Сè е срамнето со земја – само една зграда стои


 

Градот Караманмарас, на југот на Турција беше погоден од силните земјотреси, а фотографиите од уништените објекти се вртат по сите медиуми.

Повеќе од 24.000 луѓе загинаа во земјотресот, а повеќе од 80.000 се повредени, додека уште се трага по многумина.

И додека зградите се уриваа како домино, една зграда остана потполно недопрена.

„Една зграда и понатаму стои во Караманмарас… Претставничката деловна зграда на Комората на градежни инженери“, напиша на Твитер еден корисник, споделувајќи фотографии од објектот.

Нови и стари згради, некои изградени пред само шест месеци, се распаднаа. Други се смачкаа како палачинки.

Паралелно, расте бесот затоа што во земјата која се наоѓа на раседот меѓу две тектонски плочи и историја на големи земјотреси, квалитетот на градбите е толку лош што зградите се рушат како од хартија.

Стручњаците велат дека Турција има прописи за спречување такви катастрофи. Но, бедно се спроведуваат од страна на градежните компании, чии сопственици се блиски до претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Властите велат дека 12.141 згради се или уништени или сериозно оштетени во Турција.