Кадиевска-Војновиќ: Откажувањето на еврообврзницата од страна на владата е шок за меѓународните финансиски пазари


Маја Кадиевска-Војновиќ, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата радио Лидер зборуваше за македонската еврообврзница која што вчера беше откажана и потенцираше дека тоа е шок кој ќе остане во историјата на издавањето на еврообврзницата и дека таква состојба немало на меѓународните финансиски пазари. „Вчера се случи еден потрес во светски размери […]

Почнува „Берлинале“ – Зеленски ќе ги поздрави учесниците со видео-порака


Германија– Во Берлин денеска ќе биде отворен 73. Меѓународен филмски фестивал „Берлинале“, враќајќи се во својот редовен формат по две години корона-ограничувања. Речиси 400 филмови треба да бидат прикажани до 26 февруари, при што се очекува високо ниво на поддршка за народот на Украина и Иран во услови на продолжување на војната и превирањата таму. И […]

Санирана опасна ограда на мост во Ѓорче Петров


Центарот за управување со кризи (ЦУК), по стигната дојава од совесни граѓани доцна синоќа, пред полноќ, презеде координативни активности преку Секторот за операции и координација и регионалните центри на ЦУК за отстранување на опасноста на мостот – надвозник над железничка пруга на улица „Лука Геров“ на потегот меѓу цркавата „Свети Петар и Павле“ и населбата […]

Почина Ракел Велч : Актерката и глобален секс-симбол имаше 82 години


САД– Почина Ракел Велч, долгогодишна актерка, меѓународен секс симбол и добитник на Златен глобус, потврдуви PEOPLE. Таа имаше 82 години. Велч „почина мирно рано утринава по кратко боледување“, потврди нејзиниот менаџер Стив Зауер за PEOPLE во средата. Зауер додаде: „Нејзината кариера траеше повеќе од 50 години глумејќи во преку 30 филмови и 50 телевизиски серии […]

Трагичен продолжеток на една од најсреќните приказни во светот


Едно од 12-те момчиња спасени од тајландска пештера во 2018 година почина во Велика Британија, каде што беше дел од фудбалска академија. Момчето Дуангпех Промтеп (17) било пронајдено во несвест во студентски дом во Лестершир и било пренесено во болница, каде што починало, јави Би-Би-Си. Причината за смртта е непозната, но локалната полиција соопшти дека […]

Соборениот кинески балон бил насочен кон Хаваи, но излетал од курсот


Американски претставници веруваат дека кинескиот балон што беше соборен откако прелета над континенталниот дел на САД првично бил на траекторија што би го однела над Гуам и Хаваи, но ветровите го однеле од курсот. Ова го изјави американски функционер кој сакаше да остане анонимен. Балонот, за кој Вашингтон го обвинува Пекинг дека го користи за […]

Навраќање на Мирослав Крлежа: По кој пат?


За Мирослав Крлежа беше изграден своевиден култ во Хрватска и во Југославија. Но во партијата никогаш не му беа заборавени судирот на книжевната левица и неодењето во партизани во 1941 година Во наредните неколку продолженија ќе ја објавиме рецензијата на Латинка Перовиќ за книгата на Мирослав Крлежа „Илјададеветстотиниишеесеттите. Фрагменти од дневник“, во избор и редакција […]

САД треба да докажат дека не го уништиле Северен тек, тврди Руската амбасада во САД


САД треба да се обидат да докажат дека не стојат зад уништувањето на гасоводот „Северен тек“ што ја поврзуваше Русија со Западна Европа, соопшти Руската амбасада во САД. Москва смета дека уништувањето на гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ во септември минатата година е „акт на меѓународен тероризам“ и нема да дозволи тоа […]

16 февруари во историјата – Археологот Хауард Картер ја отвори гробницата на Тутанкамон


  На 16 февруари 1923 година, во Теба, Египет, англискиот археолог Хауард Картер влезеа во запечатената погребна комора на древниот египетски владетел кралот Тутанкамон. Бидејќи древните Египќани ги гледаа своите фараони како богови, тие внимателно ги балсамираа нивните тела по смртта, закопувајќи ги во изработени гробници што содржат големи богатства за да ги придружуваат владетелите […]

Русите ноќеска гаѓале енергетски постројки во Украина, утрово напад на Лавов


Пратеникот во украинскиот Парламент, Олексиј Гончаренко соопшти дека Русија извршила голем напад во текот на ноќта. – Истрелаа 32 проектили кон енергетските постројки. 16 проектили беа соборени од одбранбените сили, напиша Гончаренко на социјалните мрежи. Украинската армија потврди дека во текот на ноќта и рано утрово соборила 16 руски ракети. Гончаренко додаде дека 22 проектили […]

„Металика“ донира 250.000 долари за Турција и Сирија


Хеви-метал составот „Металика“ ќе дари 250.000 долари (околу 230.000 евра) на хуманитарните организации „Дајрект релиф“ (Direct Relief) и „Ворлд централ кичен“ (World Central Kitchen), коишто обезбедуваат помош за подрачјата погодени од земјотресите во Турција и Сирија. „Немаме зборови за да го опишеме уништувањето во јужна Турција и северна Сирија. Земјотресот со јачина од 7,8 степени […]

Продолжува судењето за пожарот во тетовската модуларна болница


Во Основниот суд во Тетово, денеска од 10 часот продолжува судењето за пожарот во тетовската модуларната болница. На 31 јануари беше последното рочиште на кое беа сослушани седум сведоци предложени од Обвинителството. На прашања на обвинителите, на судијата и на адвокатите на обвинетите и оштетените одговараа двајца лекари, една медицинска сестра и четири лица кои […]

Расте бројот на загинати во невремето на Нов Зеланд


Најмалку пет лица загинаа во циклонот Габриел на Нов Зеланд каде и денеска продолжуваат напорите за отстранување на штетите. Полицијата на Нов Зеланд соопшти дека ја истражува смртта на едно лице во Гизборн, за кое се верува дека загинало во поплава. Претходно беа потврдени уште четири смртни случаи, а се стравува дека неколку пријавени исчезнувања […]

Денеска истекува рокот за преименување на бугарските клубови


Денеска истекува рокот за преименување на здруженијата, чиишто имиња се сметаат за навредливи и претставуваат провокација што предизвикува тензии меѓу Северна Македонија и Бугарија, во спротивно, согласно законските измени за здруженија и политички партии од ноември 2022 година, ќе бидат затворени. Здружението од Охрид „Цар Борис Трети“ има поднесено барање до Централниот регистар за промена на името […]

Еден убиен во пукање во трговски центар во Тексас


Едно лице е убиено, а три се ранети во пукање во трговски центар во Ел Пасо, Тексас, соопшти локалната полиција. Еден осомничен е во притвор, а полицијата трага по друг можен сторител, изјави портпаролот на полицијата Роберт Гомез. Мотивот за нападот засега е непознат. Трговскиот центар „Сиело Виста“ е во непосредна близина на продавницата Волмарт, […]

Прекин на водоснабдувањето кај корисниците во неколку скопски населби


Поради промена на затворач ф-600 мм во Парк шума Гази Баба, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: дел од „Христијан Тодоровски Карпош“, „Цветан Димов“, непарните броеви од „Џон Кенеди“, „Кемал Ататурк“, „Панче Неделковски“, „Коста Абрашевиќ, „Јајце“, „Ордан Чопела“ и „Сараевска“, вклучително и ЈЗУ Специјализирана болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“, соопштија […]

Концерт „Севда“ во Филхармонија


Оркестарот на Филхармонијата денеска ќе го одржи традиционалниот концерт по повод Денот на вљубените. Концертот е насловен „Севда“, а како солисти ќе настапат Божо Вреќо, босанскиот „принц на севдахот“ како што го нарекува светската критика и српскиот пијанист Васил Хаџиманов, миленик на македонската публика, уметник кој го спојува џезот со традиција на балканското поднебје, соопштија […]

На донаторска акција во Турција собрани 6 милијарди долари за жртвите од земјотресот


Околу 15,1 милијарди лири (6,1, милијарди долари) беа собрани на синоќешната донаторска акција организирана во Турција која беше емитувана на 213 домашни и меѓународни телевизии и 562 радија. Во рамките на кампањата „Турција едно срце“ биле испратени и повеќе од девет милиони смс пораки со кои се донираат средства за погодените во земјотресот во Турција. […]

Постепен пораст на дневните температури до крајот на неделава


Времето наутро постудено, а преку денот ќе биде претежно сончево и потопло. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 2, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени. Во Скопје наутро постудено, а преку денот ќе биде сончево. Минималната температура ќе се спушти до -4, […]

Собранието ќе ја продолжи расправата за разрешување на тројцата министри од Алтернатива


Пратениците денеска од 11 часот треба да ја продолжат 104-тата седница на која четврти ден ќе се расправа за разрешување на тројцата министри од Алтернатива. Со реконструкцијата на Владата, во владината коалиција влегува партијата Алијанса за Албанците. По предлог на Владата, треба да бидат разрешени министрите од Алтернатива – Беким Сали за здравство, Адмирим Алити […]