Над 100 пријавени е-трговци за „Ecommerce Awards 2022“, рокот за пријавување истекува во петок


  Годинава по втор пат се организира изборот за најдобрите во е-трговијата „Ecommerce Awards 2022“ преку кој ќе бидат наградени и препознаени најдобрите македонски е-трговци за 2022 година. Покрај препознавање на успешната работа на е-трговците, целта на овој избор е поттикнување и унапредување на растот и развојот на македонската е-трговија во целина, соопштија од македонската […]

Мајами постави рекорд во НБА (видео)


Кошаркарите на Мајами хит поставија нов рекорд во НБА лигата со погодени 40 од 40 слободни фрлања во победата од 112:111 ноќеска против Оклахома. Рекордот претходно го држеше Јута, која реализираше 39 од 39 против Портланд на 7 декември 1982 година. Лидерот на „жешките“ Џими Батлер шутираше 23 од 23 од линијата. Ова е повторување на […]

Шоле пристигна во Владата на средба со Ковачевски


Советникот на Стејт департментот Дерек Шоле утрово пристигна во Скопје, каде што беше пречекан пред платото на Владата од премиерот Димитар Ковачевски. Шоле и Ковачевски ќе разговараат за повеќе прашања, меѓу кои енергетиката, економијата и борбата против корупцијата. Целта на посетата на Шоле на Западен Балкан, како што претходно соопшти Стејт департментот, е да ја нагласи […]

Голема огнена топка над Велика Британија (Видео)


  Голема огнена топка, многумина остави во чудо откако осветли делови од ноќното небо над Велика Британија. Метеор синоќа беше забележан над Велика Британија, а воодушевени набљудувачи веднаш почнаа да споделуваат снимки од своите мобилни телефони и безбедносни камери на социјалните мрежи. Луѓето, по пролетувањето почнаа масовнод а споделуваат снимки, а најголемиот дел доаѓаат од […]

„Фу фајтерс“ продолжуваат без починатиот Тејлор Хокинс


САД – Американскиот рок-бенд „Фу фајтерс“ ги најави своите следни настапи, без трагично починатиот тапанар Тејлор Хокинс минатата година, јави Би-би-си. Составот, предводен од Дејв Грол, ќе свири на три американски фестивали ова лето – „Бостон колинг“ (Boston Calling) и „Соник темпл“ (Sonic Temple) во мај, а потоа и „Бонару“ (Bonnaroo) во јуни. И во […]

Советот на Општина Аеродром донесе одлука за издавање зелена обврзница


Советот на Општина Аеродром на вчерашната седница донесе одлука за издавање на „Зелена обврзница“ во чии рамки ќе бидат финансирани капитални инвестиции, зелени и енергетски ефикасни објекти кои ќе треба да го подобрат и унапредат живеењето во Аеродром. Зелената обврзница преставува инвестиција во нови проекти во делот на урбанизмот, образованието и социјалната заштита. Инвестициите во […]

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка – најмногу дожд во Крива Паланка


Најстудено утрово било на Попова Шапка каде се измерени -5 степени. По него следуваат и Берово и Крушево со -3 степени, -2 степени во Прилеп, Маврови Анови, -1 степен во Охрид, Претор, Битола, 0 степени се измерени во Крива Паланка, Тетово, 1 степен во Скопје-Петровец, Демир Капија, Виница, Дебар, 2 степени во Скопје-Зајчев Рид, Штип, […]

11 јануари во историјата – Објавена врската меѓу пушењето и ракот на белите дробови


  Американскиот главен хирург генерал Лутер Тери знаеше дека неговиот извештај е бомба. Тој намерно избра да го објави на 11 јануари 1964 година, сабота, за да ги ограничи неговите непосредни ефекти на берзата. Токму на овој датум, во име на Владата на САД, Тери објави дефинитивна врска помеѓу пушењето и ракот. Врската долго време […]

Руската паравоена формација „Вагнер“ тврди дека го зазеле Соледар


Шефот на руската платеничка група Вагнер, Евгениј Пригожин, тврди дека неговите борци ја презеле контролата врз Соледар во Украина по интензивните борби. Според него, продолжуваат да се водат улични борби. „Бројот на заробеници ќе биде објавен утре“, се вели во соопштението на Пригожин објавено на веб-страницата на неговата компанија Конкорд. Соледар се наоѓа во самопрогласената […]

(Видео) Напад со нож во Париз, повредени шестмина


Најмалку шест лица се повредени утринава во Париз во нападот со нож на железничката станица  Гар ду Норд, јави француската телевизија БФМ. Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин на Твитер објави дека „едно лице повредилo неколкумина на железничката станица Гаре ду Норд во Париз“. Тој додаде дека тоа лице било „неутрализирано“ од полициските сили. […]

Газираните сокови придонесуваат за ќелавост кај мажите


Кина – На сѐ поголем број мажи им опаѓа косата, покажуваат новите истражувања. Меѓутоа, наводите посочуваат и дека прекумерното консумирање засладени пијалоци е поврзано со машката ќелавост. Наодите се на научници од Универзитетот Цингхуа во Пекинг и нивните наводи велат дека ќелавоста е речиси 30 пати почеста кај мажите кои пијат по еден газиран пијалак, […]

Бајден: Изненаден сум поради доверливите документи


Мексико – Претседателот на САД Џо Бајден изјави дека не е запознат со содржината на доверливите документи од времето кога тој беше потпретседател, пронајдени во една од канцелариите што во меѓувреме ги користел. „Бев информиран за откритието и бев изненаден кога дознав дека владините документи се однесени во оваа канцеларија. Но, не знам што има во […]

Улогата на диригент ѝ донесе „Златен глобус“-  Кејт Бланшет се изедначи со Бергман, Фонда  и Стрип


САД– И Златен глобус за најдобра женска улога во филм – драма оди за… Кејт Бланшет за Tár. Во вторникот, за време на 80-тото доделување на наградите на Здружението за странски печат на Холивуд, 53-годишната актерка ги победи Оливија Колман (Империја на светлината), Виола Дејвис (Кралот на жената), Ана де Армас (Русокоса) и Мишел Вилијамс […]

Избор песни од Стефан Марковски објавени во естонското списание „Академија“


Песни од македонскиот писател Стефан Марковски се објавени во првиот број за 2023 година од естонското списание за литература, наука, историја, култура и филозофија „Академија“ (Akadeemia), кое излегува на месечно ниво во универзитетскиот центар Тарту. Песните кои се извадок од објавеното творештво на Марковски се препеани на естонски јазик од Јури Талвет, емеритус професор по […]

Костадиновска-Стојчевска: Синдикатот да биде гласен за своите права, институциите да работат по закон 


Институциите за култура треба да работат според Законот за култура затоа континуирано ќе се вршат инспекциски надзори, ќе се укажува до нив и ако треба ќе се казнува, беше децидна министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во синоќешното гостување во Топ тема на Телма телевизија.  – Правилник за реаудиција треба да има и не е притисок, […]

Златен глобус 2023: Листа на добитници во главните категории


САД – Трагикомедијата „Самовилите на Инишерин“ (The Banshees of Inisherin) и серијата „Основното училиште Абот“ (Abbott Elementary) освоија по три „Златни глобуси“ на доделувањето што се одржа синоќа во Лос Анџелес. Меѓу нивните одличја се и оние за најдобар филм и најдобра серија, соодветно, во делот „Комедија или мјузикл“. Филмот „Самовилите на Инишерин“ го освои и […]

„Елвис“ му го донесе првиот „Златен глобус“ на Остин Батлер


  САД- Новиот крал е крунисан, а ѕвездата на „Елвис“ Остин Батлер ја освои наградата Златен глобус за најдобар актер во филм – драма, синоќа на гала доделувањето во Беверли Хилтон. . Актерот, кој беше првпат номиниран за Златен глобус, се соочи со силна конкуренција во категоријата, во која беа вклучени и Брендан Фрејзер („Кит“), […]

Спилберг славеше на „Златен глобус“- има најдобар филм и е најдобар режисер


САД– Во  „Фабелманови“ ( The Fabelmans) на Стивен Спилберг, млад аспирантен режисер ја користи својата моќна љубов кон медиумот за раскажување приказни за да ја отклучи вистината закопана под темните, скриени тајни кои неговото семејство ги поминало со години обидувајќи се да ги задржи во темнина. Како што рече, беше сосема соодветно филмот што ја слави […]

Украински војници ќе се обучуваат во Оклахома за ракување со „Патриот“


САД – САД ќе обучуваат украински воен персонал во воената база во сојузната држава Оклахома, во јужниот дел на земјата, како да се одржуваат и ракуваат со системите за противвоздушна одбрана „Патриот“, соопштги Пентагон. На крајот на минатата година, САД објавија дека ќе испорачаат такви системи на Украина, што Киев го бара долго време. Обуката на […]

Сообраќајот тековно по влажни коловози


СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни  коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување […]