Трагичен продолжеток на една од најсреќните приказни во светот


Едно од 12-те момчиња спасени од тајландска пештера во 2018 година почина во Велика Британија, каде што беше дел од фудбалска академија.

Момчето Дуангпех Промтеп (17) било пронајдено во несвест во студентски дом во Лестершир и било пренесено во болница, каде што починало, јави Би-Би-Си.

Причината за смртта е непозната, но локалната полиција соопшти дека неговата смрт не се третира како сомнителна.

Според тајландските медиуми, Промтеп се здобил со повреди на главата.

Како што пишува Би-би-си, смртта на ова момче ја засени приказната од пред неколку години кога имаше среќен крај.

Неверојатната сага за тајландските момчиња спасени од пештерата е една од ретките работи во светските вести кои имаа среќен епилог, забележува дописникот на Би-би-си, Џонатан Хед, кој бил задолжен за југоисточна Азија.

„Кога ја добивме веста дека исчезнале група тајландски фудбалери, со колегите заминав во Чианг Раи, а потоа до влезот на пештерата во комплексот Там Ланг, носејќи облека само за три дена“, се сеќава новинарот.

Тоа беше вест како многу други во светот. некој исчезнал и потоа или ќе го пронајдат или приказната има трагичен крај. Но, тоа беше погрешна проценка.

Пет дена по објавата дека ги нема, по момчињата уште се трагаше. Никој не знаеше каде се, а комплексот е огромен. Тајландските спасувачи ги истеруваше надојдената вода во пештерата.

„И тогаш тој запрепастувачки момент, кога британските нуркачи Џонатан Волонтен и Рик Стантон ги најдоа. „Колкумина сте? Тринаесет? Брилијантно.“ Се чинеше дека е чудо“, се сеќава новинарот.

Тогаш почна потешкиот дел. Момчињата требаше да се извлечат од пештерата која се полнеше со надојдена вода. Требаше долго да се нурка за да се дојде до нив и до нивниот млад тренер. А потоа да се вратат по мрак и студенило, низ надојдената вода со исцрпените момчиња кои никогаш не нуркале.

Станаа најпознатите момчиња на светот.

На крај, по многу состаноци и разни опции, момчињата беа извлечени. И станаа ѕвезди. „Нетфликс“ ги откупи правата за филм. 

Вчера умре едно од тие момчиња.