Почина жената која беше спасена во Турција по 100 часа поминати под урнатините


Жената која беше извлечена од урнатините од тим германски спасувачи 100 часа по разорниот земјотрес во Кирхан, Турција, почина денеска како последица на повредите, соопшти германска невладина организација.

„Зејнеп почина синоќа. Таа вчера беше спасена од нејзината урната куќа повеќе од 100 часа по разорниот земјотрес“, напиша во порака на Твитер невладината организација „ISAR Germany“.

„Нашиот тим е во шок и длабоко жали“, велат од невладината специјализирана за помош на настрадани од природни катастрофи.