Демонстранти во Тбилиси кои беа приведени поради административни прекршоци се пуштени на слобода


Сите демонстранти приведени во текот на протестите на 7 и 8 март во Тбилиси поради административни прекршоци се пуштени на слобода, соопшти Министерството за внатрешни работи на Грузија. Во соопштението се наведува дека некои од уапсените се судски процесуирани, додека останатите се ослободени по истекот на притворот согласно законот. Министерството напоменува дека продолжува со идентификација […]

„Ековита“ ќе врши мониторинг на остварување на изборни ветувања на градоначалникот на Неготино


Здружението на граѓани „Ековита“ во рамки на проектот „Еко Лупа“, во наредниот период ќе спроведува активности за мониторирање, на степенот на остварување на дадените изборни ветувања на градоначалникот Горан Стојанов, при што ќе бидат консултирани и граѓаните на општината Неготино. За ова вечерва информираа од ова регионално здружение. – Мониторирањето на степенот на спроведување на […]

Прв пораз за македонските ракометари во квалификациите за ЕП 2024


Македонската ракометна репрезентација вечерва загуби од Португалија со 23:29 (11:14 полувреме). Поразот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ за избраниците на селекторот Кирил Лазаров е прв во квалификациската Група-1 за пласман на Европското првенство 2024. Гостите од Португалија во Скопје дојдоа како фаворити и ја оправдаа таа улога, иако и „црвено-жолтите“ имаа свои моменти па и […]

Антикорупциската комисија отвара предмет за изградбата на автопатиштата


Државната комисија за спречување на корупцијата отвара предмет за надзорот на изградбата на автопатиштата на коридорите 8 и 10 што го доби компанијата ИРД, а како подизведувачи се избрани уште три компании. Според ДКСК, треба да се проверат информациите пласирани во медиумите дека фирмата „Ептиса“, која е една од подизведувачите, имала забрана од државата за […]

Обвинителството бара притвор од 48 часа за две лица осомничени за „грабнување“ на внукот на Љубе Бошкоски


Основното јавно обвинителство Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен притвор во траење од 48 часа за две лица за кои постои сомнение дека учествувале во кривично дело „грабнување“ на Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошкоски. – Основното јавно обвинителство Скопје до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје денеска достави предлог за […]

Белорусија воведе смртна казна за велепредавство


Белорускиот претседател Александар Лукашенко денес го потпиша законот што овозможува примена на смртна казна врз службеници и припадници на вооружените сили осудени за велепредавство, соопшти кабинетот на шефот на државата. Белорусија, која е земја близок сојузник на Русија, е единствената во Европа што сè уште ја применува смртната казна. Досега смртната казна се применуваше за […]

Русија ја нападна Украина и со ракети „Кинжал“. Колку е моќно ова оружје?


  Кога Русија во четвртокот наутро лансираше вкупно 81 ракети врз големите градови низ Украина, тоа вклучуваше шест балистички ракети „Кинжал“ кои ја избегнаа противвоздушната одбрана на Киев, соопшти украинската војска. „Нападот е навистина голем и за прв пат користи толку различни видови ракети. Гледаме дека овој пат беа употребени дури шест ракети ‘Кинжал’“, изјави […]

Централна Италија ја стресе земјотрес од 4,6 степени според Рихтер


Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала денеска во 16 часот и 5 минути ја погоди Италија, пренесе АНСА. Епицентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), бил четири километри оддалечен од градот Умбертид. ЕМСЦ, исто така, посочи дека епицентарот на ударот бил на длабочина од десет километри. Засега нема информации […]

АД ЕСМ: Блок 3 на РЕК Битола попладнево ќе биде исклучен од мрежа


АД ЕСМ информира дека Блок 3 на РЕК Битола попладнево ќе биде исклучен заради сервисни активности на опремата во постројката. Санацијата треба да заврши до недела. -Интервенцијата се реализира во период кога временските услови и производствениот план на АД ЕСМ го дозволуваат тоа. Планирано е санацијата да заврши до недела, по што РЕК Битола ќе продолжи […]

Од утре и макароните, шпагетите, белото сирење, млекото… одат под мраз


  Од утре ќе бидат замрзнати цените на тестенините и на млечните производи, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Со одлуката ќе бидат опфатени макароните, шпагетите, белото сирење, млекото, урдата… Според Бектеши, тестенините ќе поевтинат за најмалку десет проценти, додека во однос на млечните производи ќе се причека производителите до утре да се подготват […]

Софија одлучи да го премести Споменикот на советската армија


  Во Софија беше направен еден голем чекор за прекинување на некои од врските со Москва. Мнозинството од софискиот општински совет денеска одлучи Споменикот на советската армија во Софија да се премести и да биде изложен во музеј. Против беа советниците од БСП, а воздржан беше еден од Патриоти за Софија. Одлуката се заснова на […]

Кенди Далфер на 8 април во Филхармонија – време е за врвен фанк и смут џез


„Авалон продукција“ најавува фуриозен спектакл со маестралната џез – фанк саксофонистка Candy Dulfer на 8 април во  Скопје. Далфер ќе биде придружувана од вкупно 9 врвни музичари на сцената на Македонската Филхармонија. Заедно со својот бенд,  номинираната за „Греми“ саксофонистка, на Скопје ќе му приреди, од една страна – ексклузивен и интимен концерт (благодарение на […]

Кристина Марабјан за „Независен“ од Грузија: Не сакаме повторно да бидеме СССР


  Кристина Марабјан, новинар во Jnews.ge, специјално за „Независен“ зборува за политичката ситуација во Грузија по масовните протести против законот за  „странски агенти“ што ги крена на нозе прозападните сили во земјата. Според известувачите од Тбилиси ваков број на демонстранти не е виден досега, што ја принуди владата да го повлече контроверзниот закон кој можеше […]

Ракометарките на Ѓорче Петров со титула се враќаат од Косово


Македонскиот ракометен шампион Ѓорче Петров освои титула во Ѓаковица, откако ракометарките беа подобри од младинската селекција на Бугарија во финалето со 47-27. Женскиот тим на Ѓорче Петров најпрво беше подобар од домаќинот Шќипоња со 47-18, по што следеше уште еден неверојатен меч против младите Бугарки (47-27). Ангела Јанкуловска беше прогласена за најдобра ракометарка на турнирот.

Тројца рудари загинаа во хаварија во шпански рудник


Тројца рудари денеска загинаа во хаварија во рудник за поташ (сол) во североисточна Шпанија, соопшти регионалниот синдикат на УСОК. Хаваријата во рудникот во градот Сурија се случила непосредно пред 9 часот по локално време, на околу 900 метри под земја, соопштија пожарникарите, без да дадат повеќе детали. „Сакаме да изразиме длабоко сочувство до семејствата на […]

Бесими уверува дека еврообврзницата нема да не чини поскапо од онаа што не беше издадена


  Министерот за финансии Фатмир Бесими уверува дека новата еврообврзница нема да не чини поскапо од онаа што не беше издадена поради административните процедури односно поради тоа што се чекаше потпис од новиот министер за правда. Со цел да не се повтори истата ситуација, Бесими најавува законски измени. – Во услови на инфлација што од […]

26. Моден викенд во Скопје: Спој на италијански и домашен гламур


Моден викенд Скопје  со оправдано уверување дека модата е уметност, повеќе од две децении го организира престижниот моден настан кој оваа година од 9 до 11 март по 26 пат ќе се случи на нова локација и со нов концепт. Мотото на 26-то издание на FWSK е “Јазикот на етиката и дизајнот”, локацијата ќе биде […]

Унгарија испраќа нови полициски единици во Македонија и Србија


Со цел да се спречи влез на илегални мигранти на територијата на Европската Унија, унгарската полиција испраќа нови полициски единици во Северна Македонија и Србија, односно по 30 полицајци во двете земји. Од унгарската полиција велат дека со ова ги поддржуваат активностите поврзани со чување на границите на земјите од Западен Балкан. На веб-страницата на […]

Кина најави дека војната во Украина ќе заврши во летото 2023


  Војната во Украина ќе заврши во летото 2023 година, бидејќи и Москва и Киев се блиску до снемување на економските опции за нејзино продолжување. Овој заклучок е содржан во затворениот извештај на Кинеската академија за воени науки, кој му бил претставен на раководството во Пекинг на почетокот на 2023 година, пишува „Никеи“, цитирајќи извори […]

Понудена помош за студентите од Турција кои доаѓаат од земјотресното подрачје


Министерството за образование и наука и Владата ќе им помогнат на студентите од погодените подрачја од земјотресите во Турција кои студираат на универзитетите во нашата земја, со цел полесно да го надминат тешкиот период во кој се наоѓаат поради огромните човечки и материјални загуби во своите родни места. Веќе им понудивме привремено бесплатно сместување и […]