Фиоката – најсигурно место за случајот на Мијалков во Апелација


  Неоправдано долго, девет месеци, го чувал предметот за случајот „Таргет-Тврдина“ судијата известител во Апелацискиот суд, Енвер Беџети, а во меѓувреме решавал други предмети што му биле доверени. До вакво заклучок дошла работната група на Судскиот совет која беше формирана за да го проучи постапувањето на апелациските судии по контроверзната одлука за укинување на пресудата […]

Изјави на Ковачевски, Николовски и Бектеши по посетата на „Пекабеско“ (видео)


Проследете ги изјавите на премиерот Димитар Ковачевски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и министерот за економија Крешник Бектеши кои се во посета на компанијата „Пекабеско“.

„Кристал 1923“ инвестира во современа, поеколошка опрема со поддршка на ЕБОР И ЕУ


  Со растечките цени на енергијата и останатите предизвици, светските пазари и ланците на снабдување, насекаде ги поттикнуваат деловните ентитети да размислуваат како да ја зголемат продуктивноста и да ги намалат трошоците за електрична енергија. Во Северна Македонија, една од многуте компании кои решија да инвестираат во енергетска ефикасност е „Кристал 1923“, компанија со долгогодишна […]

Конгресот ќе истражи зошто доверливи документи биле пронајдени во приватна канцеларија на Бајден


  Конгресна комисија соопшти дека ќе истражи зошто документите означени како доверливи биле пронајдени во поранешната приватна канцеларија на американскиот претседател Џо Бајден во невладина организација во Вашингтон. Новиот републикански претседател на Комитетот за надзор на владини агенции Џејмс Комер изјави дека телото е „загрижено што претседателот Бајден компромитирал разузнавачки извори“. Документите, откриени во „Пен […]

Општина Аеродром ја санкционираше фирмата што ги остави жителите на Џевахир без струја


  Општина Аеродром изрече парична казна за фирмата која е задолжена за одржување на кулите „Џевахир Скај Сити“, откако пред околу еден месец ги остави станарите без електрична енергија во заедничките делови на кулите А и Б од овој комплекс, соопштија од Општината. Од таму посочуваат дека инспекторот за домување извршил вонреден надзор при што […]

Украдени кабел за регулирање на железничкиот сообраќај и кабел за сигнализација, материјалната штета околу 25 илјади евра


  Просторен кабел кој служи за регулирање на железничкиот сообраќај и СТ кабел за сигнализација и телефонија во должина од 300 метри се украдени на потегот од Маџари кон Скопје. Од Македонски железници за МИА изјавија дека е причинета голема материјална штета од околу 25 илјади евра и дека со кражбата на просторниот кабел се […]

Погрешна тревога – на Даравелски не му застарела казната


  По вчерашната тревога во одредени медиуми оти избеганиот поранешен директор  на Царинската управа, Драган Даравелски, се вратил во Македонија затоа што му застарела затворската казна, денеска се спушти таа тензија затоа што озлогласениот кумановец сепак останува во затвор. Основниот суд во Куманово пресмета дека на Даравелски не му е застарено извршувањето на казната, што […]

Соларни фотоволтаични системи ќе добијат 25 училишта со европски грант


  Министерството за образование и наука ќе ја подобрува енергетската ефикасност на основните и средните училиштата со инсталирање соларни фотоволтаични системи. Проектот ќе се реализира со грант од 1,1 милион евра обезбеден од Банката за развој на Советот на Европа. По одобрувањето на грантот, ресорниот министер Јетон Шаќири истакна дека МОН ги реализира заложбите за […]

Светска банка ја намали прогнозата за раст на македонската економија за оваа и за наредната година


Светска банка ја намали прогнозата за раст на домашниот бруто-производ на Македонија за оваа година за 0,7 процентни поени во однос на јунските проекции, на 2,4 отсто, покажува најновиот, јануарски, извештај на банката „Глобални економски изгледи“, објавен вчера. Намалени се и прогнозите за наредната 2024 година за 0,5 процентни поени на 2,7 отсто, стои во […]

Златен глобус 2023 : Црвен килим и висока мода (галерија)


САД– Холивуд се врати на црвениот килим во гламурозно издание на 80. „Златни глобуси“ синоќа во Лос Анџелес, со успешни и понеуспешни креации од високата мода. Некои ѕвезди разочараа со изборот, некои изненадија.  Како се облекоа ѕвездите на првиот гала настан кој ја отвара сезоната на филмски награди?   

Поранешниот грчки крал Константин ќе биде погребан како приватен граѓанин


  Поранешниот грчки крал Константин, кој почина вчера на 83-годишна возраст, ќе биде погребан како приватен граѓанин на имотот Татои крај Атина, кој некогаш беше сопственост на кралското семејство, а денес стои запуштен. Таму се погребани многу личности од грчката кралска лоза, како и други европски благородници. Таква одлука беше донесена на состанокот одржан во […]

Сите жени го сакаат Бред Пит ама тој се фотографираше само со Тарантино


САД- Засекогаш холивудски срцекршач! Бред Пит привлече најмногу внимание синоќа на Златните глобуси – но тој избегнуваше да се фотографира на црвениот килим. 59-годишниот актер беше забележан во Беверли Хилтон во Лос Анџелес во вторникот, 10 јануари, како седи во близина на актерката од „Вавилон“  Марго Роби за време на доделувањето на наградите. Во еден […]

Шест знаци дека ви е судено да бидете со некоја личност


Постојат специфични сигнали кои покажуваат дека сте предодредени еден за друг – еве кои се 6-те најдоминантни: 1. Ги кажувате истите работи за иднината. – На пример, сонувате за удобна куќа надвор од градот, мала градина и големо пријателско куче, а истото го сака и вашиот партнер. Изненадувачки, размислувате во иста насока и ја гледате […]

Зеленски со порака за надеж на „Златните глобуси“: Нема да има трета светска војна


Украинскиот претседател Володимир Зеленски се појави во видеопорака за време на телевизиското шоу на „Златните глобуси“ за да им се заблагодари на своите сојузници во слободниот свет. Американскиот актер Шон Пен го претстави украинскиот комичар, кој стана политичар. Оскаровецот претходно се сретна со Зеленски во Киев и му ја подари својата статуетка „Оскар“ барајќи од […]

На лондонскиот аеродром „Хитроу“ е пронајден метал загаден со ураниум


  Полицијата отвори истрага откако на лондонскиот аеродром „Хитроу“ беше пронајден метал загаден со ураниум, јави денеска Би-Би-Си. Службениците на Контратерористичката команда одговорија на безбедносното предупредување во „Хитроу“ што беше активирано на 29 декември. Весникот „Сан“, кој прв ја објави веста, наведува дека ураниумот дошол од Пакистан во пратка старо железо. Од полицијата за Би-Би-Си […]

Кој ќе ги стави Бугарите во Уставот – СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ?


Македонските Бугари секако ќе влезат во Уставот, како и сите делови од народи кои живеат во Македонија. Прашањето не е дали тоа ќе се случи, туку кога ќе се случи. За време на владата на СДСМ, или на ВМРО-ДПМНЕ, или пак двете политички партии заедно со своите коалициски партнери тоа ќе го направат што побрзо, […]

Еди Марфи доби награда за животно дело, па се пошегува со Вил Смит


САД– Глумецот-комичар Еди Марфи, на доделувањето на „Златните глобуси“, го прими спацијалното одличје „Сесил Б. Демил“ за животно дело… И, во својот говор по тој повод, тој советуваше: Не кажувај го името на сопругата на Вил Смит! Со својата шега, Еди Марфи алудираше на минатогодишното доделување на „Оскарите“ кога по шегата за Џејда Пинкет-Смит, доделувачот […]

РЕК „Битола“ работи со полн капацитет, и Блок 3 ставен во функција


Блок 3 на РЕК „Битола“ е ставен во функција, соопшти „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ). Како што посочуваат од ЕСМ, вчера попладне, во 17:35 часот блокот е синхронизиран со македонскиот електроенергетски систем и испорачува електрична енергија. „Монтажата на новиот трансформатор на блокот заврши успешно, но стручни лица од РЕК ‘Битола’ и од производителот будно ја […]

Спасовски: Хеликоптерската единица за полициски намени опремена со три хеликоптери „Бел“


  Во 2022 година Одделот за воздухопловни единици има реализирано значителен број летови од страна на Хеликоптерска единица за полициски намени, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил. – Потраги и спасување по исчезнати лица 36 летови, транспорт на болни до медицински установи пет летови, противпожарни летови 230, објави Спасовски. За […]

Франција и Полска го отвораат 28. Светско ракометно првенство


  Со натпреварот меѓу ко-домаќинот Полска и Франција вечер во Катовице со почеток во 21 часот ќе стартува 28-от ракометен Мундијал. Покрај Полска ко-домаќин на првенството кое ќе трае до 29 јануари ќе биде и Шведска. Натпреварите ќе се играат во девет градови: (четири во Полска и пет во Шведска): Краков, Гдањск, Катовице, Плок, Стокхолм, […]