Нови игралишта, парк и фитнес-зона: Љуботенски пат ќе добие спортско-рекреативен центар


Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски информира дека ќе се гради нов спортско-рекреативен центар во населеното место Љуботенски пат, а ќе го носи името „Бранители“ и ќе биде на површина од 5.000 м2. Просторот на кој ќе се гради спортско-рекреативниот центар во изминатите години бил депонија, но тоа ќе се промени наскоро. – Модерно фудбалско […]

Лазарова-Трајковска: ЕСЧП оцени дека жалителите не ги искористиле сите правни лекови


    Европскиот суд за човекови права, со одлуката да ги отфрли жалбите за поништената аболиција од поранашниот претседател Ѓорге Иванов, оценил дека жалителите не ги искористиле сите редовни и вонредни правни лекови кои им ги нуди националното право, а за кои во претходни пресуди и одлуки судот прифатил дека се ефективни правни лекови, вели […]

Ковачевски: Одлуката на Стразбур е огромна победа на државата


Одлуката на Европскиот суд за човекови права е огромна победа и огромен успех на нашата држава. Македонскиот тим навистина даде се од себе и извојува победа во исклучително комплексен случај, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски во врска со одлуката на ЕСЧП, којшто ја отфрли како недопуштена жалбата за поништената аболиција на поранешниот претседател Ѓорге Иванов […]

Адвокатот на обвинетите најавува нова жалба во Стразбур – откако ќе завршат судењата


Простор за триумфализам на Владата нема, а со решението на Стразбур не се одлучува дали важат или не важат аболициите дадени од претседателот Ѓорѓе Иванов.   Вака адвокатот Влатко Илиевски за „Макфакс“ ја објасни одлуката донесена од Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Тој посочува дека откако Кривичен суд, Апелација, па на крај и […]

СДСМ за пресудата на Стразбур: Победа на Владата, на правдата и на правната држава


  СДСМ ја поздравува одлуката на Европскиот суд за човекови права, која потврдува дека апликациите на поранешните функционери на ВМРО-ДМПНЕ, на кои поранешниот претседател Ѓорге Иванов се обиде да им даде незаконски помилувања, се недозволени.   -Оваа одлука е важна, бидејќи Судот во Стразбур не констатира прекршување на човековите права во кривичниот прогон на членовите […]

Наградите БАФТА со трибјут за кралицата Елизабета


Англија–  Наградите БАФТА ќе и оддадат посебна почит на кралицата Елизабета Втора, која почина на 8 септември 2022 година, на церемонијата в недела ( 19 февруари) во Лондон. „Кралицата зазема уникатно место во историјата на БАФТА, блиска асоцијација што траеше 50 години“, велат од Британската академија. „Преку нејзините различни покровителства, кралицата беше позната по нејзината […]

Кумановец почина во пожар во неговата куќа


 Шеесет и деветгодишен кумановец починал откако им подлегнал на повредите здобиени по вчерашниот пожар во неговата куќа, соопштија денеска од кумановската полиција. Вчера во 16.55 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улицата „Сава Ковачевиќ“ настанал пожар во куќа сопственост на Ј.М. (69) од Куманово. – Со тешки телесни повреди се здобил сопственикот, кој бил пренесен во […]

Вандализам: Го искршил кошот во новото игралиште во Аеродорм


  Човек, кој добро се гледа на снимките од надзорните камери од ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, со скршил стаклото од талата на кошот, во новото игралиште во скопската општина Аеродорм. „Во текот на денешниот ден , надворешен сторител ја искрши стаклената кошаркарска плоча, на новопоставениот кош на реновираното игралиште во нашиот училиштен двор. Сторител е јасно […]

Земјотрес со јачина од 4,8 степени на хрватскиот остров Крк


Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтер утрово пред 11 часот го потресе хрватското тло на островот Крк, а епицентарот бил кај градот Цриквеница. Подоцна, јачината е намалена на 4,8 степени. Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот се почуваствувал 14 км од градот Цриквеница, на остовор Крк, а потресот се случил точно во 10.47 […]

Ковачевски: Откажувањето на еврообврзницата нема да влијае врз кредитниот рејтинг


Премиерот Димитар Ковачевски смета дека случувањата околу еврообврзницата, за која што ќе треба да биде повторена аукцијата, нема да влијаат врз кредитниот рејтинг на државата.  „Не може да влијае на кредитниот рејтинг бидејќи уште во текот на вчерашниот и завчерашниот ден Министерството за финансии и Секторот за меѓународни финансии објаснија дека е од процедурални причини“, […]

Петнаесет загинати во лавини во источен Таџикистан


Бројот на загинати во серијата лавини во источен Таџикистан во изминатите два дена се зголеми на 15, соопшти денеска Владата во Душанбе. Повеќе од 400 семејства беа евакуирани од своите домови, а повеќето од лавините го погодија автономниот регион Горно-Бадакшан, кој граничи со Кина и Авганистан, информираа од Владата. Во соопштението се наведува дека лавини […]

Во Кривичен продолжи судењето за случајот „Ласкарци“


Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за несреќата што пред четири години се случи кај местото Ласкарци , a во која загинаа 16 лица и повеќе од 30 беа повредени.   По две одложувања на процесот, поради болест на вештото лице Зекирија Зекири, кој и денеска не се појави, судењето продолжи со испитување […]

Со такви имиња на бугарските клубови односите само се влошуваат, смета Весела Чернева


  Во уште едно појавување во бугарската јавност за смирување на тензијата во односите со Македонија познатата Весела Чернева, заменик-директор на Европскиот совет за надворешна политика, нагласи дека со имиња на бугарските клубови кои ја провоцираат македонската страна не може да се градат добри односи. „Според мене, именувањата на овие два клуба се така направени […]

Влада: Одлуката на Стразбур е во корист на државата


Одлуката на Судот во Стразбур е во корист на државата, а жалбите на апликантите во целост се прогласени за недозволени, вклучително и во делот за наводните помилувања – е првата реакција на одлуката на Судот за човекови права од страна на Владата.    -Владата  ја поздравува денешната одлука на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) […]

Пендаровски ја поздрави одлуката на Стразбур


Претседателот Стево Пендаровски ја поздравува одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур донесена утрово. -По објавувањето на одлуката од страна на Европскиот суд за човекови права, претседателот ја разгледа со советничкиот тим и смета дека сите засегнати со постапките поведени од страна на обвинителството и судовите во државата треба своите права да си […]

АД ЕСМ потпиша договори за стипендирање со пет студенти од Универзитетот од Тетово


    АД ЕСМ додели пет нови стипендии на студенти од Универзитетот во Тетово со што ја продолжи традицијата за поддршка на најдобрите студенти, информираат од компанијата. Стипендиите се во износ од 80.000 денари за една академска година, а финансирањето е предвидено да трае за време на сите студиски години, при што услов е просекот […]

Намалена вкупната вредност на договорените градежни работи во странство


  Во периодот јануари – декември 2022 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 159.800.000 денари што е за 5,5 отсто помалку во споредба со истиот период претходната година.   Според Државниот завод за статистика, во наведениот период градежната оператива во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 151.402.000 денари, што […]

Прометот во индустријата зголемен за 13,5 отсто


  Прометот во индустријата во периодот јануари – декември 2022 година во однос на периодот јануари – декември 2021 година е зголемен за 13,5 отсто, во декември 2022 година во однос на декември 2021 година бележи раст од 3,9 отсто, а во декември 2022 година во однос на ноември 2022 година е намален за 19,1 […]

(Видео) Ковачевски на отворањето на кружната градинка во Волково


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и директорот на Канцеларијата на Светска Банка за Северна Македонија и Косово, Масимилиано Паолучи присуствуваат на официјално отворање на детската градинка „Сонце“ во Волково, Скопје.   

РЕК „Битола“ започна со мини ремонт на Блок 2


Во РЕК „Битола“ започнаа активностите за нега и санација на Блок 2, соопштија од енергетскиот комбинат.  Мини ремонтот на постројката предвидено е да трае околу две недели. Во овој период планирани се повеќе интервенции на различни позиции со цел зголемување на стабилноста и доверливоста на блокот. посочуваат од РЕК „Битола“. Блок 2 до исклучувањето синоќа […]