Поранешниот финансиски директор на организацијата на Трамп осуден на пет месеци затвор за даночна измама


САД – Поранешниот финансиски директор на организацијата на Доналд Трамп, Алан Вајсалберг, е осуден на пет месеци затвор поради даночна измама. Тој ќе мора да плати и парична казна од над 2 милиони долари.

Вајсалберг се изјасни за виновен по 15 точки од обвинението за даночна измама што вклучува 1,76 милиони долари непријавен приход од 2005 до 2021 година.