Принцот Хари како Хари Потер


Англија – Контроверзните мемоари на принцот Хари станаа најбрзо продаваната британска книга, од 1998 година досега, поточно откако се водат записи за тоа, објави ДПА. Книгата го собори претходниот рекорд од 210.506 продадени примероци поставен од првата книга за готвење од серијата „Pinch of Yum Yum“, од Кеј Алисон во 2019 година. Според интернет-страната „Нелсен букдејта“, […]

Семејството на новата сопруга на Канје Вест го прекина молкот по венчавката


САД- Канје Вест наводно е штотуку оженет маж, а сега семејството на неговата невеста проговори за венчавката. Минатата недела почнаа да се вртат извештаи дека раперот и милионер приватно се венчал со архитектонската дизајнерка на Yeezy, Бјанка Ценсори. Иако парот не поднел легален сертификат за брак за да го официјализира,тие одржале приватна церемонија за размена […]

Ковачевски не се плаши од тврдењата за можен пуч во СДСМ


Премиерот Димитар Ковачевски не се плаши од  бомбастично најавениот политички пуч во некои медиуми, што наводно го подготвува неговиот претходник, поранешниот премиер Зоран заев. Одговарајќи на новинарско прашање дали се плаши дека му се подготвува туркање од позициите што ги има, Ковачевски кажа дека тоа е демантирано и од самиот Заев, додека во СДСМ, одлуките […]

Цените во земјоделството во ЕУ во 2022 – најмногу поскапеле три производи


Првите проценки на Европскиот завод за статистика, Eurostat покажуваат дека индексите на цените на земјоделските производи за 2022 година се значително повисоки од 2021 година, за речиси сите главни категории на производи, како и за клучните земјоделски инпути. Линк до целиот текст тука

Ковачевски: Кој е за европскиот концепт, сега е време да се приклучи


  Премиерот Димитар Ковачевски денеска повика на единство за членство во Европската унија, додавајќи дека во ЕУ имаме пријатели и имаме сојузници и поддршка за забрзување на преговорите, така што сега сѐ е во наши раце. На заедничка прес-конференција со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, премиерот рече дека некои одлуки треба да се донесат […]

Украинскиот министер за внатрешни работи загина во хеликоптерска несреќа (видео)


  16 лица загинаа во хеликоптерска несреќа во градот Бровари, Киевската област, меѓу кои и министерот за внатрешни работи Денис Монастирски. Уште 29 лица се повредени, изјави шефот на регионалната администрација Алексеј Кулеба. Меѓу загинатите има три деца, а 15 други се повредени. Во хеликоптерот имало девет лица и сите се мртви, соопшти полицијата. Меѓу […]

Франција го отвора европскиот пат за македонската винска индустрија


Потпретседателот на Сојузот на стопански комори (ССК) за надворешни односи и претседател на Туристичко-угостителската комора Аркан Керим реализира посета на познатиот вински регион Болен, Јужна Франција како гостин на винаријата „Шато де Гурдон“ чиј сопственик е македонската винарија „Тиквеш“. Директорот на „Тиквеш“ Светозар Јаневски и Керим остварија повеќе значајни  средба меѓу кои и со градоначалникот […]

Влезница за дуелот меѓу Роналдо и Меси продадена за 2.6 милиона долари


Саудиска Арабија– Саудискиот мултимилијардер Мушреф ал – Гамди плати на хуманитарна аукција 2.6 милиони долари за ВИП влезница за утрешниот ревијален натпревар во Ријад на кој ќе настапат Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Португалецот Роналдо ќе го предводи тимот составен од играчи од саудиските прволигаши Ал Наср и Ал Хилал во хуманитарен натпревар против францускиот […]

Синт Мартен во Карибите одобри план за уништување на целата популација верветни мајмуни


  Владата на Синт Мартен на источниот дел на Карибите го одобри контроверзниот план за уништување на целата нејзина популација верветни мајмуни, бидејќи ширењето на инвазивниот вид станува сè поголема непријатност на територијата на холандскиот остров. Властите ќе ја финансираат невладината организација Nature Foundation St Maarten за фаќање и еутаназирање на најмалку 450 мајмуни во […]

Македонска уметница победи на глобалниот ликовен конкурс на ФАО по повод Светскиот ден на храната


Светскиот ден на храната ја инспирираше Михаела Стојменовиќ, 17-годишна ученичка од Скопје да ја прикаже важноста на работата на малите земјоделци кои се грижат нашите земјоделски системи да ни обезбедат разновидна храна. Михаела ја освои првата награда на глобалниот натпревар на ФАО по повод Светскиот ден на храната 2022 година, во возрасна категорија од 16 до […]

Арсовска го разреши директорот на МКЦ, Богоев, од утре ќе управува дипломиран детектив


Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска го разреши в.д. директорот на Младинскиот културен центар, Ванчо Богоев, кој на директорската фотелја седна пред една година, веднаш откако Арсовска стапи на функцијата. Денеска, Град Скопје појасни дека не е назначен нов директор на оваа кулрна установа, но тоа ќе се направи откако ќе бидат разгледани биографиите за […]

Утре дожд, од петок заладување и врнежи од снег


УХМР за утре најавува дожд, особено попладне и во ноќните часови кога врнежите локално ќе бидат поројни, над 30 литри на метар квадратен и на места проследени со грмежи. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе продолжи да дува дува засилен до повремено силен јужен ветер од над 70 километри на час, но […]

Гитарскиот виртуоз Стив Вај со свој прв концерт во Македонија на СРЦ „Кале“


Гитарскиот виртуоз Стив Вај ќе го има својот прв концерт во Македонија. „Авалон продукција“ објави дека 62-годишниот американски гитарист ќе настапи во СРЦ „Кале“ во Скопје на 26 април во рамките на европската турнеја на која ќе го промовира својот нов албум „Inviolate“. Вај важи за еден од најспектакуларните рок и хеви метал гитаристи. Кариерата […]

Ковачевски им се извини на Телма и Алфа, посакувајќи да бидат растоварени од политички и други влијанија


  На новинарско прашање дали ќе им се извини на телевизиите Алфа и Телма откако деновиве ги осочи како една телевизија која работи како партиски штаб и една телевизија која како да е трговец со енергенси, премиерот Димитар Ковачевски денеска рече дека ако некој се препознал и ако некој има потреба од извинување – го […]

Зошто Грејсленд, каде живееше и почина Елвис Присли, е втор најпосетуван дом во Америка? 


САД- Поминаа 41 годинa откако палатата Грејсленд во Мемфис, за прв пат ги отвори вратите за јавноста, означувајќи им на низата љубопитни посетители дека можат да ѕирнат во приватноста на домот на рок легендата Елвис Присли. И покрај изминатите четири децении, неверојатно, немаше осека во постојаниот проток на љубопитни туристи. Луѓето сè уште лудуваат по […]

Руската амбасада го обвини Османи дека ја прифатил „пропагандата на Киев“


  Уште речиси непочната годината на претседавањето на Македонија со ОБСЕ и по посетата на министерот Бујар Османи на Киев, стигнаа руските забелешки преку нивната амбасада во Скопје. Во објавата на Телеграм од руската амбасада напишаа: „Претседавачот со ОБСЕ, Бујар Османи, вчера во Украина шпекулираше за ‘жртви на руската агресија’, прифаќајќи ја пропагандата на режимот […]

Концептот на законот за данок на екстра профит е подготвен, ќе се усогласува со стопанските комори


Концептот на законот за данок на екстра профит е подготвен но, како што денеска изјави премиерот Димитар Ковачевски, нема да биде пуштен се додека не биде усогласен со стопанските комори. Ковачевски нагласи дека законот нема да биде наметнат, туку ќе се усогласува со коморите затоа што идејата е да биде закон за социјален придонес на […]

Тодор Анѓушев: треба да се градат електрани од различни обновливи извори, наместо само фотоволтаични


Северна Македонија треба да гради што повеќе електрани од обновливи извори на енергија, но тоа да бидат различни извори, наместо само фотоволтаични електрани како што е состојбата во моментот, изјави Тодор Анѓушев, претседател на Групацијата на обновливи извори на енергија при Македонската енергетска асоцијација (МЕА) во Стопанската комората. На конференцијата на комората, насловена „Економски предизвици во […]

Охрид празнично украсен за Водици, паркингот бесплатен


Градското пристаниште во Охрид од каде утре ќе бидат осветени водите на Охридското Езеро и ќе биде положен светиот крст и центарот на градот се празнично украсени во пресрет на Богојавление – Водици. Градоначалникот Кирил Пецаков информира дека се поставени и метални огради за безбедно движење на верниците кај пристаништето. – Јавната чистота е на […]

Надал е „ментално уништен“ по поразот на Австралија опен, и поради играта и од повредата


  Рафаел Надал се врати на Отвореното првенство на Австралија оваа година во средината на еден од најслабите периоди на форма во неговата кариера, додека беше во трка со времето за да најде доверба и чувство против ривалите решени да искористат ретка можност против ранливиот шампион. И покрај неговите максимални напори да одговори на предизвикот, […]