Наградите БАФТА со трибјут за кралицата Елизабета


Англија–  Наградите БАФТА ќе и оддадат посебна почит на кралицата Елизабета Втора, која почина на 8 септември 2022 година, на церемонијата в недела ( 19 февруари) во Лондон.

„Кралицата зазема уникатно место во историјата на БАФТА, блиска асоцијација што траеше 50 години“, велат од Британската академија. „Преку нејзините различни покровителства, кралицата беше позната по нејзината поддршка на креативните индустрии во Велика Британија“.

Дејм Хелен Мирен, која освои Оскар и БАФТА за нејзината улога во биографскиот филм на Питер Морган „Кралицата“ од 2006 година, ќе ја укаже почеста пред внукот на кралицата, при што се очекува принцот Вилијам и Кејт Мидлтон да присуствуваат на настанот во лондонската кралска фестивалска сала.

Меѓу гостите кои се најаваени за гала настанот се Ана Де Армас, Анџела Басет, Остин Батлер, Бери Кеоган, Баз Лурман, Бил Наји, Брендан Фрејзер, Брендан Глисон, Кери Малиган, Кејт Бланшет, Шарлот Велс, Колин Фарел, Даниел Дедвајлерма, Дерил , Доли Де Леон, Еди Редмејн, Ема Томпсон, Џина Принс-Бајтвуд, Гилермо Дел Торо, Хонг Чау, Џејми Ли Кертис, Ке Хуј Куан, Кери Кондон, Мартин Мекдонаг, Мајкл Вард, Мишел Јео, Нан Голдин, Пол Мескал, Рубен Остлунд, Сем Мендес и Виола Дејвис.

Најмногу номинации годинава – 14 има германскиот филм „All Quiet on the Western Front“ , „Banshees of Inisherin“ и „Everything Everywhere All At Onе “ со по десет номинации, „Elvis“ со девет и „ TAR“ со пет номинации. 

Критички признатиот еп од Првата светска војна е нова екранизација на романот на Ерих Маријa Ремарк од 1928 година. Филмот е прв во изминативе 9 години кој успеа да добие 14 или повеќе номинации по „Говорот на кралот“ во 2011 година.

(Холивуд репортер)