Столтенберг: Ќе и дадеме воена поддршка на Украина без преседан


Јенс Столтенберг

Путин не е заинтересиран за мир и не прави никакви чекори кон мир во Украина. Напротив, тој презема нови офанзиви, продолжува со воени дејствија. Затоа, повеќе тешко вооружување и повеќе обуки се главните обврски што ги преземаа министрите за одбрана на НАТО на состанокот во Брисел, на кој главен фокус е поддршката на борбата на Украина за слобода, информира, меѓу другото, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на (ЛИНК) прес конференцијата во 13 часот.

„НАТО сојузниците се согласија на Украина да ѝ пружат воена поддршка без преседан“, рече Столтенберг.

Тој ја информираше светската јавност и за други одлуки на НАТО состанокот, вклучувајќи ги и пакетите за поддршка на одбраната на Босна и Херцеговина, Молдавија и Грузија.