Сообраќаен хаос во Скопје


Фото: Б. Грданоски

Скопје го зафати сообраќаен хаос во попладневните часови, кога е нормална гужвата по работа. Дел од главните крстосници беа регулирани од полициски службеници. Граѓаните заглавени во своите возила со часови чекаа да стигнат до својата посакувана цел.

Големата гужва доведе и до сообраќајна несреќа која се случи на бул. Кочо Рацин меѓу автобус и автомобил.

Хаосот кој го зафати Скопје го забележаа и од ЦУК. Од таму велат дека застој имало на сите клучни сообраќајници.

-бул. Србија кон бул. АСНОМ,

-бул. АСНОМ во двете насоки,

-бул. Александар Македонски кон излез на Скопје,

-бул. Гоце Делчев во двете насоки,

-бул. Гоце Делчев кон ул.Беласица,

-ул. Беласица во двeте насоки,

-бул. Кузман Јосифовски Питу кон Центар и обратно,

-бул. Крсте Мисирков во двете насоки,

-бул. Кочо Рацин во двете насоки,

-ул. Димитрије Чуповски во двете насоки,

-мост Нова железничка станица кон бул. Гоце Делчев и обратно,

-ул. Свети Кирил и Методиј кон бул. Водњанска,

-бул. 8ми Септември кон бул. Илинден,

-бул. Свети Климент Охридски кон бул. Водањанска,

-бул. Митрополит Теодосиј Гологанов кон населба Козле,

-бул.3та Македонска бригада кон ул. Пролет,

-ул. Пролет кон ул. 11 Октомври,

-бул. Илинден кон Карпош,

-мост Близнак  кон бул. АСНОМ и обратно,

-бул. Киро Глигоров  кон населба Автокоманда и обратно,

-ул. Перо Наков кон к-ца со бул. Киро Глигоров.

Се уште нема објаснување од надлежните органи и институции што беше причина за сообраќајниот хаос што го зафати Скопје.