Ковачевски и Тренчевска ќе присуствуваат на отворањето на детската градинка „Сонце“ во Волково


Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и директорот на Канцеларијата на Светска Банка за Северна Македонија и Косово Масимилиано Паолучи ќе присуствуваат на официјално отворање на детската градинка „Сонце“ во Волково, Скопје.

Како што соопштија од Влада, на настанот ќе присуствува и ќе се обрати и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски.