Вицепремиерот Маричиќ во Атина на средба со Варвициотис


Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, денеска престојува во еднодневна официјална посета на Атина каде што ќе има средба со алтернативниот министер за надворешни работи на Република Грција задолжен за европски прашања, Милтиадис Варвициотис.   Македонските евроинтеграции, Западен Балкан, политика на проширување на ЕУ, енергетиката, војната во Украина и отворање нови […]

Извештајот од работната посета на Апелација денеска на седница на Судски совет


Судскиот совет на денешната 427 седница треба да го разгледа извештајот од работната посета на Апелационен суд Скопје. Работната посета треба да даде одговор за постапувањето на Апелација по предметите „Таргет-Тврдина“, „Трезор“, „Транспортер“ и „Алфа“ во смисла на почитување на законските рокови, преземените дејствија од страна на судијата и законитоста во одлучувањето во смисла на […]

На продажба запленетиот имот на поранешниот хрватски премиер Иво Санадер


Хрватска – По изрекувањето на правосилните пресуди во постапката против поранешниот хрватски премиер Иво Санадер, државата покрена постапка за наплата на отштета од околу десет милиони куни (околу 1,3 милиони евра).  Конфискуваниот имот на Санадер и неговото семејство, што се состои од недвижен имот, земја и вредни уметнички дела, ќе биде ставен на продажба, јавија хрватските […]

Почина поранешниот грчки крал Константин Втори


Грција – Поранешниот крал на Грција Константин Втори, чие деветгодишно владеење се совпадна со еден од најтурбулентните периоди во политичката историја на земјата, почина на 82-годишна возраст. Константин Втори, единствениот син на кралот Павле и на кралицата Фредерика од Грција, стапи  на тронот во 1964 година по смртта на неговиот татко, но неговото владеење беше обележано со […]

Со македонски пасош без визи во 125 земји


Македонскиот пасош е рангиран на 44. место според индексот на Henley Passport за 2023 година, и со него без визи може да се патува во 125 земји во светот. Северна Македонија бележи напредок од една позиција во однос на лани кога беше позиционирана на 45 место.   Од земјите во регионот, најдобро рангиран е грчкиот пасош […]

Поранешниот финансиски директор на организацијата на Трамп осуден на пет месеци затвор за даночна измама


САД – Поранешниот финансиски директор на организацијата на Доналд Трамп, Алан Вајсалберг, е осуден на пет месеци затвор поради даночна измама. Тој ќе мора да плати и парична казна од над 2 милиони долари. Вајсалберг се изјасни за виновен по 15 точки од обвинението за даночна измама што вклучува 1,76 милиони долари непријавен приход од […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 11 јануари 2023 година, 11-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 354 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 7 часот и 1 минута, а ќе зајде во 16 часот и 22 минути. Денов трае 9 часа и 21 минута. Месечината која е во фаза на млада Месечина, нема да изгрее […]

Облачно и студено, повремено со дожд и снег


Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со повремени слаби локални врнежи од дожд и снег во пониските, а на некои од повисоките места и на планините врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, […]

Високиот советник на Стејт департментот Шоле во Скопје 


Советникот на Стејт департментот Дерек Шоле денеска ќе престојува во Скопје, при што ќе се сретне со премиерот Димитар Ковачевски, со кого ќе разговара за повеќе прашања, меѓу кои енергетиката, економијата и борбата против корупцијата. Делегацијата што ја предводи Шоле ќе биде пречекана пред платото на Владата. Целта на посетата на Шоле на Западен Балкан, […]

Заврши средбата во Тирана, на маса европската иднина на Македонија


Средбата на албанскиот премиер Еди Рама со лидерите на албанските политички партии од Македонија заврши доцна вечерва. По средбата, лидерите кои присуствуваа на неа ја оценија како братска и релаксирана со порака декз во фокусот била заедничката европска иднина на двете земји. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети кажа дека средбата поминала во позитивен и братски […]

Иран осуди белгиски хуманитарен работник на 40 години затвор и камшикување


Иран зад затворени врати осуди белгиски хуманитарен работник на 40 години затвор и 74 удари со камшик под обвинение за шпионажа, јавија денеска државните медиуми. На веб-страницата на иранскиот правосуден систем се наведува дека Револуционерниот суд го осудил 41-годишниот Оливие Вандекасл на 12,5 години затвор за шпионажа, 12,5 години за соработка со непријателски влади и 12,5 години за перење пари. Белгиецот е казнет и со милион долари […]

Медиу смета дека е невин и обвини дека мотивот за негово кривично гонење е политички


Поранешниот албански министер за одбрана, Фатмир Медиу, кој е обвинет за злоупотреба на службената положба за случајот „Грдец”, во првата реакција обвини дека мотивот е политички, додавајќи дека е невин, бидејќи, според него, не била „министерска наредба што ја предизвикала трагедијата”. – Ми беше презентирано истото досие, истото обвинение како и во 2009 година, без […]

Рама вечерва ќе обезбедува албанска поддршка за уставните измени?


Средбата на лидерите на политичките партии на Албанците од земјава со премиерот на Албанија, Еди Рама е во тек во во Тирана. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети,на неа  пристигна во придружба на вицепремиерот Артан Груби, кој е главен фактор на сопнување меѓу Ахмети и „Огнената група“. На средбата не се појави лидерот на БЕСА, Билал Касами […]

Компанијата „Ербас“ минатата година испорачала 661 патнички авион, осум отсто повеќе од лани


Компанијата „Ербас“ денеска соопшти дека минатата година испорачала 661 патнички авион на 81 клиент, што претставува зголемување од осум отсто споредено со 2021 година. Најголемиот европски производител на патнички авиони наведува дека лани имал вкупно 1.078 нарачани авиони, што вкупно изнесува 7.239 досега нарачани патнички авиони.

Полицијата ќе им тропне на врата на Британците кои нелегално гледаат Премиер лига


Британската полиција следната недела ќе тропне на вратите на повеќе од 1.000 домови во Англија каде нелегално се гледаат натпревари од Премиер лигата. Mirror пишува дека полицијата со напредна технологија открила кој гледа фудбал преку популарната IPTV, специјално модифициран хардвер и други стримови на интернет и дека овие корисници ќе бидат санкционирани. Mirror пишува дека […]

Пауел: ФЕД ќе прибегне кон непопуларни мерки за да ги стабилизира цените


  Претседателот на Федералните резерви Џером Пауел во вторникот ја истакна потребата централната банка да биде ослободена од политичко влијание додека се занимава со постојано високата инфлација. Во говорот во седиштето на шведската Риксбанк во Стокхолм, Пауел истакна дека стабилизирањето на цените бара носење тешки одлуки кои можеби се политички непопуларни. „Стабилноста на цените е […]

Четири американски банки се подготвуваат за пад на профитот и рецесија


  Четири американски банкарски гиганти – Џи-Пи Морган Чејс (JPMorgan Chase & Co), Бенк оф Америка (Bank of America Corp), Ситигруп (Citigroup Inc) и Велс Фарго (Wells Fargo & Co) – ќе ја објават заработката во петок. Заедно со Морган Стенли и Голдман Сакс, тие ги сочинуваат првите шест заемодавци за кои се очекува да […]

Сообраќаен хаос во Скопје


Скопје го зафати сообраќаен хаос во попладневните часови, кога е нормална гужвата по работа. Дел од главните крстосници беа регулирани од полициски службеници. Граѓаните заглавени во своите возила со часови чекаа да стигнат до својата посакувана цел. Големата гужва доведе и до сообраќајна несреќа која се случи на бул. Кочо Рацин меѓу автобус и автомобил. […]

ЕК исклучи 21 унгарски универзитет од програмите Еразмус и Хоризонт


Европската комисија одлучи да го суспендира финансирањето на Еразмус и Хоризонт за 21 унгарски универзитет управувани од фондации поврзани со владата. Во април 2021 година, овие универзитети беа трансформирани во „фондации од јавен интерес“ управувани од луѓе блиски до премиерот Виктор Орбан. Причина за суспензијата е присуството на политички личности и блиски до владата на […]

Лајчак и Вархеји разговараа за дијалогот меѓу Белград и Приштина


Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, денеска разговараше со европскиот комесар за соседска политика и проширување, Оливер Вархеји, за процесот на дијалогот. Лајчак во објава на својот Твитер профил, посочи дека имал корисен разговор со Вархеји и за поширокиот регионален контекст, како и за напорите на ЕУ за […]