Расте бројот на загинати во невремето на Нов Зеланд


Најмалку пет лица загинаа во циклонот Габриел на Нов Зеланд каде и денеска продолжуваат напорите за отстранување на штетите.

Полицијата на Нов Зеланд соопшти дека ја истражува смртта на едно лице во Гизборн, за кое се верува дека загинало во поплава.

Претходно беа потврдени уште четири смртни случаи, а се стравува дека неколку пријавени исчезнувања би можеле да имаат фатален исход.