Франција: Трговците и владата се договорија за антиинфлациска кошничка


Француската влада постигна договор со водечките синџири на супермаркети за антиинфлациска кошничка, која сами ќе ја дефинираат за да ги намалат трошоците за основните прехранбени производи за граѓаните. Трговците на мало се согласија да им понудат на клиентите „најниски можни цени“ за период од три месеци за артикли што сами ќе ги изберат, рече Ле […]

Богатите Руси станаа уште побогати и покрај санкциите


Вкупното богатство на најбогатите Руси се зголемило за 10,4 милијарди долари од почетокот на оваа година и покрај санкциите на Западот, пишува Блумберг. Владимир Потанин, сопственик на рударскиот гигант „Норилск Никел“, води на ранг листата како најбогат руски бизнисмен, чие богатство се проценува на 28,5 милијарди долари. На второ место е Леонид Микелсон, косопственик на […]

Сопругата на Бакир Изетбеговиќ остана без магистерска титула, немало докази дека ги положила сите испити


Сенатот на Универзитетот во Сараево денеска донесе одлука со која на Себија Изетбеговиќ, сопруга на лидерот на СДА, Бакир Изетбеговиќ и директорка на Клиничкиот центар во Сараево и професорка на Медицинскиот факултет, и е одземена магистерската титула поради откриени незаконитости за време на магистерските студии. Ректорот на Универзитетот, Рифат Шкријељ, по седницата на Сенатот изјави […]

Конституиран Национален совет за извоз со кој ќе раководи Стопанската комора


 Во Стопанската комора на Северна Македонија денеска се одржа конститутивна седница на Националниот совет за извоз, кој ќе биде главен механизам за јавно-приватен дијалог каде ќе се третираат сите прашања поврзани со промоција и поддршка на извозот. Претседател на Советот е Бранко Азески, претседател на Стопанската комора, а во  членуваат и претставници на Владата, владини […]

Си Џинпинг: Приватните компании мора да бидат грижливи и да мислат за благосостојбата на сите Кинези


Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави денеска дека сака приватните компании да бидат богати, но и да бидат од корист на сите и да ја споделат одговорноста со државните претпријатија за добробит на сите Кинези. На состанокот зад затворени врати со владините советници кои го претставуваат бизнис секторот за време на годишната седница на парламентот, Си […]

Аријан Адеми потпиша за кинескиот Беижинг Гуан, договор вреден 9 милиони евра


Македонскиот репрезентативец и капитенот на Динамо Загреб, Аријан Адеми ставил потпис на тригодишен договор со кинескиот клуб Беижинг Гуан, вреден околу девет милиони евра. Новиот клуб на Адеми ги решил финансиските проблеми и долговите кон одредени играчи поради кои не смееја да реализираат нови трансфери, а нашиот репрезентативец ќе има загарантирана плата од три милиони […]

Новата аукција ја зголеми цената: Еврообврзницата 500 милиони евра со камата од 6,96 отсто


Македонија се задолжи на меѓународниот финансиски пазар со издавање на еврообврзница, деветта по ред до сега, во износ од 500 милиони евра со купонска каматна стапка од 6,96 отсто. Со другите трошоци, фактички каматата е 7,25 отсто. Рокот на отплата е четири години. Како што посочуваат од Министерствот за финансии, заинтересираноста на инвеститорите за деветата […]

Синдикатот на Клинички центар повикан на средба со министерот Фатмир Меџити


Синдикатот на Клинички центар, како што изјави потпретседателот Предраг Серафимовски, утре попладне е повикан на средба со новиот министер за здравство Фатмир Меџити.  – Се надеваме дека ќе наидеме на разбирање за да се потпише во најбрз можен рок договорот што го имавме со претходниот министер и со Фондот. Тие средства веќе се обезбедени, анексите […]

Си нарачале кујна по мерка, платиле капар 55.000 денари, кујна не добиле


СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.М.(30) од село Врапчиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 20.12.2022, пријавениот се договорил со лице од Тетово да му направи кујна, по што земал мерки и добил капар од  55.000 денари, но не ја испорачал нарачката. 

Бугарија уништува големо количество вакцини против Ковид-19 со истечен рок


Бугарските здравствени власти денеска објавија дека оваа година ќе бидат уништени 2,8 милиони дози вакцини против Ковид со поминат рок. Претходно, 2,3 милиони дози вакцини веќе беа уништени во земјата со најниска стапка на вакцинација во ЕУ. Министерот за здравство Асен Меџидиев рече дека Бугарија има премногу вакцини, слаб опфат со вакцинација и дека нема […]

Мицотакис го држел две години во фиока договорот за нова сигнализација на железницата


Европското јавно обвинителство  започнало истрага за договорот за надградба на сигналниот систем на грчките возови. Доколку системот беше функционален, оваа опрема можеше да ја спречи железничката несреќа на 28 февруари, во која загинаа повеќе од 50 луѓе. „Можам да потврдам дека навистина има тековна истрага, гледајќи исклучиво на можни штети врз финансиските интереси во ЕУ“, […]

Германските власти разоткриле руска хакерска банда


Германските власти разоткриле меѓународна хакерска банда која ги уценувала германските јавни институции, соопшти денеска Покраинската канцеларија за борба против криминалот при Федералната покраина Северна Рајна-Вестфалија. „Осомничените се руските државјани Игор Гаршин, Игор Турашев и Ирина З., против кои е распишана меѓународна потерница“, се вели во соопштението за печатот на Покраинската канцеларија. Во соопштението се посочува […]

Протестен марш на 8 март за правата на жените


Платформата за родова еднаквост на 8 март од 18 часот седми пат ќе организира марш во Скопје за да потсети на проблемите кои секојдневно ги имаат жените во земјава. Организаторите велат дека маршот ќе биде израз на „протест на колективната негрижа кон жените и девојките во секој поглед – од растечките стапки на насилство, фемицидите, […]

Британскиот претставник Стјуарт Пич во Скопје


  Стјуарт Пич, специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан ќе ја посети Македонија од 6 до  8 март. Пич доаѓа за да ја потврди котинуираната посветеност на Обединетото Кралство во зајакнувањето на стабилноста и просперитетот во регионот на Западен Балкан. Тој се сретнa со претседателот Стево Пендаровски, а ќе има средби и со премиерот […]

Преку проекти вредни над 80 милиони денари се подобрува животот на жителите во Куманово


Интензивно се работи на седум проекти во Куманово со буџети над 80 милиони денари наменети за подобар живот на кумановчани, беше заклучокот на министерот за локална самоуправа од денешната средба со градоначалникот Максим Димитриевски.  Министерот за локална самоуправа и градоначалникот денеска ги потпишаа договорите за проектите преку ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и […]

Жените во униформи да не бидат дискриминирани или омаловажувани


Родовата еднаквост е од суштинско значење за искористување на потенцијалот на целото општество, а не само на 50 отсто од него. Остварувањето на правата на жените се инструмент за економски раст и благосостојба, додека врската помеѓу зајакнувањето на жените и мирот и безбедноста се сржта на безбедноста агенда. Заедно да ги рушиме стереотипите кои се […]

„Живот поминат низ  премрежја…“ – промоција на книга на Емине Адеми на 8 Март


Емине Адеми (Охрид, 1934), истакната новинарка во пензија, која и на 88 години е многу активна на полето на образованието, медиумите, политиката и невладините организации, со 30-годишна кариера во Турската програма на радио Скопје, в среда (8 март) во Бизнис центарот на Халк банка, во 11 часот, ќе ја промовира книгата  „Живот поминат низ  премрежја […]

Училиштето не смее да биде место што предизвикува паника – бомбите стивнаа


Училиштето никогаш не смее да биде место што предизвикува страв и несигурност кај децата. Тоа треба да биде место коешто на децата им обезбедува безбедна средина за учење за да можат непречено да учат и да се образуваат е ставот на УНИЦЕФ по повеќемесочните дојави за поставени експлозивни направи во училишните објекти, што „Независен“ го […]

Семејството на умреното деветмесечно бебе живеело во добри услови


 Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска истакна дека по извршениот увид од страна на стручниот тим од Центарот за социјални работи утврдено е дека семејството на деветмесечното бебе кое почина вчера од туберкулоза живее во добри и дека тие не се корисници на социјална помош или детска заштита. Таа информира дека Народниот […]