетното будење, ја надополнуват влагата во почвата и овозможуваат подготовка на површините за садење, велат агрометеоролозите од УХМР. Според нив, и во следните денови под влијание на циклонска активност од запад времето се очекува да се задржи променливо со повремени врнежи […]

Локални врнежи од дожд утре во југозападните и јужните делови во државата


 Слаби локални врнежи од дожд ќе има утре во југозападните и јужните делови на државата. Минималната температура ќе се спушти до минус два степени, а максималната ќе достигне до 15 степени Целзиусови. Во Скопје минималната темепратура ќе се спушти до нула, а максималната ќе достигне 15 степени. Во среда и четврток времето ќе биде стабилно, […]

Од Диор до Пако Рабан – и улиците на Париз „мирисаат“ на скапи брендови (галерија)


Франција- Од славни личности до инфлуенсери и старлети- Париз изминатиов период, благодарејќи на Модната недела- беше центар на светската мода. Се одржаа вкупно 66 модни ревии со 41 презентација, сите за само една недела, која завршува утре. Парискиот уличен стил е поразновиден од кога било – од многу облеки посветени на луксузните модни куќи како […]

Последните дојави за бомби доаѓаат од адреси од Иран и Русија, вели Спасовски


  Ова е еден интензивен хибриден напад што ни се случува низ целата територија на земјата, при што беа зафатени околу 120 објекти, не само училиштата. Безбедносните служби активно работеа, безбедноста не беше загрозена но мораше да се постапува според упатствата. Направивме оперативен тим од различни институции кои учествуваат со свои експерти и бараме соодветни […]

Исчезнал внукот на Љубе Бошкоски


На социјалните мрежи вчера беше објавен апел за пронаоѓање на Самоил Костадиновски, внук на политичарот Љубе Бошкоски. На 26-годишниот Самоил, според сведочењата пред три дена му се губи трага кај амбасадата на Чешка Република во Скопје, а полицијата соопшти дека работи на расчистување на случајот.Сопругата на Бошкоски, Виолета за ММС ја потврди веста и раскажа […]

Голема победа на премиерката Каја Калас на изборите во Естонија


  Естонскaта премиерка Каја Калас извојува убедлива победа на парламентарните избори, што е триумф на еден од најпроукраинските гласови на ЕУ и НАТО. Либералната Реформска партија на Калас се најде на првото место на гласањето во неделата, освојувајќи 37 места од 101 во естонскиот парламент и ставајќи ја во пол-позиција да продолжи како премиер и […]

„Андреграунд“ на Кустурица во пет најдобри воени филмови од 90-тите


Филмот „Андреграунд“ на Емир Кустурица од 1995 година се најде на петтото место меѓу најдобрите воени филмови од деведесеттите, според познатиот американски портал „Мувивеб“, специјализиран за критики и преглед на достигнувањата на седмата уметност. Приказната инспирирана од драмата на Душан Ковачевиќ се најде во друштво на на филмовите „Сталинград“, „Тенката црвена линија“, „Животот е убав“, […]

Шојгу во Украина, ја надгледува обновата на Донбас


Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу ја посети областа на „руската операција“ во Украина со цел да ги надгледува работите за обнова на Донбас, соопшти денеска руската армија. Претходно во саботата, руската војска извести за посетата на Шојгу на „командно место“ на фронтот во источна Украина, во време кога се води битка за градот Бахмут. […]

Нов удар за Кредит Свис – еден од најголемите акционери го продаде целиот свој удел


  „Харис Асошиејтс“, еден од главните акционери на Кредит Свис, го продаде својот удел во швајцарската банка во текот на изминатите неколку месеци, изјави во неделата Дејвид Херо, потпретседател и главен инвестициски директор на активистичкиот инвеститор од Чикаго. Херо не ја откри причината за продажбата на уделот, но претходно изјави за Фајненшел тајмс дека „Харис“ […]

Крајна цел на „Отворен Балкан“ е да нема застанување при патувањата во регионот


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостувањето во ТВ24 кажа дека е важно што со иницијативата „Отворен Балкан“ државите што се членки се согласиле воопшто да нема застанување при патувањата. -Тоа е крајната цел. Да нема ниту еден полицаец, се изготвуваат софтверски решенија за таа контрола да се прави по електронски пат, тоа е […]

„Небо диво“ новата песна на Наталија Данаилова во денс ритам за повеќе среќа


„Небо диво“ е најновата песна на Наталија Данаилова за која беше продуциран и видео запис од страна на Ѓорѓи Вацев. Музиката и текстот за песната се на Весна Малинова, аранжманот на Илија Ќосевски. Данаилова македонската публика ја познава од повеќето талент шоуа и од учевството на македонските фестивали како Макфест 2021 година со песната „Не […]

Секоја четврта жена која работи во медиумите во Косово била сексуално нападната


  Секоја четврта жена која работи во медиумите во Косово вели дека била сексуално вознемирувана или нападната на работа, пишува весникот „Коха диторе“, според истражување на „Мирна промена“ („Peaceful Change“) за „Жените во медиумите“. Како што пренесува БТА, авторката на студијата, Дафина Халили, за програмата „60 минути“ на косовската национална телевизија КТВ изјави дека 27 отсто […]

Спилберг има своја теорија за НЛО: „Што ако сме ние, 500.000 години во иднината?“


  Во последните недели, американското небо беше исполнето со разни балони и други неидентификувани летечки објекти кои американската војска беше принудена да ги собори. Недостатокот на информации доведе до тоа многу љубопитни Американци да извлечат свои заклучоци за мистериозните објекти – вклучувајќи го и Стивен Спилберг. Во интервју за „The Late Show with Steven Colbert“, […]

Ѓоковиќ не доби дозвола и нема да игра во САД на турнирите во март


САД- Новак Ѓоковиќ и официјално нема да биде дел од турнејата во Соединетите Американски Држави, бидејќи не доби медицински исклучок, а невакцинираните странци не смеат да влезат во земјата до мај.  Потврда дека нема да заигра во САД дојде преку социјалните мрежи на турнирот Индијан Велс, бидејќи објавија дека Николос Басилашвили ќе го замени Србинот […]

Арсовска распиша оглас за приватните превозници, па најавува еколошки превоз


Побрз и поеколошки јавен превоз најавува градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, откако денеска беше објавен, по трет пат, конкурсот за приватните превозници.  – Она коешто го кажавме од самиот почеток, повикот којшто се објави првиот пат се објави и сега, во соработка со координативното тело на приватните превозници, е повик на којшто тие искажаа заинтересираност […]

TikTok се соочува со забрани и блокирања низ Европа


Европските влади, по примерот на САД,  воведуваат ограничувања на апликацијата за социјални медиуми TikTok во кинеска сопственост.Низ целиот блок, на владините министерства – особено на оние кои се вклучени во политиката за одбрана и безбедност – им е забрането да користат TikTok на владините уреди.Најтешкиот удар за платформата за социјални медиуми дојде кон крајот на […]

Пејачки, актерки, водителки, мис – Саемот на венчавки во Скопје како модна писта


В петок (10 март) од 17 часот во хотелот „Александар палас“ се отвора Саемот за венчавки или “Wedding Expo Skopje” во организација и реализација на магазинот Во Бело и Конгресен Сервисен Центар. Како што започнува секоја свадба со музика и првиот танц, така и манифестацијата од 20 часот ќе биде отворена со музички настап на […]

„Пејзаж на вознемиреност“ – изложба во МСУ


Изложбата „Пејзаж на вознемиреност (култура и уметност за идното коегзистирање со еколошките кризи и климатски промени)“ се однесува на климатските состојби и еколошки предизвици и ќе се отвори на 9 март, во 20 часот во Музејот на современата уметност – Скопје. Пејзажот на вознемиреност се однесува на промените во животната средина, кои генерираат ургентни состојби […]