Олексиј Резников останува министер за одбрана на Украина


 

Министерот за одбрана на Украина, Олексиј Резников, изјави дека претседателот Володимир Зеленски побарал од него да остане на сегашната функција, откако корупцискиот скандал го опфати неговото министерство и ја доведе во прашање неговата улога.

На прашањето дали очекува да продолжи како министер за одбрана во месеците што следат, Резников одговори:

„Да, тоа беше одлука на мојот претседател“.

Позицијата на Резников, една од попознатите личности на Украина на меѓународно ниво, се соочи со интензивни шпекулации откако се појавија информации дека Министерството за одбрана платило двојно или три пати повеќе од цената на храната од супермаркет за снабдување на војниците на фронтот.

Еден од неговите заменици минатиот месец поднесе оставка по обвинението, кое Министерството го отфрли. Уште двајца беа разрешени вчера.

Во вторникот, Резников назначи тројца нови заменици, вклучително и генерал-полковник Олександр Пављук, кој накратко беше гувернер на регионот Киев за време на раните денови на руската инвазија.