Прада го престигна Гучи како најбаран моден бренд во светот

Платформата за анализа на трендови Lyst објавува извештај четири пати годишно во кој јасно се опишува состојбата на модната индустрија. Овој пат беше објавена анализа за последниот квартал од 2022 година, која ја одбележаа скандали и промени, што се одрази и на рангирањето на најпопуларните брендови.
Баленсијага ја заврши годината со проблеми и падна на 11-то место на листата на 20 најбарани луксузни брендови. Во првиот квартал од минатата година беше на прво место, во вториот квартал беше втор, а во третиот квартал четврти. Така, од поодамна ова е најголемиот пад за модната куќа која сè уште ги трпи последиците од кампањата која ги натера и нејзините најголеми фанови да го бојкотираат носењето и купувањето нови парчиња на Баленсијага.
Од друга страна, позицијата на италијанската куќа Прада никогаш не била посилна – луксузниот бренд под водство на Миуча Прада е на првото место на најпопуларните модни брендови, оставајќи го зад себе Гучи. Моментално е на второто место, а на падот на популарноста сигурно влијаела промената на врвот, односно отпуштањето на креативниот директор Алесандро Микеле.
Moncler се искачи на третото место, а потоа следат Miu Miu, Valentino, Bottega Veneta, Loewe, Dior, Dolce & Gabbana и Saint Laurent кој е на десеттото место. Исто така, интересно е да се забележи дека и во овој квартал италијанските брендови продолжуваат да доминираат по популарност, заземајќи ги првите шест позиции на листата.
На листата на најбарани модни артикли, макси чантата на Saint Laurent под името Icara, а на листата се најдоа и вирални парчиња како Loewe puffer јакна без шевови, чевли со потпетица Mach&Mach, чанта Sardine на Bottega Veneta и метални slingback чевли на Прада.