Олексиј Резников останува министер за одбрана на Украина


  Министерот за одбрана на Украина, Олексиј Резников, изјави дека претседателот Володимир Зеленски побарал од него да остане на сегашната функција, откако корупцискиот скандал го опфати неговото министерство и ја доведе во прашање неговата улога. На прашањето дали очекува да продолжи како министер за одбрана во месеците што следат, Резников одговори: „Да, тоа беше одлука […]

Писателите добивале и ќе добиваат поддршка, не станува збор за лична одмазда


Писатели, како Петар Андоновски, Гордана Михаилова Бошнакоска и Блаже Миневски, до сега добивале и ќе добиваат поддршка од Министерството на конкурсите за литература и издавачката дејност. Комисијата оваа година одлучила дека ќе поддржи еден проект, а нема да поддржи друг и не станува збор за лична одмазда, рече на денешниот брифинг министерката за култура Бисера […]

Над 200 ученици се без организиран превоз до училиштето „Ѓорче Петров“ во Прилеп


 Повеќе од 200 ученици од 47 населени места во Прилепско, останаа без организиран превоз за да следат настава во средното медицинско-козметичко училиште „Ѓорче Петров“ од Прилеп. Директорката на училиштето Петра Лукароска смета дека не може да потпише анекс на завршениот договор од минатата учебна година со кој се регулираше превозот, зашто е незаконски, а не […]

Пендаровски и годинава покровител на „Охридско лето“


Директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ денеска оствари работна средба со Претседателот на државата Стево Пендаровски на која, официјално и оваа година, го покани да го отвори 63 издание на Фестивалот, а се разговараше и за идните активности во рамките на покровителството на оваа наша најзначајна музичко-сценска манифестација. „Охридско лето“, репрезент на македонската култура […]

Расказот „Хектор” победи на конкурсот за краток расказ „Тврдоглави“


На првото издание на анонимниот конкурс за краток расказ „Тврдоглави”, наменет за млади писатели на возраст од 16 до 26 години, пристигнаа 206 раскази, а наградени се расказите „Хектор“,„Тринастега” и „Кучешки празник“, информираат попладнево организаторите на конкурсот. Како што додаваат тие, оценките се дадени од жирито во состав на Оливера Ќорвезироска, Владимир Мартиновски и Николина […]

Се избира надзор за автопатската делница Кичево-Букојчани


  Објавен е тендер за надзор за првата фаза од автопатот Кичево – Букојчани на Коридор 8, проект што го реализира Јавното претпријатие за државни патишта со заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Рокот за заинтересираните фирми е до 28 месецов. Тендерот се спроведува според правилата на ЕБОР и е објавен на […]

Платата за Кабинетот на претседателот ќе биде исплатена со 5 отсто зголемување


Најдено е решение помеѓу институциите Претседател на Република Северна Македонија и Министерството за финансии за исплата на плата за претседателот и вработените во Кабинетот на претседателот за месец јануари 2023 година. Како што соопштија од Кабинетот на претседателот, платата ќе биде исплатена во наредните денови, во согласност со Колективниот договор и утврденото покачување од 5 проценти за административните службеници во […]

Ревитализацијата на големите ХЕЦ ќе се реализира со 25 милиони евра заем и 11,2 милиони евра грант


Собраниската Комисија за финансирање и буџет на денешната седница го разгледа Предлог-законот за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Програмата за обновлива енергија ЕСМ – Компонента I: Ревитализација на хидроелектрани, кој ќе се склучи меѓу Кредитната банка за обнова – КфВ и АД ЕСМ и одлучи да […]

Сите што не се задоволни од Конкурсот, да поднесат жалба, вели Костадиновска-Стојчевска


Годинашниов буџет за Министерството за култура е намален, во однос на претходниот, така што и средствата наменети за финансирање на проектите од национален интерес по одделни области и активности од културата се помали од ланските, објасни ресорната министерка Бисера Костадиновска Стојчевска одговорајќи на бројните реакции на тие што конкурирале, а не ги добиле средствата, како […]

На четиричлено семејство во јануари му требале најмалку 50.799 денари да го помине месецот


На едно четиричлено семејство во јануари му биле потребни 50.799 денари за минимални месечни трошоци, покажуваат пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија. Според податоците за синдикалната потрошувачка кошничка објавени денеска, најмногу пари или 19.206 денари се трошат за храна и пијалоци, а 13.313 денари за режиски трошоци. За хигиена биле потребни минимум 3.097 денари, […]

„СВП“ ќе бидат достапни и во дигитален формат


Согласно Меморандумот потпишан од страна на Државниот архив и Меѓународниот фестивал „Струшки вечери на поезијата”, Охридскиот архив започнува со дигитализација на фестивалската документација. Со проектот ќе бидат опфатени сите документи и богатото културно наследство на Струшките вечери на поезијата за периодот од 1963 до 1990 годин. Со дигитализацијата на обемниот материјал собран во повеќе од […]

Фондот за здравство рачно ќе ги подготви исплатите, системот и натаму нефункционален


Фондот за здравство, чиј систем  е хакиран веќе десетина дена, ангажирал фирма која ќе ги  внесува рачно податоците за исплата на платите на здравствените работници и на боледувањата. Најавите од таму се дека најдоцна до понеделник ќе се реши ситуацијата која предизвика незадоволство пред се кај здравствените работници, а мајките останаа без исплата на породилно. […]

Поранешниот албански главен обвинител, Адриатик Лала, доби статус политички азилант во Италија и избегна екстрадиција


Поранешниот главен обвинител на Албанија, во периодот 2012-2017 година, Адриатик Лала, се стекна со статус на политички азилант во Италија, со што избегна екстрадција, која албанските, ја бараа од италијанските власти. -Ваква одлука донел судот во Рим, кој по разгледувањето на барањето на Адриатик Лала, наредил да се одобри барањето, со што се отвора патот […]

Општина Чаир додели 600 илјади денари помош за Турција, Берово 150.000


 Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу денеска го пречека тимот на спасувачи на Доброволното здружение на пожарникари „Бајрам Мифтари“ од општина Чаир, кои се вратија од спасувачката акција што ја спроведоа во турските региони погодени од катастрофалниот земјотрес на 6 февруари.  -Во оваа прилика нашите херои Артан Демири, Хетем Арслани, Сефер Демири и Исуф Јакупи […]

Во јануари домаќинствата заштедиле просечно 14 отсто струја


Домаќинствата за 14 проценти ја намалиле вкупната потрошувачката на електрична енергија во јануари, покажуваат податоците со кои Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) од Електродистрибуција. Согласно информациите, вкупната потрошувачка на домаќинствата во јануари годинава изнесувала над 349 гигавати или 349 830 666 киловат часови, додека истиот месец минатата година биле потрошени 408 гигават часови електрична енергија. […]

Османи го најави годинашниот Преспа форум


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес, одржа панел дискусија со домашниот граѓански сектор, вклучително и младинските организации, со која го најави одржувањето на Преспа Форум за Дијалог 2023, којшто ќе се одржи на 15 и 16 јуни  во Струга. “ПФД полека го наоѓа своето место на мапата препознатливи меѓународни форуми и прераснува во наш […]

Бектеши од граѓаните преку анкети ќе бара решение за инфлацијата и цените


Мерките и активностите што ги презема Министерството за економија за поддршка на домаќинствата и компаниите за справување со енергетската и економската криза и подобрување на животниот стандард на граѓаните, беа тема на разговор на денешниот работен состанок на министерот за економија Крешник Бектеши со претставници од Националниот демократски институт (НДИ). На состанокот, на кој присуствуваа […]

Столтенберг: Ќе и дадеме воена поддршка на Украина без преседан


Путин не е заинтересиран за мир и не прави никакви чекори кон мир во Украина. Напротив, тој презема нови офанзиви, продолжува со воени дејствија. Затоа, повеќе тешко вооружување и повеќе обуки се главните обврски што ги преземаа министрите за одбрана на НАТО на состанокот во Брисел, на кој главен фокус е поддршката на борбата на […]

Градоначалникот Пецаков избран за претседател на Советот за развој на Југозападниот плански регион


Охридскиот градоначалник Кирил Пецаков е избран за претседател на Советот за развој на Југозападниот плански регион на денешната редовна седница, со мандат од една година, согласно Законот за рамномерен регионален развој. Заблагодарувајќи се за изборот, Пецаков нагласи дека ќе биде отворен за соработка со цел да добијат што повеќе средства и да се реализираат проекти, […]