Санирана опасна ограда на мост во Ѓорче Петров


Центарот за управување со кризи (ЦУК), по стигната дојава од совесни граѓани доцна синоќа, пред полноќ, презеде координативни активности преку Секторот за операции и координација и регионалните центри на ЦУК за отстранување на опасноста на мостот – надвозник над железничка пруга на улица „Лука Геров“ на потегот меѓу цркавата „Свети Петар и Павле“ и населбата „Даме Груев“ во Оштина Ѓорче Петров.

-По добиената информација за искорната ограда и „одбрусен“ – паднат страничен дел од мостот – надвозник, веднаш е стапено во контакт со лицата за контакт од Општина Ѓорче Петров, при што бил добиен одговор дека најбрзо што може ќе преземат мерки и од нивна страна местото ќе биде обележано и обезбедено. Притоа, информирале дека надлежноста за санација на мостот била на Град Скопје. Затоа, од страна на ЦУК е стапено во контакт со надлежните во Град Скопје, при што во многу краток рок екипа на градското јавното претпријатие „Улица и патишта“ излегло на терен и итно го санирало оштетувањето, но привремено, за веднаш да се отстрани опасноста по граѓаните, информираат од ЦУК.

Од јавното претпријатие информирале дека, според нивните оперативни процедури, потоа ќе следела поопсежна акција и работа за целосно санирање на мостот – надвозник. Од утрово од увидот на лице место, согласно повратната информација до ЦУК, тие информирале за поставените привремени предупредувачки и заштитни бариери, а и со фотографија, за постојната состојба.

-ЦУК, во оваа прилика, изразува благодарност за добрата соработка со институциите од Општина Ѓорче Петров и од Град Скопје, коишто согласно стандардните оперативни процедури, многу брзо ја отстранија опасноста за граѓаните, согласно заедничката координација остварена преку ЦУК и СОК, како сериозни делови од Системот за управување со кризи (СУК). Неодминливо, при ова информирање е да се напомене и дека граѓаните, самоорганизирани во „фејс“ групата Мое Ѓорче, покажаа голема одговорност за колективната безбедност во нашата средина, со правовременото и јасно информирање за опсноста на мостот – надвозник над железничка пруга на улица „Лука Геров“ на потегот меѓу цркавата „Свети Петар и Павле“ и населбата „Даме Груев“ во Оштина Ѓорче Петров, се вели во денешното соопштение од ЦУК.