Актерка, а го менува светот – Кејт Бланшет е Жена на годината на „Тајм“


САД- Американскиот „Тајм“ ја избра оскаровката Кејт Бланшет (53) меѓу 12 жени на годината  за 2023 , „извонредни лидери кои го користат својот глас за да се борат за порамноправен свет“. „Тајм“ го забележа брилијантниот портрет на Кејт Бланшет и на диригентката Лидија Тар и нејзината работа како амбасадор на добра волја на УНПО за бегалци. […]

Израел врие, сите против судските реформи на Нетанјаху


Сите поранешни команданти на израелските воздухопловни сили (ИАФ) денеска, во писмо до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант, ја изразија својата загриженост за напорите на владата радикално да ја ограничи моќта на судството во време на протести на пилотите и авионскиот персонал. „Со длабока загриженост ги следиме процесите што се случуваат […]

Поскапуваат горивата


Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) од полноќ се зголемуваат за 1,00 денар за литар, а  на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 0,50 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 82,50 денари, […]

Најскапиот лимон на светот се одгледува во Албанија


Најскапиот вид лимони во светот се одгледува во градот Љушња во средишна Албанија. Сортата „Citrus australasica“ е позната и под името „кавијар лимон“ или „прст лимон“ (‘caviar lime’, ‘finger lime’), потекнува од Австралија и се продава по 87 евра за килограм по нарачка во познатите ресторани во Европа, објави албанската радиотелевизија. Љушња е единствената област од ова […]

Приватните превозници ветуваат еколошки автобуси, од 210 сега, 25 се на метан


Сите возачи од приватниот градски превоз во Скопје ќе се пријават на јавниот оглас распишан од Градот денеска, а се надеваат дека до почетокот на следниот месец, приватните автобуси ќе се вратат на скопски улици. Најавува обновување на возниот парк, но и нов, подобрен возен ред. – Сите ние ќе се вратиме на работа. Сите […]

„Глумците пеат“ се враќа на 20 април во НОБ


Шоуто „Глумците пеат“ се враќа на сцена, соопшти на социјалните мрежи Маја Бабиќ, ќерка на неодамна починатиот актер Марин Бабиќ, кој беше идеен творец на манифестацијата. „Никогаш не ми било потешко да напишам статус и да ги одделам емоциите од работата. Ни остави аманет и знаевме дека мора да го исполниме. Затоа што ТОЈ толку […]

„Филтер лабел“ ја објави музиката од филмот „Балканот не е мртов“ на Александар Поповски


„Филтер лабел“ продолжува со објавување изданија од серијалот филмска и театарска музика создадена од еден од нашите најплодни и меѓународно најуспешни современи композитори, Кирил Џајковски. Од денеска, на сите дигитални сервиси е достапен албумот со оригиналната музика за филмот „Балканот не е мртов“ на Александар Поповски. Креативното партнерство на режисерот Поповски и композиторот Џајковски е […]

Скопскиот аеродром доби награда за квалитет на аеродромски услуги за 2022 година


Меѓународниот аеродром Скопје повторно ја доби наградата за квалитет на аеродромски услуги (Airport service quality award), овој пат за изминатата 2022 година, од страна на Меѓународниот совет на аеродроми (Airports council international world), информираат од ТАВ Македонија. Реномираната организација со седиште во Монтреал, Канада, денеска ги објави аеродромите добитници од сите континенти, региони и држави […]

Србија и Косово: 25 години од убиството на Адем Јашари


  Бесарта имаше 10 години кога српските сили ѝ го убија целото семејство. Таа е единствената преживеана од акцијата на специјалните единици на српската полиција, спроведена далеку од сите очи од 5 до 7 март 1998 година во селото Доњи Преказ во Косово, во првите недели од конфликтот меѓу безбедносните сили на Србија и вооружените […]

Јанчева: СДСМ поднесува Иницијатива за времено отстапување на Универзална сала на Владата


Денеска до претседателот на Советот на Град Скопје доставивме Барање за дополнување на дневниот ред за 26-тата седница на Советот.   Поднесуваме Иницијатива за времено отстапување на корисничкото право на објектот на Јавната установа Универзална сала од Град Скопје на Владата на Република Северна Македонија.   Реконструкцијата на Универзална сала повеќе од една година стои […]

Голем успех на вината на „Тиквеш“ на „Мундус вини” во Германија


  На пролетното издание на еден од најкредибилните вински натпревари во светот – „Mundus Vini“ 2023, вината на „Tikveš“ и „Tikveš Châteaux&Domainеs“ освоија една специјална награда, четири златни и две сребрени медали, во силна конкуренција на познати вински брендови од целиот свет. Највисоки оценки – златен медал и специјална награда „Најдобро црвено вино од Македонија“ […]

Остин: Падот на Бахмут не мора да значи дека Русите го смениле текот на борбата


Министерот за одбрана на Соединетите Американски Држави Лојд Остин денеска изјави дека источниот украински град Бахмут има повеќе симболично отколку оперативно значење и не мора да значи дека Москва ја вратила иницијативата на бојното поле. „Мислам дека тој (Бахмут) има повеќе симболична вредност отколку стратешка и оперативна вредност“, изјави Остин за време на неговата посета […]

Чевли како скапоцени камења- Роџер Вивие со нова колекција инспирирана од 50-тите


Франција– Кога станува збор за неговите презентации на Модната недела во Париз, креативниот директор на Роџер Вивие, Жерардо Фелони, е маестрален раскажувач. Во четвртокот во музејот на Латинска Америка, додека оркестарот ја свиреше темата „Белиот лотос“ долу, а оперските пејачи пееја за гостите горе, моделите кои станаа изведувачи во рингишпил покажаа проширена колекција на чевли […]

(Видео) Филм на „Нетфликс“ опишан како најстрашен: Повратив и добив напад на паника


Гледачите на „Нетфликс“ тврдат дека им било мака од сцените на филмот „Пад“ (“Fall”), а некои дури пишуваат дека тоа е најстрашниот филм што некогаш го гледале. Филмот е особено стресен за оние кои патат од страв од височина, а дури и „Нефликс“ на официјалниот Твитер ги предупредува гледачите на вознемирувачки сцени. „Речиси секоја сцена […]

Втора стартап конференција „Pitch. Match. Grow. Vol.2“ на 15 и 16 март во Скопје


PwC Северна Македонија по втор пат организира стартап конференција Pitch.Match.Grow. vol 2 што ќе се одржи на 15 и 16 март, во хотел Мериот во Скопје. Учесниците ќе можат да добијат корисни информации од прва рака и #StraightToThePoint насоки за: одржување на конкурентна предност на нивниот бизнис; можности за задржување на талентот во компанијата преку […]

Култниот Матерхорн ќе биде тргнат од пакувањето на Тоблероне


  Графичката лого-претстава од планинскиот врв Матерхорн наскоро ќе биде тргната од амбалажата на познатото Тоблероне бидејќи американскиот сопственик на компанијата дел од производството преселува надвор од Швајцарија, пишува Блумберг. За ова се шпекулираше уште во јуни минатата година, кога беше најавено дека дел од производството ќе биде префрлено во Словачка. Оваа одлука е во […]

Водата во Скопје безбедна за пиење и со добар квалитет


Водата во Скопје е безбедна за пиење и има добар квалитет, покажа неделниот лабораториски извештај. Од ЈП „Водовод и канализација“ во Скопје утрово го објавија неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата што го акредитира своето […]

„Читај ја Македонија!” – Олга Панкина со „женска“ литературна вечер во Москва


Олга Панкина, претседател на невладината организација „Македонски културен центар” во Москва, вчера во Библиотеката „А.Н. Толстој” во главниот град на Русија, организира литературната средба во рамките на неjзиниот проект „Читај ја Македонија!” коj успешно го реализира од 2014 година. Првиот дел на литературната средба, како што информира Панкина, му беше посветен на современото женско писмо […]

Левица ја оспори пред Уставен суд владината одлука за изградба на ветерни и фотоволтаични централи кај Студенчица


Левица поднесе иницијатива до Уставниот суд на Република Македонија, со која ја оспорува владинаta одлука за доделување на земјиште за изградба на ветерни и соларни електрани во зони на заштитено подрачје на изворите на Студенчица. -Ја известуваме јавноста дека партијата Левица поднесе иницијатива до Уставниот суд на Република Македонија, со која ја оспорува контроверзната владина […]

Климатските промени би можеле да ја чинат Германија до 900 милијарди евра до 2050 година


 Климатските промени би можеле да ја чинат Германија до 900 милијарди евра (957 милијарди долари) до 2050 година, покажа студија нарачана од владата чии резултати се објавени денеска. Германското Министерство за животна средина, заедно со Министерството за економија и заштита на климата, објави документ во кој се разгледани неколку сценарија од 2022 до 2050 година врз основа на различни нивоа на глобално затоплување. Најевтиниот […]