И германските спасувачки тимови од безбедносни причини привремено ги запираат своите операции во Турција


 Германската Федерална служба за техничка помош (германска служба за итни случаи) и германскиот огранок на хуманитарната организација Меѓународна советодавна група за пребарување и спасување (ИСАР) привремено ги прекинуваат спасувачките операции во турскиот округ Хатај погоден од земјотресот од безбедносни причини, јави ДПА. Безбедносната ситуација во јужната област Хатај се влоши во последните часови, соопштија денеска […]

Министерството за одбрана и Армијата испратија шлепер со хуманитарна помош кон Турција


Согласно Владината одлука за хуманитарна помош во материјални средства за Република Турција, Министерството за одбрана и Армијата денеска испратија шлепер со хуманитарна помош која се состои од 5.000 ќебиња и 200 санитетски носилки за прва помош. Пакувањето и транспортот на хуманитарната помош се реализирани во соработка со Македонско-Турската стопанска комора.  Пратката ќе биде доставена до […]

Како Турција ѝ помагаше на Македонија кога беше најтешко


  Во ова време кога Турција, осведочениот пријател на нашата земја, ја задеси невидена трагедија во која конечниот број на жртвите се уште не се знае, пресудна е помошта која што им се праќа на настраданите во катастрофалните земјотреси. Македонија веќе испрати неколку спасувачки тимови кои сесрдно помагат во спасувањето на преживеаните и во извлекувањето […]

Се реконструираат улици во населбата 11 Октомври во општина Кисела Вода


Од утрово се реконструираат улици во населбата 11 Октомври. Општина Кисела Вода соопшти дека нов асфалт ќе добијат улици на кои немало никаков зафат 60 години, а се користат интензивно бидејќи се во централното и најгусто населено јадро на општината. -Асфалтирани ќе бидат улицата „Ѓорѓи Сугаре” со сите нејзини краци и кракот на улицата „Михаил […]

Курти му потврдил на Шоле дека е подготвен да се сретне со Вучиќ


 Косовскиот премиер Албин Курти во телефонски разговор му потврдил на советникот на американскиот Стејт департмент Дерек Шоле дека е подготвен за следните средби на високо политичко ниво во рамки на дијалогот меѓу Белград и Приштина, соопшти денеска косовската Влада. „Премиерот на Косово, Албин Курти, вчера имаше телефонски разговор со високиот советник на американскиот Стејт департмент, […]

Австриската армија времено ги прекина спасувачките операции во Турција


Австриската војска утринава времено ги суспендираше спасувачките операции во Турција, повикувајќи се на тамошната „безбедносна ситуација“ по силниот земјотрес во кој загинаа повеќе од 24.000 луѓе во Турција и Сирија, јави ДПА. – Имаше напади од одредени групи врз други групи, изјави портпаролот на австриската армија во Виена, без да даде повеќе детали. Осумдесет и […]

Над 500 илјади повици примени преку бројот Е – 112, реални по кои е постапено 160 илјади


Минатата година преку бројот за итни повици Е- 112 се примени над 500 илјади повици. Од нив, само 160 илјади или 31,5 проценти се реални појдовни повици по кои е постапено, односно биле неопходно оправдани операторите на Центарот за управување со кризи да ги проследат. Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов по […]

Пендаровски со семејството донираше за настраданите во Турција и Сирија


Претседателот Стево Пендаровски заедно со неговото семејство денеска донираа храна, средства за хигиена и облека за настраданите лица од земјотресите во Турција и Сирија. -Во овие тешки денови, хуманоста и солидарноста што ја покажаа нашите граѓани е за секоја почит, порача претседателот. Вчера беше соопштено дека Македонија преку донаторските телефонските линии и од Фондот на […]

Сè е срамнето со земја – само една зграда стои


  Градот Караманмарас, на југот на Турција беше погоден од силните земјотреси, а фотографиите од уништените објекти се вртат по сите медиуми. Повеќе од 24.000 луѓе загинаа во земјотресот, а повеќе од 80.000 се повредени, додека уште се трага по многумина. И додека зградите се уриваа како домино, една зграда остана потполно недопрена. „Една зграда […]

Ќе се реконструираат домот на културата, музејот и општинската зграда во Виница


Општинската зграда, Домот на културата „Тошо Арсов“ и музејот „Теракота“ во Виница ќе добијат термоефикасна фасада, подобрен пристап и проширување на просторот за извршување на дејностите, во рамки на проектот за нивна реконструкција и адаптација. Носител на проектот „Енергетски ефикасен, пристапен и достапен објект за сите – Општина Виница“ е Центарот за развој на Источниот […]

Почина жената која беше спасена во Турција по 100 часа поминати под урнатините


Жената која беше извлечена од урнатините од тим германски спасувачи 100 часа по разорниот земјотрес во Кирхан, Турција, почина денеска како последица на повредите, соопшти германска невладина организација. „Зејнеп почина синоќа. Таа вчера беше спасена од нејзината урната куќа повеќе од 100 часа по разорниот земјотрес“, напиша во порака на Твитер невладината организација „ISAR Germany“. […]

Манчини загрижен, само двајца Италијанци меѓу најдобрите стрелци во Серија А


Италијанскиот фудбалски селектор Роберто Манчини, чија репрезентација идниот месец ги почнува евроквалификациите во група со Англија, Македонија, Украина и Малта, е загрижен поради податокот дека меѓу 20. најдобри стрелци сезонава во Серија А има само двајца Италијанци, пренесуваат локалните медиуми. Единствените двајца домашни фудбалери во италијанското првенство меѓу најдобрите стрелци се фудбалерите на Лацио, Матија Закањи и […]

Расте ривалството меѓу „Вагнер“ и руското Министерство за одбрана, тврдат Британците


Британското Министерство за одбрана утринава во својот разузнавачки извештај наведува дека клучен фактор за наводниот крај на кампањата на руската платеничка група за регрутирање затвореници најверојатно ќе биде „сè подиректно ривалство меѓу руското Министерство за одбрана и Вагнер“. Основачот на Вагнер, Евгениј Пригожин, во четвртокот изјави дека групата „целосно престанала“ да регрутира затвореници за да […]

Поради прекин на соработката со рапер, Адидас би можел да биде „потенок“ за 700 милиони евра


Адидас предупреди на огромно потенцијално влијание врз нејзината крајна добивка откако го прекина партнерството со американскиот рапер и моден дизајнер Канје Вест минатиот ноември. Новиот шеф на компанијата рече дека Адидас може да изгуби стотици милиони долари оваа година ако компанијата одлучи да не ги продаде залихите на патики Yeezy. Гигантот за спортска опрема ги […]

Нацрт-резолуција на ОН повикува на мир во Украина, гарантирајќи го нејзиниот суверенитет, независност и територијален интегритет


Поддржувачите на Киев предлагаат резолуција што ќе треба да биде  усвоена од 193-членото Генерално собрание на ОН во пресрет на првата годишнина од руската инвазија на Украина, а во која се нагласува потребата од мир кој гарантира „суверенитет, независност, единство и територијален интегритет“ на Украина. Нацртот, во кој имал увид АП, е насловен како „Принципи кои лежат […]

Концерт „Пијан Славеј“ на сцената во битолскиот театар


Националната установа Народен театар-Битола е домаќин на уметникот Бранислав Николов од бендот „Фолтин“ чиј самостоен проект „Пијан Славеј“, нова македонска шансона, ќе биде изведен на сцената на овој театар. Во проектот „Пијан Славеј“, заедно со Николов ќе настапат уметниците Пеце Трајковски, Славчо Јовев и Андреа Мирческа и тој претставува директен обид да се креира една нова македонска шансона, […]

Ангеловска-Бежоска: Геополитички тензии и долгорочни макроекономски предизвици


Тековните геополитички случувања може да имаат долгорочни последици врз глобализацијата, а тоа неповолно да се одрази особено на помалку развиените економии, истакна гувернерката  Анита Ангеловска-Бежоска која ги водеше дискусиите на панелот „Геополитички тензии и долгорочни макроекономски предизвици“ на конференцијата на високо ниво „Макроекономски предизвици во свет со геополитички тензии, висока инфлација и нееднаквост“, во организација на централната банка на Холандија. […]

По соборувањето на балонот, САД додадоа шест кинески компании на „црната листа“


– Официјален Вашингтон додаде шест кинески фирми на својата црна листа по соборувањето на балонот што прелета над САД опремен со алатки за шпионажа, и на санкционираните фирми им забрани пристап до американска технологија и стоки без дозвола. „Кинеската употреба на балони кои летаат високо го нарушува нашиот суверенитет и ја загрозува националната безбедност на […]

Собранието го прими предлогот за реконструкција на Владата и треба да закаже седница


 Од Собранието потврдија дека во нивната архива е примен Предлогот за реконструкција на Владата испратен од премиерот Димитар Ковачевски. -Премиерот го достави предлогот за реконструкција на Владата и е примена од нашата архива. Кој ден ќе биде на седница, односно кога претседателот на Собранието ќе ја свика, ќе информираме дополнително, велат од собраниската прес-служба.  Предлогот […]

Две сестри од Кавадарци осомничени за трговија со дрога, одреден им е куќен притвор


 Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две сестри, на возраст од 26 и 28 години, осомничени дека се соизвршителки во кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот […]