Турската полиција уапси мажи кои се обиделе да украдат шест камиони со хуманитарна помош


Турската полиција деновиве има полни раце работа со оние кои крагат од празните куќи по земјотресот, но и со оние кои се обидуваат да ја украдат донацијата.

Само вчера во текот на денот полицајците приведоа 40 осомничени за кои е утврдено дека краделе од оштетените куќи во разурнатиот град Хатај на северот на земјата.

Уапсени се и двајца мажи кои се претставиле како хуманитарни работници и кои украле дури шест камиони со храна испратена до жртвите од земјотресот.

При претресите на осомничените и нивните возила, одземена е поголема количина накит, банкарски картички, 70 илјади турски лири, 11 илјади долари, шест пиштоли, три пушки, 20 мобилни телефони и осум компјутери.

Утврдено е и дека се украдени шест камиони со прехранбени производи наменети за настраданите од земјотресот во Хатај.

Турската полиција ја запленила и помошта што оваа криминална група се обидела да ја украде и апелира на претпазливост бидејќи има и такви кои се обидуваат да заработат од човечката трагедија на вакви и слични начини.