Ковачевски и Тренчевска ќе присуствуваат на отворањето на детската градинка „Сонце“ во Волково


Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и директорот на Канцеларијата на Светска Банка за Северна Македонија и Косово Масимилиано Паолучи ќе присуствуваат на официјално отворање на детската градинка „Сонце“ во Волково, Скопје. Како што соопштија од Влада, на настанот ќе присуствува и ќе се обрати и градоначалникот на […]

Стразбур денес ќе ги амнестира или ќе ги запечати криминалите на ВМРО-ДПМНЕ


  Европскиот суд за човекови права денес претпладне, преку соопштение, треба да ја објави одлуката  за предметот кој во Стразбур се води како „Талески и други против Северна Македонија“, а се однесува на аболицијата на претседателот Ѓорге Иванов за десетмина функционери на ВМРО-ДПМНЕ и за Едмонд Темелко.  Со одлуката, по шест години, ќе се затвори […]

Шефот на Светска банка Дејвид Малпас се повлекува од функцијата


 Шефот на Светска банка, Дејвид Малпас, денеска објави дека ќе се повлече од функцијата до крајот на јуни. „По долго размислување, одлучив да се насочам кон нови предизвици“, наведе 66-годишниот Малпас во изјава од банката, откако го извести својот одбор за одлуката. „Ова е можност за непречена транзиција на лидерството бидејќи Банката работи за да […]

Вучиќ свика итен состанок со клучни луѓе од безбедносниот сектор


Српскиот претседател Александар Вучиќ пристигна во зградата на Претседателството, каде ќе се одржи вонреден состанок со сите клучни луѓе од безбедносниот сектор, јавија белградски медиуми. Според информациите на „Новости“, на состанокот ќе се разговара за безбедносната состојба во државата, по опасните пораки изнесени на вечерашниот собир на екстремисти во Белград. Се очекува да се разгледа […]

Бебето на Ријана со први фотографии за британски „Вог“


Англија–  Поп-ѕвездата и милијардерка Ријана, која на настапот во паузата на полувремето на „Супербоулот“ откри дека го чека своето второ бебе, се појавува на мартовската насловна страница на британскиот „Вог“заедно со момчето A$AP Rocky и нивниот 9-месечен син. Прекрасните снимки од нивниот син ги означуваат првите негови фотографии откако Ријана го покажа новороденчето во слатко […]

Успешниот млад Албанец, Секниќи донирал милион долари за настраданите во Турција и Сирија


Албанија – Кевин Секниќи по потекло од северниот албански град Скадар донирал милион долари за настраданите од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.   Секниќи, прогласен од „Форбс“ како еден од 30-те најуспешни луѓе до 30-годишна возраст во финансискиот свет и економскиот развој.   – Кевин Секниќи е најмладиот ко-основач на Ава лабс, кој одигра клучна […]

Мојсова-Чепишевска за „Излезе сејачот да сее“ на Паскал Гилевски: Вистински споменик за Конески


Објавен е првиот критички одглас за првиот и досега единствен роман за Блаже Конески – „Излезе сејачот да сее“ од Паскал Гилевски, кој излезе од печат минатата година. Авторка на рецензијата за овој, најнов роман на Гилевски е универзитетската професорка и книжевна критичарка, Весна Мојсова-Чепишевска, која важи за исклучителен проучувач и почитувач на делото на […]

МВР: Лажни се пријавите за наводно поставени експлозивни направи во училишта во Скопје и Прилеп


Министерството за внатрешни работи вечерва соопшти дека по направените проверки е утврдено дека лажни се пријавите за наводно поставени екслозивни направи во училишта во Скопје и во Прилеп.     -Во 18.30 часот завршија сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје и во Прилеп по добиените пораки на електронски адреси со […]

Во центарот на Белград протест против прифаќањето на германско-францускиот план за Косово


Неколку стотици граѓани се собраа нешто пред 18 часот во центарот на Белград на протест против прифаќањето на германско-францускиот план за Косово. Насобраните носат голем транспарент со натпис „Косово е срцето на Србија“. Видливи се транспарентите „Нема предавање“, „Кој ќе го предаде Косово ќе ја предаде Русија“, а организаторите пуштаат патриотски песни. Десничарски и патриотски […]

Собрани 27.909.130 денари за настраданото население во Турција и Сирија


Од Црвен крст на РСМ денеска соопштија дека преку нивните донаторски линии и од Фондот за солидарност заклучно со вчера се собрани вкупно  27.909.130 денари за помош за лицата кои настрадаа во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.  – Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на: сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот […]

Прилепчанец се расправал со помлади луѓе, па испукал двапати во земја


На 14.02.2023 околу 18.45 часот во Прилеп, полициски службеници од Полициската станица  Прилеп го лишиле од слобода Р.М.(63) од Прилеп. Околу 18.10 часот, по претходна расправија со А.М.(28) и Б.М.(38), двајцата од Прилеп, тој од пиштол испукал во земја и му се заканил на Л.П.(27) од Прилеп, кој се обидел да ги раздели. Според пријавеното, […]

Владата именуваше нов директор на ЈП „Службен весник“


 Владата на денешната седница ја именуваше Кристина Јоакимовска за в.д. директор на ЈП „Службен весник“ на Република Северна Македонија. Како што пренесуваат од Владата, на денешната, 129-та владина седница, по точката за кадровски прашања Владата донела одлука да го разреши Владимир Кроневски од должноста директор на ЈП „Службен весник“ на Република Северна Македонија и да […]

ЗНМ: Неовластено преземање на авторски фотографии е кривично дело


Во насока на подобрување и заштита на авторските права на фоторепортерите, претставници на ЗНМ и членовите на Секцијата на фоторепортери при ЗНМ одржаа работен состанок со обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје. ,,Зголемениот тренд на кражба на фотографии и грубо кршење на авторското право на фоторепортерите  од страна на некои медиуми но и други комерцијални […]

Кампања за вакцинација против Ковид-19 еднаш годишно како против грип


Холандија– Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска објави дека очекува кампањите за вакцинација против Ковид-19 да се спроведуваат еднаш годишно, слично како и вакцинацијата против грип. Иако вирусот што предизвикува Ковид-19 сè уште не се однесува како сезонски вирус за време на зимските бранови во умерените климатски подрачја, тоа би можело да биде правецот по кој би одело, изјави директорот за здравствени закани […]

Битиќи: Го воведуваме првиот дигитален асистент во јавниот сектор „АДА“, базиран на вештачка интелигенција


  На денешната седница на Владата на Република Северна Македонија, преку демо-симулација беше извршена презентацијата на првиот дигиталниот асистент во јавниот сектор во нашата земја, „АДА“ дизајниран за потребите на програмите за државна помош.  Преку дигиталниот асистент, граѓаните и заинтересираните странски инвеститори ќе можат да ги добијат сите релевантни информации и да се запознаат со […]

Руски балони над Киев, повеќето соборени


Шест руски балони се забележани над Киев, а повеќето од нив се соборени со противвоздушни ракети, соопшти денеска воената управа на главниот град на Украина. Во соопштението објавено на Телеграм, властите во Киев нагласија дека балоните можеби носеле аголни рефлектори и опрема за разузнавање. Потенцијалната цел на пуштањето балони била да се „исцрпи нашата противвоздушна […]

Даравелски излезе од затвор


По 20 години надвор од Македонија и 35 дена во затвор, ексдиректорот на Царинската управа, Драган Даравелски излезе од Идризово и се упати дома, во Куманово, каде ќе го чека повтореното судење за делото „злоупотреба на службената положба и овластување“, за во 2008 година беше осуден на затворска казна од седум години. Случајот се враќа […]

Се воспоставува систем за елиминирање недозволена трговија со тутунски производи


  Владата, на денешната 129-та седница, на предлог на Министерството за финансии, ја разгледа и усвои Информацијата за воспоставување Систем за следење и контрола на тутунски производи и на Систем за следење и контрола на нафта и нафтени деривати – „Track&Trace“, со препораки за начинот на имплементација во Република Северна Македонија. – Системот за следење […]

Два концерти на Дарио и Миг 21 во Филхармонија


Како што информираат од Авалон Продукција, поради голем интерес за настанот, закажан e и втор концерт на Дарио и Миг 21, кој ќе се одржи наредниот ден, односно на 18-ти февруари. Со овие концерти тој одбележува 40 години кариера, а пак Авалон, 30 години постоење. Од продукцијата порачуваат дека е важно да се знае оти […]

Усвоен Нацрт концепт за дигитална трансформација на општеството


Националниот совет за дигитална трансформација на општеството, со кој претседава вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска го одржа вториот состанок, на кој беше усвоен Нацрт концептот за дигитална трансформација на општеството.   Нацрт концептот за дигитална трансформација на општеството, соопштија од кабинетот на Грковска, почива на четири принципи – владеење на […]