Карневал во Венеција


Италија- Во еден од најубавите градови во светот почна традиционалниот карневал, којшто ќе трае до 21 февруари. Мотото на карневалот во Венеција оваа година гласи: „Оддели време за оригиналните симболи“, а организаторите со него сакаат да потсетат на почетоците на карневалските прослави во Италија. Историјата на карневалскиот фестивал во Венеција достига до средниот век, а […]

Бесими: Ефектот од ЕУ е 850 евра просечно дополнителен приход годишно по глава на жител


  Побрз економски раст, подобар животен стандард, поголема продуктивност на трудот, подобра деловна клима и структурен развој на приватниот сектор, напредок во институционалната демократија и доброто владеење, се дел од придобивките од членството во Европската унија. Напоредно треба да работиме на изградбата на наш успешен економски модел, базиран на инвестиции, иновации, човечки капитал, инфраструктура и […]

(Видео) Фиоката под рерната ретко кој знае за што се користи, а некои пак воопшто не ја користат


Малкумина знаат за што служи фиоката под рерната. Многумина од нас имаат фиока под рерната и речиси никој не ја користи. Барем не како што треба, ако земете во предвид дека тука повеќето луѓе ги ставаат своите тенџериња и тави. Производителите не сакале тоа да му биде целта, иако се свесни дека повеќето домаќинки сакаат […]

Новак денес го поправа тоа што го расипа Орбан со Македонија


  Претседателката на Унгарија, Каталин Новак, порача денес на прес-конференција во Скопје дека, и покрај епизодата со пребеганиот премиер Никола Груевски и азилот што му го даде Будимпешта, односите со Македонија успешно се развиваат, како на ниво на граѓаните така и на ниво на државите. Таа повтори дека одлуките за Груевски се надлежност на правосудните […]

Пендиков отпуштен од ВМА во Софија


Генсекот на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ Христијан Пендиков е отпуштен од Воената-медицинска академија (ВМА), соопштиле од болницата, пишуваат бугарските медиуми. Тој беше примен на ВМА откако беше нападнат на 19 јануари 2023 година во Охрид. На 20 јануари со владиниот авион „Фалкон“ од Македонија во Бугарија беше пренесен и примен на лекување. Кога […]

Македонската Армија е подготвена да даде секаква поддршка на турскиот народ


Изразувам длабоко сочувство до турскиот народ и нашите сојузници од Турција, но и подготвеност за помош во овие тешки моменти за нашите пријатели, напиша министерката за одбрана Славјанка Петровска на нејзиниот фејсбук профил. – Македонската Армија е подготвена да даде секаква поддршка за да помогнеме во напорите со справување со последиците од оваа страшна катастрофа […]

ХПВ вакцина: Лаги опасни по живот


Дезинформациите влијаат во сите сфери, но во здравствената засегаат човечки животи. Токму дезинформациите против ХПВ вакцината придонесоа таа и по 16 години од нејзината употреба да остане со најмал опфат во земјата. Линк до целиот текст тука

Училиштата во 10 градови и провинции во Турција ќе бидат затворени една недела


Училиштата во 10 градови и провинции во Турција, кои беа погодени од денешниот разорен земјотрес, ќе бидат затворени една недела, изјави турскиот потпретседател Фуат Октај. Станува збор за училишта во градовите и провинциите Кахраманмарас, Хатај, Газиантеп, Османије, Адијаман, Малатија, Шанлиурфа, Адана, Дијарбакир и Килис, јавува Би-Би-Си. Октај рече дека летовите до и од аеродромот во […]

Која е Бони Раjт, музичарката која ги победи Бијонсе, Адел и Хари Стајлс?


САД- Едно од најголемите изненадувања синоќа на Греми н2023 во Лос Анџелес беше Бони Рајт, која ја однесе наградата за песна на годината. Номинирани во таа категорија беа Тејлор Свифт, Лизо, Хари Стајлс, Бијонсе и Адел, па јасно е од каде тој елемент на изненадување. „Just Like That“ на Бони ја победи конкуренцијата: „All Too […]

„Гајрет“ – концерт на Филхармонија со солисти од Македонија, Турција и Либан


Овој четврток, оркестарот на Македонската филхармонија ќе го одржи концертот насловен „Гајрет“ на кој како солисти ќе настапат македонската перкусионистка Мојца Седеу и гостите од Турција – Бурџу Карадаг (неи) и Ајкут Коселерли (перкусии). Диригент е Лубнан Баалбаки, а на програмата се Концерт во два става за солист на удиралки и оркестар од Љубомир Бранѓолица, Концертот за неи и оркестар „Хезафрен“ оп 39 […]

Уште еден земјотрес со јачина од 7,8 степени во истото подрачје во Турција


Нов силен потрес ја погоди Турција на истото подрачје, магнитудата е 7,8 степени според Рихтер. Вториот силен земјотрес се случи во 13.24 часот по локално време или 11.24 часот кај нас, на 59 км од Караманмарас, на длабочина од 10 км.   Претходно Турција ја погоди силен земјотрес од 7,8 степени, пришто загинаа над 650 […]

Со речиси 370.000 евра ќе се гради резервоар за вода за пиење и потисен цевковод во Тремник


Врз основа на поднесената апликација до Министерството за животна средина и просторно планирање за 2023 година, со доставен основен проект и одобрение за градба, на општина Неготино и се одобрени финансиски средства во висина од 22.600.000 денари за изградба на потисен цевковод и резервоар за вода за пиење во селото Тремник, информираше денеска градоначалникот на […]

Адел го донесе холивудскиот гламур на Греми


САД- Адел испорача холивудски гламур за нејзиното враќање на црвениот тепих на Греми. По пауза од шест години од присуството на доделувањето на наградите, поп-ѕвездата актуелна со концертите „Викенди со Адел“ во Лас Вегас се врати како модна сила на Греми наградите  синоќа во Лос Анџелес. Иако не позираше на црвениот тепих, Адел зрачеше со […]

Битиќи: Ќе се увезуваат работници од странство, првично од Западен Балкан


  Македонската економија ќе се раздвижува со увоз на работници од странство. Пазарот ќе се либерализира, но дали целосно или таргетирано, сѐ уште е отворена дилема, вели вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Фокусот во старт, посочува Битиќи во интервју за Дојче веле, е регионот на Западен Балкан. Идејата е да се зголемат и годишните […]

Маж од Гевгелија на возраст од 37 години е жртвата кај Три Чешми


Возачот на автомибилот марка „голф“ со гевгелиски регистерски таблички загинал на местото при судир со тешко товарно возило на клучката кај Три Чешми, каде се спојуваат експресниот пат кон Штип и автопатот Штип-Миладиновци. Станува збор за маж роден 1986 година во Гевгелија. Автопатот Штип – Миладиновци е затворен и во двете насоки, додека трае увидот […]

Стаклото на македонскиот клуб е искршено како реакција, вели градоначалникот на Благоевград


  Сѐ уште се трага по луѓето кои го искршија стаклото на излогот на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград во саботата, дента кога се одбележуваше денот на раѓањето на Гоце Делчев. БНТ јавува дека македонскиот културен клуб работи само еден час неделно, а градоначалникот на Благоевград тврди дека тоа и не е клуб. […]

Црвениот крст организира помош по катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија


Силниот катастрофален земјотрес од 7,8 степени според Рихтеровата скала што денеска ги  погоди Турција и Сирија предизвика големи материјални штети, повредени  и човечки загуби. Црвениот крст на Република Северна Македонија изразува длабоко жалење и искрено сочувство до народот во Турција и Сирија за жртвите од страотниот земјотрес. Црвениот крст на РСМ е во комуникација со Турската Црвена […]

Мадона непрепознатлива на Греми


САД– Кралицата на попот стигна до Греми на синоќешното доделување во Лос Анџелес. Сите очи беа вперени во 64-годишната Мадона, ја најавуваше изведбата на Сем Смит и Ким Петрас и нивниот сингл „Unholy“, добитник на Греми. „Еве што научив по четири децении во музиката: Ако ве наречат шокантен, скандалозен проблематичен, провокативен или опасен, дефинитивно сте […]

Видео од долгиот земјотрес во Турција


Земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала рано утринава ја погоди јужна Турција и беше почувствуван во голем дел од земјата како и во неколку земји во регионот, вклучително и соседна Сирија. Досега се регистрирани над 500 загинати во двете земји ,а земјотресот е еден од најсилните што ја погоди Турција во повеќе […]