Адел го донесе холивудскиот гламур на Греми


САД- Адел испорача холивудски гламур за нејзиното враќање на црвениот тепих на Греми.

По пауза од шест години од присуството на доделувањето на наградите, поп-ѕвездата актуелна со концертите „Викенди со Адел“ во Лас Вегас се врати како модна сила на Греми наградите  синоќа во Лос Анџелес.

Иако не позираше на црвениот тепих, Адел зрачеше со елеганција во салата меѓу гостите блечена во кадифена, рубин наметка на Луј Витон и накит на Тифани. Косата и беше волуминозно исфенирана и стилизирана во големи, сјајни бранови, и соодветен бордо маникир.

За време на церемонијата, Адел седеше до Лизо, која беше облечена во волумозна црвена тоалета на Долче и Габана.

Заостанувајќи зад Бијонсе и Кендрик Ламар, 34-годишната ѕвезда беше номинирана за седум од најпосакуваните награди на вечерта, вклучувајќи снимка на годината, албум на годината и песна на годината. Го освои за најдобро соло-изведба во категоријата поп. Досега има освоено 15  Греми награди од нејзините 25 вкупни номинации за Греми на сите времиња (и уште повеќе).

Британската ѕвезда се се пресели во САД во ноември 2022 година.