Почнува „Берлинале“ – Зеленски ќе ги поздрави учесниците со видео-порака


Германија– Во Берлин денеска ќе биде отворен 73. Меѓународен филмски фестивал „Берлинале“, враќајќи се во својот редовен формат по две години корона-ограничувања. Речиси 400 филмови треба да бидат прикажани до 26 февруари, при што се очекува високо ниво на поддршка за народот на Украина и Иран во услови на продолжување на војната и превирањата таму.

И украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да се обрати на отворањето на Фестивалот во видео во живо вечерва.

Американската глумица Кристен Стјуарт, позната по филмот „Самрак“, го предводи овогодишното меѓународно жири.

Оваа година, на Фестивалот во главниот град на Германија „завесата ќе ја крене“ комедијата „Таа дојде кај мене“ на режисерката Ребека Милер, со Џеред Лето и Ен Хатавеј во главните улоги. Вкупно 19 филма се натпреваруваат за наградите „Златна“ и „Сребрена мечка“, вклучително и шест остварувања режирани од жени.

Заедно со оние во Кан и Венеција, „Берлинале“ е еден од најголемите светски филмски фестивали.