Харуки Мураками ќе објави нова книга по шест години пауза


Јапонија-  Харуки Мураками ќе објави нов роман, негов прв по околу шест години, на 13 април, објави во средата неговиот издавач, без да го открие насловот или заплетот.

Романот на 74-годишниот јапонски автор, кој долго време се сметаше за кандидат за Нобеловата награда за литература, ќе чини 2.970 јени (22 долари) по примерок, соопшти издавачката куќа Шинчоша, додавајќи дека истата ќе биде објавена и верзија на е-книга.

Издавачката куќа не ни посочи кога ќе бидат објавени преводите на романот. Она што го навести издавачот е бројот на страници – ракописот е долг 1.200 страници.

Неговите дела, десетина романи, новели и есеи, се преведени на педесет јазици. Меѓу неговите најпознати романи се „The Wind-Up Bird Chronicle “ (1994), „Kafka On the Shore“ (2002) и „1Q84“ (2009).

Неговиот краток расказ „Drive My Car“ беше адаптиран во филм кој го доби Оскар за најдобар странски филм во 2022 година. Последниот роман на Мураками, „Killing Commendatore“, беше објавен во Јапонија во 2017 година.

Долгоочекуваната „За што зборувам кога зборувам за трчањето“  во 2021 пристигна во ТРИ! Мемоарите на големиот јапонски писател за потрагата по смислата на животот низ призмата на двете негови најголеми страсти, конечно на нашите полици, објави македонскиот издавач. 
Мураками раскажува и како тркач и како автор. Во оваа книга читателите, особено обожавателите на Мураками и вљубениците во трчањето, ќе се состанат на иста фреквенција.