(Видео) Фиоката под рерната ретко кој знае за што се користи, а некои пак воопшто не ја користат


Малкумина знаат за што служи фиоката под рерната.

Многумина од нас имаат фиока под рерната и речиси никој не ја користи. Барем не како што треба, ако земете во предвид дека тука повеќето луѓе ги ставаат своите тенџериња и тави. Производителите не сакале тоа да му биде целта, иако се свесни дека повеќето домаќинки сакаат во неа да оставаат хартија за печење, фолија или разни калапи за колачиња.

Всушност, оваа фиока е идеална во ситуации кога имате гости. Служи за да ја одржува храната топла! Така, кога подготвувате храна, можете да ја ставите во оваа фиока и таа ќе остане на температура подготвена за сервирање. Многу луѓе не ни знаат дека секогаш доаѓа со инструкции, а во повеќето случаи гласи вака:
„Топлата фиока е дизајнирана да ја зачува топлината на топлата храна на температура на сервирање. Секогаш ставајте топла храна во неа. Ладната храна или храната на собна температура не може да се загрева или готви во топла фиока“. Исто така, доколку сакате да ја исчистите на рерната брзо, постои трик со таблета за миење садови.

Сè што треба да направите е да втиснете таблета за миење садови во сунѓер натопен во вода и да започнете со чистење. Оставете да делува 10 минути, а потоа исплакнете ја пената. Ќе се изненадите колку е ефикасна таблетата, а во прилог на тоа зборуваат и бројни домаќинки кои ги споделија резултатите на социјалните мрежи.