Од понеделник стартува регистерот на избрани и именувани функционери на ДКСК


Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска, најави дека од понеделник ќе стартува регистерот за избрани и именувани функционери во Македонија. регистерот же биде достапен на страницата на ДКСК и ќе биде јавен. Тоа значи дека секоја државна институција ќе има обврска да пријавува промена на раководна функција, а тие што нема […]

ДКСК бара кривична за Мојсоски: Не се знае како и кому АМС дава пари


 Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната 81 седница донесе одлука да достави иницијатива до Јавното обвинителство за кривично гонење на актуелниот директор на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски и членовите на централната комисија поради основани сомнежи за злоупотреба и непочитување на ваучер системот на финансирање фондации и спортски клубови. ДКСК […]

Распродадоа тони злато по смешна цена, а сега го купуваат скапо


  Хрватската народна банка во декември минатата година купи 562,56 унци злато, или околу 1,75 метрички тони, со вкупна вредност од 96 милиони евра, објави ХНБ на својата официјална веб-страница. Ова е прв пат по независноста на Хрватска, ХНБ да купи значителна количина злато и претставува крај на долгата ера во која ХНБ беше една […]

Министерот Бектеши ѝ се извини на новинарката на Канал 5


  Еден ден по невнимателните, па дури и скандалозни зборови на министерот за економија, Крешник Бектеши, во „дуел“ со новинарите, тој побрза да ја поправи штетата и ѝ се извини на новинарката на Канал 5, Катерина Капкоска. Бектеши на вчерашната прес-конференција им држеше лекции на новинарите, па дури и тврдеше дека тие не биле на […]

Прада го престигна Гучи како најбаран моден бренд во светот


Платформата за анализа на трендови Lyst објавува извештај четири пати годишно во кој јасно се опишува состојбата на модната индустрија. Овој пат беше објавена анализа за последниот квартал од 2022 година, која ја одбележаа скандали и промени, што се одрази и на рангирањето на најпопуларните брендови. Баленсијага ја заврши годината со проблеми и падна на […]

Резултатите на „Епл“ не ги исполнија очекувањата за прв пат од 2016 година


„Епл“ ја објави својата заработка во првиот квартал по затворањето на берзите на 2 февруари, кои не ги исполнија очекувањата на аналитичарите бидејќи продажбата на ајфон падна за повеќе од 8 отсто на годишно ниво. Еве ги клучните бројки од извештајот во споредба со очекувањата на Волстрит, составени од Блумберг: Приход: 117,1 милијарди долари наспроти […]

Кај Гоце Делчев ќе се влегува само со најава и според распоред


И покрај шпекулациите  и драматизирањата како ќе се одвива утре чествувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, од тоа дека гостите од Бугарија ќе добијат ВИП третман, до тоа дека ќе ги чува  бугарска полиција, од МВР вчера јасно порачаа дека за целата организација на настанот  е одговорна нашата држава и дека секој што […]

Мрачен данок на инвазијата – Русија веќе има 200.000 ранети и убиени во Украина


  ВАШИНГТОН – Бројот на убиени и ранети руски војници во Украина се приближува до 200.000, што е силен симбол за тоа колку лошо помина инвазијата на претседателот Владимир Путин,според американските и другите западни претставници Иако официјалните лица предупредуваат дека жртвите е тешко да се проценат, особено затоа што се верува дека Москва рутински ги […]

Кирјос ослободен од обвинението за семејно насилство


Австралискиот тенисер Ник Кирјос  во судот во Канбера е ослободен од обвинението за семејно насилство, иако претходно во текот на процесот призна вина за инцидентот што се случи во 2021 година кога ја нападна својата поранешна девојка Кјара Пасари. Обвинението против Кирјос е отфрлено откако судот процени дека станува збор за „помал инцидент“. Кирјос му […]

Словенија има потреба од странски работници


  Во Словенија има хроничен недостиг на работна сила во одредени индустриски гранки, бројот на барања за вработување на странци е зголемен за три пати од 2016 година, но проблем се долгите процедури за добивање на потребните документи, пренесува РТВ Словенија. Со 12 отсто учество на странска работна сила, Словенија е над европскиот просек, а […]

Платформа за родова еднаквост: Мора да има забрана за вршење на лекарска дејност за гинекологот Асани


Платформата за родова еднаквост е згрозена од пресудата на струшкиот Основен суд со која му се изрекува условна казна на гинекологот Мухамед Асани кој во периодот од 2015 до 2020 година нелегално давал гинеколошки услуги во нерегистрирана ординација во својата куќа. Дополнително, фрапира фактот што Судот со оваа пресуда не изрече и споредна казна забрана […]

Спасовски предупредува: Тие што провоцираат не завршуваат казнети туку тие што наседнуваат


 Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска упати апел до граѓаните по повод чествувањето на 4 февруари, денот на раѓањето на Гоце Делчев, преку кој повикува да не се подлегнува на провокации и одбележувањето да помине смирено и достоинствено.  Според Спасовски, институциите нема да дозволат никаква ескалација, инцидент или понижување на македонскиот народ и држава […]

Слаба заинтересираност за лични асистенти на ученици во Центар, општината повторно со повик


Општина Центар распиша Јавен повик за ангажирање на лични асистенти во проектот „Образование за сите“ за потребите на ученици со посебни образовни потреби вклучени во образовниот процес во основните училишта на територија на Општина Центар – Скопје, во учебната 2022/2023 година. Имено, повторниот Јавен повик се распишува заради недоволно пријавени кандидати за лични асистенти на […]

Збогум aрабика, здраво либерика: Какво кафе ќе пиеме во иднина?


Индустријата за кафе е соочена со очајна потреба драстично да се реинформира и да се сврти кон нова варијација на културите наспроти глобалното затоплување. Решението доаѓа во форма на зрната либерика, откритие што може да ја спаси индустријата. Лик до текстот тука

Стартап од САД може да ја врати во живот изумрената птица додо


  Стартапот „Colossal Biosciences“ со седиште во Далас, тврди дека се приближиле до оживување на доидо, птица која изумрела во 17 век, затоа што успеале да го дешифрираат геномот. Порано наведоа дека планираат повторно да го створат тасманискиот волк и волнениот мамут. Но, стартапот има уште многу пред да ја воскреснат додо. Научниците не можат […]

Харуки Мураками ќе објави нова книга по шест години пауза


Јапонија-  Харуки Мураками ќе објави нов роман, негов прв по околу шест години, на 13 април, објави во средата неговиот издавач, без да го открие насловот или заплетот. Романот на 74-годишниот јапонски автор, кој долго време се сметаше за кандидат за Нобеловата награда за литература, ќе чини 2.970 јени (22 долари) по примерок, соопшти издавачката […]

Кога тие се расправаат со партнерот, тргнете им се: Овие хороскопски знаци прават најголема драма дури и на јавни места!


Астрологијата ги открива хороскопските знаци кои ги прават најголемите љубовни сцени. Нивните емоции се интензивни, толку многу што можат да заборават каде се. Колку и да го сакаат партнерот, тие лесно можат да почувствуваат неверојатен наплив на омраза и се подготвени да ја направат најголемата сцена досега. Хороскопот открива во кои знаци најчесто се раѓаат […]

Автобус од Романија, излета од пат во Словенија, најмалку тројца мртви


Тешка сообраќајна несреќа во која учествувал автобус со странски регистарски таблички се случила на автопатот кон Марибор кај клучката Липовци, јавува словенечки 24ur.com. Три лица загинаа, а повеќе се повредени, соопшти полициското одделение Мурска Собота. Според словенечките медиуми, автобусот е со романски регистарски таблички. Истрагата се уште е во тек.

Рисимкин со „Леди Магбет“ во програмата на Верона фестивалот во Италија


По минатогодишниот огромен успех и гостувањето во култниот Национален театар за современ танц „Шајо“ во Париз, Франција, Рисима Рисимкин продолжува да ги освојува најзначајните светски сцени и да ја презентира Македонија на највисоко уметничко ниво. Од 24 до 31 август 2023 Рисимкин, со танчерите на Скопје танцовиот театар, ќе гостуваат на сцената на Фестивалот на […]

Непотоплив брод изграден во Шибеник, ќе биде доставен до Министерството за здравство


Првиот од шесте чамци за итна медицинска интервенција на море и на острови кои се градат во бродоградилиштето Искра во Шибеник ги помина сите тестови и наскоро треба да биде предаден на Министерството за здравство. Бродот е долг 15 метри, изработен од алуминиумски легури, практично не потонува и е опремен со современа медицинска опрема, соопшти […]