Зошто сè повеќе непушачи заболуваат од рак на белите дробови?


Ракот на белите дробови е водечка причина за смрт од рак кај жените, а податоците покажуваат дека повеќе жени умираат од овој тип на рак отколку од рак на дојка, јајчници и дебелото црево. Американското здружение за бели дробови наведува дека стапките на рак на белите дробови се зголемиле за 79 отсто кај женската популација […]

„Google maps“ добиваат импресивно 3D искуство за пет градови


Функцијата „Immersive View“ која прв пат е претставена минатата година, сега ќе биде достапна за „Google maps“ во пет градови ширум светот. „Immersive View“ комбинира милијарди „Street View“ снимки од воздух, овозможувајќи им на корисниците да го гледаат квартовите како да летаат над нив, а потоа можат да се спуштат до ниво на улицата за […]

По 35 години отворен граничен премин: Камиони со помош од Ерменија пристигнаа во Турција


Граничниот премин меѓу Ерменија и Турција беше отворен денеска за прв пат по 35 години за да се овозможи хуманитарна помош, изјави турски официјален претставник, пренесува Франс прес. Пет камиони со помош, вклучувајќи храна, вода и лекови, пристигнаа во Турција од граничниот премин Аликан, објави на Твитер Сердар Килич, специјалниот претставник на Турција за дијалог […]

Албанија и во јануари бележи благ пад на инфлацијата


Трет месец по ред нивото на инфлација во Албанија бележи благо опаѓање. Според податоците на државниот Институт за статистка, ИНСТАТ, нивото на инфлација, минатиот месец изнесувала 7,1 отсто, следејќи го трендот на намалување, од 7,4 отсто колку што беше во декември, односно 7,9 во ноември. -Текот на овој показател се чини дека е диктиран од состојбата во […]

Русите мора да го заземат Бахмут, но не сме ни блиску до тоа, вели шефот на Вагнер


– Евгениј Пригожин, сопственик на платеничката група Вагнер, истакна дека руските сили мора да го освојат украинското упориште Бахмут за да продолжат со нивната воена операција, но призна дека украинските трупи пружаат жесток отпор. Руските сили се обидуваат да го опкружат и заземат Бахмут, град во источниот регион Донбас кој стана централно место на украинскиот […]

Шефот на СЗО пристигна во Сирија со 37 тони помош


Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус денеска пристигна во сирискиот град Алепо, кој беше погоден од земјотрес, јавија светските новинарски агенции. Тедрос „пристигна на аеродромот во Алепо за да ги посети болниците и засолништата во тој град со министерот за здравство на Сирија и гувернерот на Алепо“, соопшти сириската агенција Сана, пренесува […]

Финскиот претседател верува дека Финска и Шведска ќе влезат во НАТО до лето


Финскиот претседател, Саули Нинисте, денеска изјави дека верува оти Финска и Шведска ќе бидат примени во НАТО во јули и посочи дека сака САД да ја притиснат Турција да ги одобри барањата за членство што ги поднесоа две држави. Нинисте изјави дека доколку се пролонгира решавањето на проблемот, ќе се доведе во прашање целиот процес […]

Во пожар изгоре маж во Крушеани


Пронајдено безживотно изгорено тело во куќа во општина Кривогаштани, информираат од полицијата. На 10.02.2023 во 10.20 часот во СВР Битола е пријавено дека во с.Крушеани, Општина Кривогаштани настанал пожар во куќа, сопственост на Ц.П.(43), лице со здравствени проблеми, во кој целосно е опожарен инвентарот во куќата и кровната конструкција. При увидот, во една просторија пронајдено […]

Лајонел Ричи ќе настапи на церемонијата на крунисувањето на кралот Чарлс Трети


Светската музичка ѕвезда Лајонел Ричи ќе настапи на концерт по повод дводневната церемонија на крунисување на новиот британски крал Чарлс Трети, на 7 мај во замокот Виндзор, пишува весникот „Сан“. Американскиот пејач е долгогодишен пријател и обожавател на британскиот крал (74) и е еден од амбасадорите на The Prince’s Trust, добротворна организација основана во 1976 […]

Фатен затвореник кој денеска избегал од затвор


Денеска , во 14.20 часот на ул.”Маџари”, на подрачјето на Гази Баба од полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје е лишен од слобода Џ.Д.(24) од Скопје. За него била распишана локална потерница по објава од Полициска станица Чаир, каде во 12.00 часот било пријавено дека избегал од Казнено-поправната установа Затвор Скопје […]

Штрајк на контролорите на летање на аеродромот Орли во Париз, откажани многу летови


На аеродромот во Париз – Орли денеска беа откажани многу летови поради ненајавен штрајк на контролорите на летови како дел од протестното движење против пензиските реформи во Франција. Француската управа за цивилно воздухопловство соопшти дека побарала од авиокомпаниите да го намалат распоредот на летови за 50 отсто, почнувајќи од 13 часот денеска. Другиот меѓународен аеродром […]

Смртниот биланс од земјотресите во Сирија и Турција надмина 25 илјади лица


Земјотресите со епицентар во Караманмарас беа трипати посилни и поразорни од претходната, најголемата катастрофа во 1999 година, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган при посетата на Дијарбекир, пренесува Анадолија. Земјотресот окарактеризиран како „катастрофа на векот“ е почувствуван на површина од илјада километри, а, како што рече Ердоган, предизвикал уништување на површина од 500 километри. […]

Oдрони на патот од Делчево кон граничниот премин со Бугарија


Појава на одрони е регистрирано на патниот правец од Делчево кон граничниот премин со Република Бугарија. Одроните зафатија дел од коловозот кај месноста Воденица, веднаш над делчевското село Ѕвегор. Од ЈП ,,Македонија Пат” информираа дека нивни екипи се упатиле кон посочената локација, со цел расчистување на одроните.   -На споменатиот патен правец утрово имавме интервенција […]

Погледнете како изгледа импресивниот мост во Хрватска меѓу тунели


Завршува спојувањето на мостот над кањонот на реката Цетина кај Омиш во Хрватска, кој е дел од поголем проект за изградба на омишката обиколница долга четири километри. Мостот на Цетина е дел од омишката обиколница, а се наоѓа на височина од 70 метри. Долг е 216 метри, а мостот е единствен по тоа што и […]

Загриженост во Аргентина поради напливот на бремени Русинки кои одат таму да се породат


Аргентинските власти се загрижени поради големиот број бремени Русинки кои влегуваат во земјата за да се породат како начин да добијат аргентински пасош, објави Асошиејтед прес, пренесува БТА. Оваа недела, претставниците на имиграцијата им забранија на шест бремени Русинки да влезат во Аргентина, велејќи дека при пристигнувањето лажеле дека се туристи, изјави Флоренсија Карињано, национален […]

Турската полиција уапси мажи кои се обиделе да украдат шест камиони со хуманитарна помош


Турската полиција деновиве има полни раце работа со оние кои крагат од празните куќи по земјотресот, но и со оние кои се обидуваат да ја украдат донацијата. Само вчера во текот на денот полицајците приведоа 40 осомничени за кои е утврдено дека краделе од оштетените куќи во разурнатиот град Хатај на северот на земјата. Уапсени […]

Послаб земјотрес кај Корча во Албанија


Југоистокот на Албанија денеска попладне го погоди земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтер. Епицентарот бил на 19 километри од градот Корча, на длабочина од 12 км, објави ЕМСЦ. За сега нема информации за материјална штета.

Белгискиот европратеник Тарабела обвинет и ставен во притвор за корупцискиот скандал во ЕП


Белгискиот европратеник Марк Тарабела денеска беше обвинет за „корупција“, а потоа му беше одреден притвор како дел од истрагата за наводите за мешање на Катар и Мароко во одлуките на Европскиот парламент, соопшти белгиското сојузно Обвинителство. На социјалистичкиот пратеник (59) му е одредена мерка притвор откако беше обвинет за „корупција“, „перење пари“ и „учество во […]

На протестот на опозицијата во Тирана побарано премиерот Еди Рама веднаш да си замине


Со неколку помали инциденти, пред сè со фрлање пиротехнички средства на влезот на владиниот објект, заврши денешниот, последователен антивладин протест, организиран од албанските Демократи предводени од Сали Бериша, кои добија поддршка и од Партијата на слободата на поранешниот претседател Илир Мета. На протестот, што се одржа на плоштадот „Народни херои“, пред албанската Ввлада, а на […]

Закажана седница на Собранието за реконструкција на Владата


Во Собранието за во понеделник во 15 часот е закажана 104. седница на која ќе се одлучува за Предлогот за реконструкција на Владата што го испрати премиерот Димитар Ковачевски. Предлогот за реконструкција на владиниот кабинет е за четворица министри и пет заменици министри, а следуваше по преговорите за приклучување на Алијансата за Албанците (АА) во […]