Голема огнена топка над Велика Британија (Видео)


 

Голема огнена топка, многумина остави во чудо откако осветли делови од ноќното небо над Велика Британија.

Метеор синоќа беше забележан над Велика Британија, а воодушевени набљудувачи веднаш почнаа да споделуваат снимки од своите мобилни телефони и безбедносни камери на социјалните мрежи.

Луѓето, по пролетувањето почнаа масовнод а споделуваат снимки, а најголемиот дел доаѓаат од Лондон, Хартфордшир и Вулверхемптон, каде огнената топка на темното нео беше највоочлива, пренесе „Гардијан“.

„Во тој момент го исклучив компјутерот и погледнав низ прозорецот. Беше совршен момент. Воопшто не изгледаше како ѕвезда што паѓа кои сум ги гледала порано. Оваа делуваше навистина блиску“, велие дна жена која направила и снимка.

„Изгледаше огромно. о портокалова боја, со пламен што зад неа се влече како опашка“, додава.

Снимки пристигнуваат од целата земја, а многумина тврдат дека се работи за една од најголемите огнени топки што ги виделе во животот.

Што се метеори?

Метеори се парчиња карпи од вселената кои влегуваат во земјината атмосфера со брзина од околу 70 км во секунда.

Во Велика Британија се распоредени околу 186 кламери кои детектираат метеори на небото и праѓаат податоци во Глобалната метеорска мрежа. Камерите лани забележаа 1.614.338 метеори, но ни еден не бил толку јасен како вој, пренесе „Индепендант“.