ЕК исклучи 21 унгарски универзитет од програмите Еразмус и Хоризонт


Европската комисија одлучи да го суспендира финансирањето на Еразмус и Хоризонт за 21 унгарски универзитет управувани од фондации поврзани со владата.

Во април 2021 година, овие универзитети беа трансформирани во „фондации од јавен интерес“ управувани од луѓе блиски до премиерот Виктор Орбан.

Причина за суспензијата е присуството на политички личности и блиски до владата на Фидес во управните одбори, како и нетранспарентноста во користењето на европските фондови,пренесе Танјуг.