Избор песни од Стефан Марковски објавени во естонското списание „Академија“


Песни од македонскиот писател Стефан Марковски се објавени во првиот број за 2023 година од естонското списание за литература, наука, историја, култура и филозофија „Академија“ (Akadeemia), кое излегува на месечно ниво во универзитетскиот центар Тарту.

Песните кои се извадок од објавеното творештво на Марковски се препеани на естонски јазик од Јури Талвет, емеритус професор по компаративна книжевност на Универзитетот во Тарту.

Списанието „Академија“ излегува од 1989-та година во издание на естонскиот весник „Сирп“. Од 1990-та година се објавува како месечник.

Претходник на сегашното е истоименото списание на студентски друштва кое излегувало во Тарту од 1937 до 1940 година, во чија редакција учествувале познатите естонски интелектуалци и академици Ханс Круус и Алфред Коорт, како и естонскиот државник Антс Пиип (1920-1921).

Содржината на првиот број за 2023 година од списанието е достапна на веб-сајтот: https://www.akad.ee/2022/12/23/akadeemia-nr-1-2023/