Почина сестра Андре, најстарата жена на светот


  Во францускиот град Тулон, во дом за пензионери, во сон почина 118-годишната чесна сестра Андре, најстариот човек на светот, потврдено е за Ројтерс. Од април 2022 година, Лусил Рандон или позната како сестра Андре, беше призната за најстара личност на светот и тоа по смртта на Јапонката Кана Танаке. Сестра Андре е родена на […]

Зголемен водостојот на Преспанското Езеро


 За еден сантиметар е зголемен водостојот на Преспанското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Сепак, и покрај тоа, водостојот на Преспанското Езеро е за 1,83 метри понизок од просекот за јануари. Пониско од просечното и […]

Анкета: Нова демократија во предност од 6,9 отсто пред СИРИЗА


Грчката владејачка партија Нова демократија со 6,9 отсто е во предност пред опозициската СИРИЗА, согласно резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Alco“ за грчката телевизија „Алфа“, објавија медиумите во Грција. Поконкрето, НД добива 31 процент, СИРИЗА 24,1 отсто, а потоа следат ПАСОК-Движење на промена, Комунистичката партија, Грчко решение и МЕРА25. На прашањето […]

(Видео) Ковачевски и Маричиќ за скрининг процесот за ЕУ интеграциите


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ со прес-конференција за текот на скрининг процесот за ЕУ интеграции.   Скринингот е формална и техничка операција што ја врши Европската комисија, со цел да се подготват преговорите за членство и претставува аналитичка презентација на правото […]

Сопругот на Србинката која исчезна во САД обвинет за нејзиното убиство, ја фрлил во инсенератор


Брајан Волш е обвинет за убиството на неговата сопруга Ана Волш, која исчезна на 1 јануари 2023 година, пишуваат српските медиуми. Тој треба да се појави пред судот во Квинс, Њујорк во среда за да се изјасни за обвиненијата. На рочиштето минатата недела тој негираше дека е вмешан во исчезнувањето на неговата сопруга Ана, по […]

За 40 милиони долари: Бред Пит  го продава домот во Лос Анџелес во кој живееше со Џоли и нивните деца


САД- Бред Пит сака да се ослободи од имотот во Лос Анџелес што го поседува речиси 30 години. Ѕвездата од Вавилон (59) тивко го навела обемниот имот лоциран во населбата Лос Фелиз за околу 40 милиони долари, потврди извор за недвижнини за PEOPLE. Пит ја купи кучата од ѕвездата „Љубовница на темните“, Касандра Петерсон во […]

НАкС бара стопирање на постапката за донесување на законот за плати во јавниот сектор


 Независниот академски синдикат (НАкС) смета дека Владата се обидува „низ мала врата да протне законско решение“ за платите на сите вработени во јавниот сектор. Синдикатот соопшти дека се согласува со потребата  од донесување системски и кохерентен закон со кој би се дефинирала методологијата и постапката за формирање на платите, но дека законот треба да се […]

Геодетска комора: Директорот на АКН да го исполни јавното ветување за одржување состанок


За унапредување на геодетската дејност и статусот на геодетските друштва  неопходно е да се воспостави соработка со Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) и заеднички да креираме решенија за многу отворени прашања од областа на геодезијата кои ги  доведуваат на раб на опстанок деловните субјекти од овој сектор, истакнуваат од Комората на геодетски друштва за […]

„Втора шанса“ за завршување на средно стручно образование


Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија ги повикува сите невработени лица да го дооформат своето средно стручно образование преку најновата пилот програма „Втора шанса“. Програмата се спроведува во рамки на ИПА проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“, финансиран од Европската Унија, спроведуван од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија. Преку […]

Најрана елиминација на Надал на Австралија опен од 2016 година


Австралија– Бранителот на трофејот и рекордер според бројот на освоени грен – слем турнири, Шпанецот Рафаел Надал, претрпе пораз денеска во 2. коло на Австралија опен од американскиот тенисер Мекензи Мекдоналд со 4-6, 4-6, 5-7. Надал се повреди во завршницата на вториот сет по што побара лекарска помош. Во продолжение на дуелот имаше проблеми со движењето, но […]

Марго Роби со магичен фустан на Версаче на премиерата на „Вавилон“ во Сиднеј


Австралија– Како божица! Марго Роби беше визија во Версаче на премиерата на Вавилон во нејзината родна Австралија. За настанот на црвениот тепих во Сиднеј ги заслепуваше фотографите во корсет фустан со бебешко сина нијанса од италијанската модна куќа. Тоалетата имаше сатенска силуета која го обвиткуваше нешно телото и вкрстени ремени кои беа украсени со легендарниот […]

Мафијашкиот „дон“ Матео Месина Денаро е префрлен во затвор со со максимална сигурност


Италија – Шефот на италијанската мафија Матео Месина Денаро, кој беше уапсен во понеделникот по 30 години бегство, е префрлен во затвор со максимална безбедност во централната провинција Аквила. Италијанската државна агенција АНСА соопшти дека објектот е опремен за строг затворски режим, попознат како „41-бис“, на кој се подложени осуденици од мафија. Според италијанскиот закон, затворскиот […]

„Манескин“ ја освои Америка- на ред е „Греми“


САД- По победата во 2021 на Евросонг во Ротердам со  Zitti E Buoni , Манескин можеби не изгледаше како очигледен кандидат да стане мејнстрим американска суперѕвезда. Но, тоа е токму она што се случи, наспроти сите предвидувања. По триумфот на Евросонг, а во 2021 ја имаа втората најуспешна песна на TikTok  со нивната бурна обвивка […]

Сменети директорите на „Водовод“ и ЗОО, Мазнева продолжува во „Комунална хигиена“


По завршување на мандатот за кој беа назначени в.д. директорите на ЈП „Водовод и Канализација“, МКЦ и Зоолошката градина, градот Скопје назначи нови директори со значителено работно и раководно искуство. За нов директор на ЈП „Водовод и канализација“ е назначен Драган Илиевски кој е машински инженер со повеќе од 20 години работно искуство. Досегашниот директор […]

Арсовска поднесе кривична за „Титан Усје“ за загадување


Денес градот Скопје ја поднесе најавената кривична пријава против цементарницата „Титан Усје“ во која одговорност освен од правното, се бара и од одговорното лице – Борис Хрисафов, кој како надлежен за спроведување на обврските кои произлегуваат од А интегрираната дозвола која ја издава Министерството за животна средина и просторно планирање, не се придржувал кон истите […]

Најмногу дожд во Лазарополе, на Попова Шапка 22 сантиметри снег


Во државава изутрина во седум часот не се регистрирани минусни температури, а најстудено со 0 степени е на Попова Шапка, каде има 22 сантиметри снежна покривка. Најмногу дожд изминатото деноноќе наврнало во Лазарополе, 35 литри на метар квадратен, по што следат Пожаране со 33, Маврови Анови со 29,  Попова Шапка со 24… Времето изутрина е […]

Албарес: Шпанија е блиску до договор со Велика Британија за Гибралтар


Шефот на шпанската дипломатија Хозе Мануел Албарес денеска изјави дека Мадрид и Лондон се блиску до договор за конечно решение за статусот на Гибралтар по Брегзит. Статусот на Гибралтар и начинот на следење на нејзината граница со Шпанија се спорни откако Велика Британија гласаше за напуштање на Европската унија во 2016 година, бидејќи полуостровот беше […]

Српскиот антитиоизам е лажен, измислен отпосле


Србите беа многу компатибилни со Тито. Прво, Тито ја обнови Југославија, што беше во интерес на српскиот народ. Второ, се потпираше на Русија, а Србите традиционално се врзани за неа. Потоа создаде голема, моќна армија Во интервјуто за хрватскиот онлајн магазин „Лупига“, направено од Недим Сејдиновиќ во август 2019 година, Латинка Перовиќ ја објаснува технологијата […]

18 јануари во историјата – Во Париз почна мировната конференција по Првата светска војна


  На 18 јануари 1919 година, во Париз, Франција, некои од најмоќните луѓе во светот се состанаа за да ги започнат долгите, комплицирани преговори кои официјално ќе го означат крајот на Првата светска војна. Водачите на победничките сојузнички сили – Франција, Велика Британија, Соединетите Држави и Италија – ќе ги донесат повеќето клучни одлуки во […]

Три години од исчезнувањето на Марија Брзакова


Три години трае потрагата по исчезнатата Марија Брзакова (28) од селото Босилово, а од неа нема ниту трага, ниту глас. Таа исчезна на 18 јануари 2020 година во утринските часови. Истрагата за нејзиното исчезнување ја води Основното јавно обвинителство во Струмица, кое има отворена истражна постапка, но нема нови детали, а истата нема да биде […]