Вандализам: Го искршил кошот во новото игралиште во Аеродорм


 

Човек, кој добро се гледа на снимките од надзорните камери од ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, со скршил стаклото од талата на кошот, во новото игралиште во скопската општина Аеродорм.

„Во текот на денешниот ден , надворешен сторител ја искрши стаклената кошаркарска плоча, на новопоставениот кош на реновираното игралиште во нашиот училиштен двор. Сторител е јасно видлив на снимките од училиштниот видео надзор, затоа јавно го замолуваме да ја надомести штетата, во спротивно органите на прогонот по службена должност ќе го најдат.
Со ваквите постапки им наштетуваме на нашите деца, внуци, ученици, да не заборавиме сето ова беше направено за нивно подобро утре, вреди да го чуваме“, напишаа од училиштето.

И од Општина Аеродром денеска го споделуваат постот на Фејсбук од училиштето и повикуваат до граѓаните да се грижат и да водат сметка за јавните површини.

„Ваквите настани предизвикуваат штета на дечињата и се уништува просторот кој е наменет за спорт и развој на најмладите во Аеродром“, апелираат од општината.